Вчера вечер и денес низ целата држава Ромите протестираат, со за мене чудна и апсурдна цел - да им се дозволи возење без возачки дозволи и полицијата да не им ги одзема автомобилите. Протестите избувнаа и беа најмасовни синоќа во Битола и Прилеп кога беа блокирани патниот правец Битола-Ресен и патниот превој Плетвар. Денес се приширија низ целата држава кога протести имаше и во Кичево, Кочани, Штип и други градови низ Македонија, секаде предводени и поддржани единствено од Ромите.