Само ако закон за правно признавање за родот се донесе пред други многу побитни закони... Па ќе биде ама едното не го исклучува другото. Еми ајде, нека вклучат и други битни закони што чекаат уште
ама они не сфаќаат како психички тоа ги гаѓа нив и јас сум била жртва на булинг. Многу е тешко чоек мислам најмал проблем им е дали ќе може да се лапаат на улица или држат за рака, коа не знаат дали главата на раменици ќе им остане добро знаеме каков народ сме, за све нешо се решава со насилство, не па вака
Мене искрено најжално од сѐ ми е тоа што црквата кај нас има огромно влијание врз секоја законска проблематика само заради тоа што власта секогаш го дозволува тоа. Некоја партија полесно, некоја потешко, ама на крајот пак ја слушаат црквата. Зошто во други држави црквата не организира протести, не се меша во закони? Таму се помалку верници тие? Не, оти не и дозволуваат дејствување кај не и е местото, затоа.
Брука било. Црквата во 21 век може слободно да си искаже став. Како не треба да ги засега кога и тие се луѓе што живеат во Македонија? Не' засега сите што живееме овде. Не се меша во закони ако излезе јавно и организира протест, тоа е само револт. На крај, од други зависи, не од Црквата дали законот ќе биде донесен или не. Абе нешто многу ви е трн во око Црквава, многу ве пече кога ќе се спомне. И после ние сме мразеле, а обратно е.
Дали разграничувате искажува став и дејствува врз законски процеси? Изгледа не, оти цело време "искажува став" споменувате во темава. Ти искажуваш став, црквата дејствува, во случајов.
Баш тоа ќе велев.... абе дете ќе си отепаат ако црквата рече не треба, само за контра да се некои. Тоа е кога немаш свое мислење и кога мислењето го формираш контра од некој што не ти се допаѓа.. само така, за инает
Оставени се. Тоа што има луѓе кои не ги сакаат, не значи дека Црквата им е крива. Нека дејствува де, ако тоа за тебе е дејствување. Требаше некој да дејствува, само не знам зошто не им текна на политички партии да дејствуваат, изгледа сите се ист шлајм. Ај ако не да ќутиме сите и нека прави власта што сака.
Ќе беше, и јас прашав што бара темава во религија? Као случајно е во религија? Извадете ја од религија, нека оди во општи, политика, ватевр. Ништо не мислам за црква и законот, мислам за законот, црквата ме интересира исто толку колку и коалиција маргини што ме интересира.
Аххх, кој ќе ви гледа гревојте кога еден ден и некој психо за вашите малолетни деца, ќе ви рече:„родителите да одјебат“! Еве, до вчера, родовата дисфорија била ментално пореметување, денес не е. Утре и педофилијата ќе ја избришат од тоа дијагнозите, и ќе стане дел од „сексуалното здравје“. Тој ден не е толку далечен, ми се чини... Еве ги коледарите глобалистички:
Не е психијатриска дијагноза. Ако сака хормони,заради конформирање со родовиот идентитет, треба да му се обезбедат, јер универзално право на здравствена заштита. Не е психијатриска дијагноза, дијагноза од доменот на сексуално здравје е. Страшно е Нена, јер никој овде не збори за геј и сексуална определба, и страшно е колку тврдоглаво не разбираш што е проблемот, оти ако пишуваш во болд, не значи дека разбираш. Разбираш ли ти, што значи да се избрише разликата меѓу пол и род?
Ахам. Каква е патологијата? Што има исхемично, скршено, страно тело, бактериско, вирусно, габично, воспалено, некрозно, неоплазма или хипер/хипо плазија/трофија метаболопатично, дефицит/суфицит и сите остали медицински тракатанци и неисправности во репродуктивните органи? Или здрави се ама не ги прифаќа? Е тогаш е психијатриска, жалам. Ако више сакаат прифаќање од народ, нека не се брукаат со вакви глупости. Сами си пукаат во колено.
И ова. Кога излегуваме на протест, излегуваме за да искажеме револт или со надеж дека ќе имаме влијание нешто да се смени. Или да не се смени. И некогаш ќе испадне да имаме влијание, некогаш никој не не' шиша. Исто е и со Црквава. Никој не ја праша Црквата за мислење пред да донесе закон. Кога ќе ја праша, тогаш речете дека се меша и дека преминува праг на секуларна држава. И требаше да има протест, само МПЦ се најдоа паметни да организираат. Притоа, ги повикуваат сите да се приклучат на тој протест, сите оние кои се против, без разлика на верска припадност или дали се вооошто верници. Ова е сенароден собир. Инаку, за истополови бракови веќе ми е сеедно, нивни проблем, ама ова не. Ова е премногу.
Темава започна во сдк два различни пати, и логично е да отвориме тема за мешањето на МПЦ во закони зашто мислењата беа конкретно за мешањето на МПЦ во закони. За законот за родот сам по себе сите си пишавте во соодветните теми, верувам по нелолку пати, ама ако сакате уште еднаш, не е забрането. Не знам што е потребата да коментираш зошто не можеш да збориш за нешто во тема каде е јасно нагласено дека не е за тоа нешто.
А кај е законов? Она на линкот на воведниот пост ли е? Пошто го отворив и роварев низ тоа да ги најдам скриншотине со член 19-а или како беше. Не можев да најдам. Тоа го најдов во предлог-закон за матична евиденција од април 2021 нешто. Тој не беше воведен колку што знам. Ај некој поупатен да објасни ако сака. За кој закон станува збор сега? Двата ли? Еден?
Да, ова е тоа Лела шо го има прикачено у воведниот пост. Го видов ова. Ама тука не ги гледам тие членови од скриншотите.
Овој закон конкретно во ни една друга тема не е дискутиран, барем не тема за која јас знам дека постои. Има тема за законов настрана од протест на МПЦ?