1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протест за продолжување на породилното отсуство

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sesil, 16 септември 2020.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    По одлуката на владата донесена на 14.09.2020, сите мајки кои ја користеа мерката продолжено породилно отсуство, заедно со хронично болните и родителите на деца до шест годишна возраст, неопходно е да се вратат на работа од среда (23.09.2020).

    Oваа одлука предизвика гневни реакции кај мајките кои треба да се вратат на работа за што најавен е протест утре (17.09.2020) кој ќе се одржи пред владата и на кој ќе бидат запазени сите мерки за заштита од Корона вирусот.

    Мајките бараат продолжување на породилното отсуство до грајот на годината, како што првично беше најавено од Комисијата за заразни болести. Истото барање е потпишано од над 3000 мајки преку он-лајн петиција. Тие сметаат дека во време кога градинките работат со половина капацитет заради запазување на протоколите за заштита од вирусот тие не се во можност да ги запишат своите деца во градинка, но и дека градинките немаат доволно капацитет и кадар за згрижување на децата во време на пандемија.

    Од друга страна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска тврди дека беспредметно е останувањето дома на родителите на деца од предучилишна возраст и родилките по отворањето на градинките.
    Таа соопшти дека анализите што ги има направено Министерството за труд и социјална политика до 2 септември, говорат дека има простор за сместување на 19.000 деца, а интерес за сместување пројавиле 14.555. Во градинките уште на самиот почеток имало слободни 4.500 места.
    Таа нагласи дека државата мора да функционира и системот мора да работи, а според процените на здравствените власти, најмалку ризична група се децата и тие треба да се вратат во градинка.

    извори:
    a1on.mk
    novatv.mk

    Потребно ли е продолжување на породилното отсуство. Би изржал ли нашиот систем вакво оптеретување?