Да пишуваме овде за собири, протисти, политички настани, притворени и слично. Да ја оставеме другата тема за донации и новости за повредените. На ФБ денес ми излезе видео каде 5-6 студенти зборат за организација. Ги поврзуваат со "Кој е следен". Има ли некој информација дали овие од Левица се всушност "Кој е следен"? Бидејќи амо цела организација е политичка да не присуствуваме воопшто на собирот. Овој најдесно објаснува дека сите се повредени и во болка бидејќи му умрел некој и се бори за живот и требало тоа да го искористат максимално. Србинкава ги подучува како треба да прават. Spoiler: Левица
Со оглед на тоа што видеото и коментарите во врска со истото се забранети во темата за Кочани ќе искожентирам тука. Згрозена сум од снимкава ама никако изненадена. Заради вакви се задушва секоја иницијатива за системски промени. Нов обид 10 год.подоцна за нова шарена. Протестите се организирани во вторникот, од тогаш е видеото кога сите бевме во бунило дали е можно, уште не се знаеше ни колку жртви има. Лицата коо организираат отворено кажуваат дека се од партија, барем 2ца се од Левица. Најдесно младичот вика треба да се организираме, како најефективно да го искористиме ова. Плавата девојка вика право да смениме идентитет, да бришеме постови. Па вика дај ќе ја вклучиме и Фросина и она беше студент, за да не бидеме провидни. Во продолжеток истата вика на почеток као ќе имаме барања и 3 недели ќе имаме собири па после одиме со блокади. Србинката ги подучува како да ги одат сите чекори а да не ги познаат дека се од партија. Се на се маливе се безосетни искористувачи на трагедија и на грбот на жртвиве без осет се кикотат и планираат како да остварат партиски цели. Во меѓувреме двајца српски државјани спречени да влезат во Македонија и запленети им се транспаренти, а планирале учество во протести. Платени соросоиди. За крај од мене никогаш не се проблем протестите туку целта со која се прави. За пример овој десно се мисли како најефикасно да ја искористи болката на луѓето во своја корист без трошка жал и емпатија. Ако има некој што не го видел целото видео е на фб некој Роберт Милески го има постирано.
Кога рече оваа Доротеа: И Фросина беше студентка, да ја ИСКОРИСТИМЕ и неа!! Два дена од пожарот, а они се договараат како никој да не сфати дека се они зад протестите, како секој ден мирно ќе се собирале, а после ќе полнеле силни протести... Децата уште незакопани, они договориле од Србија обука како да ги искористат децата за протести. Срамно, кои родители се на овие деца, да се забранат од нив. Вака ли ги воспитувале?
Мирни протести маршови и слично треба во Кочани да одиме сите. Понатаму да продолжиме во Скопје. (Нема потреба како денеска на пример во Охрид на врнежливото време да се собираат малку луѓе) Менување на власт не е време. Затоа што: Мое мислење: Поради ова злосторство некој од надвор им нареди (големите светски сили) да се решава што побрзо мито и корупција. Излегувањето моето како поединец, комшијата преку партија, некој друг од нешто друго треба воопшто да не ни биде битно. Треба сите да излеземе. На крај сите имаме иста цел. Едно знам дека никој веќе не верува во политичка партија. Никој веќе не верува во државата. Сите сме докрајчени и уништени како народ. Ова ни е последна шанса да се промени нешто.
За мене е поразително волку млади луѓе а веќе спремни да газат преку убиени деца за да остварат политичка цел. На тие години они се одлучиле да бидат партиски испрдок наместо да уживаат во студирањето и надградување на личноста. Почесно е да одат во било која фирма да се запослат ќе зимаат над 40К отколку да бдеат по партии за едно раб.место. Но веројатно и не им е до вработување, ваквите целат на пратенички места, директори и тендерчиња. Во вторникот веќе имаат состаноци, значи уште во понеделникот се спремале, како во позадина едвај да чекаат некој да умре за да протестираат. Башка едниот е над 30г.не верувам дека е студент, тој е советник од Левица.
Колку е жално и вистинито ова што го читам. Деца на кои не им се учи,деца што така раснат да добијам се што ми треба преку партија. А сеуште неизградени личности. Ама и како ќе се изградат? Ете така сите преку партија.
Извини Мислев на политичка партија. На вас ВМРО ништо не ви бега од очи. Сега ви е време да се докажете.
Така е, по големина сме тука некаде како Латвиа и поголеми од Естониа. Зошто не може да не биде како нив? Таму луѓето живеат ко бубрег во лој. А тука е нормално деца да се напикаат во партија за да цицаат државни и лесни пари. А сонувам за држава каде што нема да се бориме да се сменат Курто и Мурто на власт туку да не знаеме кои се Кутро и Мурто. Толку имам надеж во младиве дека ќе не сменат како општество, и се надевам дека овие од видеово се поединци и исклучоци, зошто не ми идат во глава вакви муабети 2 дена по таква катастрофа.
Ај прати ми линк од целото видео ако најдеш. Ова изделкано е. Друго како заклучивте дека состанокот е од движењево “ кој е следен”?
Студентите се оградуваат од било каква поврзаност со било која политичка партија, го одложија утрешниот собир пред УКИМ се додека не ги дистанцираат сите обиди за политизирање на нивните чесни и искрени намери.
Тоа е за поздрав, собирање за изразување на револт, незадоволство и укажување на грешки на владеачките структури треба и мора да има ! На тој начин народот кој ги избрал лидерите им дава дознаење дека тие работат за народот а доколку не е така народот ќе си донесе некој кој ќе работи за него. И ова е нормална работа во западните земји, мирен протест, е сеа кај нас му жеже оти мислат дека ќе си одат од власт. Нас сега ни треба мирни протести и вршење на притисок врз властодржците за да работат, не ни треба смена на власт и работа пак по ист систем, нов систем ни треба а не нови клошари кои ќе гледаат да искрадат, треба да си се затворат сами меѓу себе кој си биле криминалци и да почнат да работат. Во секој случај за поздрав е чекорот на студентите, и апелирам да секое собирање биде мирно а доколку настанат немири сите да се повлечат и да излезат на протест друг ден.
Од каде е оваа информација?? Напротив, имаат објавено дека се дезинформации и дека собир ќе има! Еден студент да ме прочита што е дел од пленум или некое друго движење, дечки go for it! Значи стварно прекинете да ги етикетирате и да правите теории на заговор за да си лечите несигурност! Не сфаќате дека сега во моментов надеж ни се студентите. (се надоврзав на твое мислење не се однесуваше на тебе конкретно)
Не е, демантираа. На видеото се од НСС и Пленумот кој нема да успее, не ради видеава, уште пред тоа се знаеше. Пишав и прееска, ме избришаа, НСС и Пленумот немаат никаква врска со Кој е следен! Повод на овие да де кренат им даде прекрасната министерка за образование со несмасната изјава во понеделникот. Првично имаа поддршка ама брзо се разоктри дека се веројатно со поддршка на Левица, па експресно ја изгубија поддршката. Еве и денес имаат во 16:30 собир во Градски парк, ама не се споделува тоа пошо немаат поддршка баш. Кој е следен се сосема друго движење, се организираа за Фросина. Немам поима ни кои се, ни што се.
Зошто избришале? Па не левица, сите треба да им дадат поддршка. Кој булшит се исечоциве од видеото… Од авион се гледа кој е таргетот. Студентите се далеку од глупави, се надевам утре ќе имаат успешен собир на уким.
https://netpress.com.mk/2025/03/23/...-koordinirana-strategija-za-destabilizaczija/ Имаше такво лого, а може и да е додадено нахнадно. Позади кој е следен не се знае кој се стои, познат е само Бојан Ефтимов од шарената. Кога тогаш ќе се види позадината дали е искрена, за сега гледам инфомакс тоа што најавува знам дека е оркестрирано. Се надевам на некој искрен пристап и партиите да тргнат раце и од младите и од народот.
Колку е само очаен Богдан. Колку треба да си занесен по партија за да го правиш ова на скала од 1 до Богдан?