1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протестантските секти и нивните лаги

Дискусија во 'Канта' започната од tajnazelba, 26 септември 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве едно такво чудо:

    [​IMG]
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    :x
    Толку ли е тешко да прифатите дека сите не веруваме во исто?
    Сите не носиме иста гардероба, не пиеме ист пијалок, не сакаме иста храна!
    Е така е и со верата.
    Почитувајте го правото на другиот да си верува во она што за него е најдобро.
    Истовремено не ја величите својата вера.
    Не сте достојни, ниту сте елоквентни да го правите тоа.
    Верата е определба, припаѓање,верата е и учење. Но не учење кое секој го стекнува во училиште, туку од баба, пра баба.
    Секој верник треба да има рабирање за луѓето.
    Ако сега мене @EvAngelos ми каже дека протестантската црква е подобра од православната, јас ќе станам протестант? Ама ајде ве молам.
    Или @meckicka ќе успее да го разубеди протестантот дека нашата црква е помоќна? :x

    И што ако Меркел била нудист??? Кого повредила со тоа? Која Божја заповед ја прекршила?
    1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене

    2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи.

    3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог.

    4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог.

    5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата.

    6. Не убивај.

    7. Не прави прељуба.

    8. Не кради.

    9. Не сведочи лажно против својот ближен.

    10. Не пожелувај ништо што е туѓо.

    Најголем грешник е оној кој пропагира вера на улица и кој се обидува да заведе мали деца.
    Еднаш тоа се обидоа да го направат некои ЈС. Кога ќерка ми ми кажа, превземав се што требаше...а очиве да ми ги видеа тие баби што до вчера се молеле во православна црка, а сега деца заведуваат на улица, ќе прекршев едно од Божјите правила. Со една рака ќе ги задавев двете. Евтини, продадени кучки.
     
    На anakonda88, rose60, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos повторно те повикувам да си го повториш ставот дека кадењето било отпосле измислено.Не бегај од лапсузот што го тропна.
    А дека христијаните го наследиле кадењето од старозаветните каде самиот Господ му заповеда на Мојсеј да направи кадилник и редовно да кади имаш од самата библија:

    1. “ Направи и жртвеник за кадење, од дрвото ситим направи го:
    2. должината нека му биде лакот, а ширината лакот, четвороаголен да биде, и два лакта висок; од него нека излегуваат роговите негови;
    3. позлати го со чисто злато огништето негово одозгора, од страните наоколу, и роговите негови; направи му плетен венец и златен наоколку;
    4. под венецот на двата агли негови направи и две алки од чисто злато на обата агла; низ нив проври лостови, за да може да се носи;
    5. лостовите направи ги од дрвото ситим, и позлати ги со злато.
    6. Па стави го спреме завесата, која виси пред ковчегот на сведоштвото, од каде што ќе ти се јавувам тебе.
    7. А Арон нека кади на него со кадиво направено благопријатно; нека кади над него, кога ја приготвува кадилницата.
    8. И кога ќе ги пали Арон кандилата навечер, нека кади над него; нека има постојано кадење пред Господа во поколенијата нивни .
    9. Не принесувај над него никакво друго кадиво, ни жртви, ниту приноси, ни преливање не изливајте над него.
    10. Арон еднаш во годината нека врши очистување над роговите негови; со жртва за очистување на гревовите негови; со жртва за очистување на гревовите нека се врши очистување во поколенијата нивни, зашто тоа е свјатаја пред Господа.”

    34. И му рече Господ на Мојсеја: “Земи благопријатни мириси: стакта, оникс, халан миризлив, и ливан чист, од сите работи во еднакви делови,
    35. и од нив направи кадиво, миро варено, со умешноста на мироварец, чисто и свето.
    36. Па, откако ќе го истолчиш ситно, ставај од него пред откровението во скинијата на сведоштвото, каде што ќе ти се јавувам; тоа нека ви биде голема светост – кадиво.
     
    На HUNK и Rama им се допаѓа ова.
  4. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Вистински верник, секоја чест...

    Па нели си ги видела фини деца, низ трговски што зазборуваат луѓе? Голем дел од нив се странци. Тие се такви уличарски проповедачи. И овој евангелос е најверојатно еден од тие проповедачи. На неколку теми плука по православието, ничим изазван. А сега се љути кога се изнесува прљавиот веш од неговите секти. Искрено, мене не ми е целта да го одвратам него од тоа што верува, тоа е негова работа, меѓутоа мора да се знае кои се тие секти, што проповедаат, и така натаму. Никогаш никому не го прави она што не сакаш тебе да ти го прават.
     
    Последна измена: 26 септември 2016
    На meckicka и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Извини што ќе те цитирам тебе, ама сакам да се надоврзам на горната дискусија и тоа со некој што разумно и трезвено размислува како тебе.
    Независно од тоа колку грешна била Меркел. Сите до еден сме грешни. Тоа што не сме јавни личности и не сме на пик на новинари и камери, тоа воопшто не не прави помалку грешни од јавните личности.
    Сепак земањето поединец од 800 милиони протестанти во светот со цел да се прикаже грешноста на тој поединец и со тоа да се деградираат сите останати верници или нивното верување е исто како јас сега да земам некој од нашиве православни политичари и да ги постирам заедно со разговорите од бомбите :) и да речам ете какви се православните, ете што учи православието. Секако дека тоа не е точно и секако дека нема да се спуштам на тоа ниво на дискусија. Тоа не е ниту логичен заклучок, ниту е разумна и конструктивна дискусија, туку би била селска расправија.

    Искрено, ама најиксрено не мислам дека @tajnazelba во живо дискутира на овој начин. Веројатно ги повредив неговите религиозни чувства со нашите различни ставови и тоа го изнервира и натера да отвори ваква тема. Пријателе, не ми останува ништо друго освен јавно да ти се извинам ако ги повредив твоите религиозни чувства и те изнервирав. Не ми беше тоа намерата, ама сепак се случи. Прости и ќе се потрудам да не се повтори во иднина. Поздрав!
     
    Последна измена: 26 септември 2016
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Не си ти тој/таа кој ќе каже дали сум или не сум верник. Се поистоветуваш со Бог или?
    Прашав која Божја заповед е прекршена?

    А не @EvAngelos , Свети Евангелос на улица да се обиде да ми пропагира и заведува дете, ќе го задавам.
     
    На anakonda88, rose60, meckicka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Како прво, самиот наслов на темата е против правилата и е одма автоматски за клуч.
    Лагите на одредена религија (facepalm) Како бе така си дозволувате туѓа вера, па и само различна гранка од истата ваша вера да навредувате?
    Јас во основно и средно имав соученичка и другарка (тогаш доста блиска ми беше, сеа со факс и обврски поретко сме во контакт) од протестантска вера, мислам дека од истата црква беше како Евангелос.
    Значи девојчето е прекрасна личност, најнормална, дружељубива, ептен смирена. Јас сум била и дома кај нејзе, си беше блиска и комуницираше со многу други што сме православни, па никогаш ни мене, ниту на некој друг ништо не наметнала и не ни проповедала.
    И како за споредба, само најголемите пропалици и bullies онака сомничаво збореа за неа дека е од секта, друг никој не дискриминираше и не му пречеше тоа...
    Кажувам конкретно бидејќи ја приметив темата и само бидејќи знам личен пример, инаку не би пишала... и нема да одговарам на цитати понатака :hai:
    Приберете се малку, го упропастивте форумов со дискриминации и навреди!
     
    На anakonda88, Bender Rodriguez, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Јас не ја земав како пример, дури не ни знаев дека е Меркел Протестантка, туку ми беше посочена како позитивен пример на верник, со татко свештеник.


    Ако ти прости Бог тогаш од мене ти е простено. Можеби погрешно ме перцепираш ама јас не сум воопшто изнервиран, баш сум смирен и смирено водам полемика. Твоето мислење е твое мислење и јас не сакам да го променам, но нема да дозволам да се плука по мојата црква и мојата религија од причина што никој не ја плукал твојата, а сепак ти отвори теми на којшто ја плукаш мојата.
     
    Последна измена: 26 септември 2016
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Кажаа: протестантски верник за пример. Така ми беше посочен од еден член на форумов, а не реков јас, не ми ставај зборови во уста.
     
  10. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Чудно ама не дојде ти да ја браниш мојата религија кога беше нападната во неколку теми наназад? Зошто си мислам дека си еднострана во оваа изјава ?

    А да не зборам за ад хоминем нападите што редовно ги упатуваа кон мене.
     
    На rose60 и Bulgarian им се допаѓа ова.
  11. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Јас до сега не сум го приметил Евангелос да користи ад хоминем кон некој член, ниту да навредува, туку човекот си зборува на темите и тоа со аргументи и директни цитати од Библијата. А од друга страна сум приметил десетици ад хоминем напади кон него, навреди и лажни клевети и етикетирања. Некои се спремни и крстоносна војна да му објават да беше дискусијава во живо.

    Тоа што он отворил тема „Дали Богородица воскреснала?“ или дали треба да се слави и да и се молиме на неа тоа воопшто не е напад кон твојата религија. Колку што е „твоја“ Богородица, толку е и негова, толку е и на католиците и на секој друг христијанин. Ти или некој друг нема авторско право на Исус, Богородица или свети Петар.
    Како што ти мислиш дека е непочитување тоа што луѓето не ја слават и не и се молат, така за него е непочитување кон неа тоа што луѓето ја слават и и се молат. Ти веруваш дека Богородица се радува кога и се молат, тој верува дека плаче кога и се молат на неа, а не на Господ. И ок е да имате различни ставови. И дискусијата дали таа воскреснала не е напад, туку дискусија. Ако некој не е спремен да дискутира со неистомисленици, тогаш форумот Религија или Политика и сл не е место за него/неа.
     
    На Bender Rodriguez, daylight, baba Rada и 3 други им се допаѓа ова.
  12. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Дали некој отвори тема, да каже вакво нешто:
    Загрижен сум за духовната состојба на протестантските секти и дека се повеќе луѓе кои се нарекуваат христијани одбиваат да ги слават светците“...
    Суди за духовната состојба на православието во Македонија? Па кога веќе спомнавме духовна состојба, јас би се осврнал за духовната состојба на 50.000 деноминации во протестанството... Само да потсетам....

    А да не зборам за исмејувањето за исцелувањето од погоре во оваа тема и во таа за богородица. А и вие што го браните не сакате тоа да го видите. Ама реков прееска, ќе речам повторно, ама на вистинскиот начин „Прави им го на другите она што сакаш тие да ти го прават тебе“.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Ај те молам објасни зошто е тоа исмејување?
     
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    @tajnazelba мајка ми е католик ама реформаторска вера..и она ли е секташка??
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Авторитетството отсекогаш имало влијание во оформувањето на ставовите на личноста,посебно ако се наметнува од мали нозе,сакале ние да признаеме или не.
     
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    :^)дај попросто одговори ми те молам, ништо не те сфатив:shake:
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Променете го насловот на темата или ќе оди под клуч! Едно е да искажете мислење за одредена религија дека таа за вас е вистинита или лажна, друго е тоа да го поставите како тема, демек лажна е и готово никако поинаку.

    И одвикнувајте се од употребата на зборот секта. Користете го наместо тоа терминот Верска заедница или Религиозна група.
     
    Последна измена: 26 септември 2016
    На Bender Rodriguez и Херкул им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Како мислиш се исмејувам? Членот @meckicka побара од мене да му наведам некое чудо на излекување на некој болен и јас му наведов. Нема никакво исмејување тука.
     
  19. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Toa cudo se ima sluceno vo nasata pravoslavna vera jas sakam da znam dali ima takvo nesto kaj protestantite gi imam jas videno i najstarite biblii imam jas prijateli i rodnini protestanti i gi pocituvam koj vo sto saka neka si veruva megutoa za mene mojata vera e pravata imam i doma biblija ama realno retko ja citam ednostavno veke nemam takva navika da citam iako imam vreme za citanje
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Тоа е моето сведоштво. Јас сум протестантски христијанин. Ова чудо се случи во нашата христијанска вера. Ниту јас, ниту моите пријатели-христијани не се молеа на света Петка за исцелување, туку се молевме на Господ и само на Господ.

    [​IMG]

    И потоа, откако им го докажав мојот идентитет, ја отстранија иконата од света Петка. А им пратив и продолжение на сведоштвото:
    http://mkd-news.com/zhiv-i-zdrav-i-denes-ova-e-zlatko-patsientot-od-onkologija-kogo-bog-go-izlekuva/

    Ете ја на креветот и Библијата од која што ви пишувам и библиски цитати во постовите :)
    Се надевам дека ова ќе ти биде за поука и охрабрување дека Бог е многу поголем од границите на православната, католичката или протестантската црква.

    Сепак нашата вера не треба да ја темелиме на чуда, туку на Светото Писмо - Библијата. Јас силно те мотивирам да си ја обновиш твојата навика за читање на Библијата и да си направиш план за читање и за 1 месец да го прочиташ Новиот завет (евангелијата, делата на постолите, посланијата итн.) Поздрав пријателке!
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.