Ај застани малку и размисли, кој ја воведува културолошките војна и како? Зошто по ѓаволите би доаѓала таква војна од САД и Ук, кога имаат се горенаведено, и сексуално образование, и родово сензитивен јазик, и жена е род? 8ми март- 2019 https://www.dw.com/mk/осми-март-трпението-на-жените-е-на-црвено/a-47823154 Жените се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, поради нивната родова припадност? Пошто мене ме отпуштаат од работа трудна, оти сум род? Пошто мажите силуваат жени оти се род? Пошто мажите се напикани во управни одбори оти се род? Со сета почит кон твојата долгогодишна феминистичка кариера, ама не има и такви што памтиме кога Савче беше претседател на здружение на жени по пол, а 8ми март беше ден на полова еднаквост. И тој страшен потстетник на тие мачни времиња е впишан во сите лични документи, во сите земји во светов, пол, не род.
Да. Потполно неиронично, ова се моите чувства и одамна не ги кријам во онлајн дискусии. Традиционалните вредности се инхерентно угнетувачки концепт кој треба да се остави зад нас, патријархалниот семеен модел налага експлоатација на неплатен женски труд и третирање на децата како сопственост на родителите. Како нерелигиозна жена која не планира брак или деца, *овие* вредности мене ме з(а)грозуваат, а не правото на самоопределување на транс луѓето. Знам дека сум црна овца во државава и се гордеам со тоа. А, кога веќе ми дојде на памет зборот самоопределување... Родот е социјален конструкт исто како и националноста. Претпоставувам најгласните трансфоби овде сте и патриоти кои ги боли географска одредница пред името на парчето земја во која сте родени без ваше влијание. Зошто тогаш да не можат и транс луѓето да одлучуваат за сопствената судбина на многу полично ниво, во врска со нивните тела и имиња? Ниеден ЛГБТ активист не ги негира маките со кои се соочуваат биолошките жени, тоа го прават само религиозниве конзерви со кои сте спремни да се фатите под рака. Транс жените исто така едвај преживуваат и наоѓаат било каква работа, голем дел немаат друг излез освен сексуална работа, имаат и високи стапки на преживеано сексуално насилство. Јас немам повеќе трпение да читам олкави заблуди и недостаток на емпатија, ќе ви покаже времето на колку погрешна страна на историјата сте. Уште еднаш ќе повторам - црквата да одјебе
Демек кажа многу, ама ништо не кажа. И со тоа трансфоби на секое отековте веќе, глајте лубеници ни ги направивте. Научете нова фраза, ви се молам.
Како тоа децата се сопственост на родителите? Некој тргува со нив, ги присилува на работа, им договара бракови во Македонија, или какво е тоа третирање? Не дека одговори, зошто конфронтациите се увезуваат од земји со воведени вакви закони, ама не ни очекував. И недавањето одговор е одговор. За времето дека ќе покаже се согласуваме
Ова не е работа на Црквата, уште погадни ми биднуваат. Нема што да мешаш Црква и Влада, глупо е. Повеќе права за ЛГБТ заедницата, помалку за црквата. Црквата да беше паметен профитер (и профитери се), ќе беа за и ќе имаа повеќе муштерии во цркви можеби.
Секој има право да протестира, ви се допаѓа тоа или не. И двата закони се штетни бидејќи ќе ги загрозат иднината и безбедноста на биолошките жени. Имаат и противуставни делови.
Како бе црквата има право да протестира за закони во една држава? ОНИ се тие кои имаат право да си ја практикуваат својата религија во државава, ако црквата протестира за нешто што НЕ ги засега нејзините права, тогаш се меша во државата и оди под претпоставка дека сите сме православци. Ко муслиманите сега да земат да протестираат што колеме свињи и јадеме во државава (лупам). Нема логика нели?
Овие па, посебен степен на делулу. Демократска партија на Турците: Со промена на пол кај нотар, ќе може да склучуваат хомосексуални бракови Same energy
Значи како надвор, така и на Форумов - најголемите дискриминатори и мразачи на се' што е свето на мнозинството народ, се таканаречените напредни либерали, поддржувачи на *ама на запад е тоа нормално* вредности итн. Полна им е устата со слобода, права, еднаквост... Ама само ако тие ги одредиле кои се! Сите други би ги запалиле на клада, ако е можно. Мене искрено, језа ме фаќа кога гледам ликови со тешка патологија, полни со омраза и гнев кон се' и секого кои не ја делат нивната патологија. Ова е страшно и застрашувачко. И затоа, како човек, верник, мајка, сопруга чувствувам должност да си ги заштитам моите вредности, моите најсвети работи. Не дозволувам моето дете и моето потомство да биде обезличено од изопачените, умоболни идеолози кои се на ниво на демонска опседнатост! Затоа ќе излезам на протест и ќе бидам гласна.
Сега сигурно гордо седиш и мислиш дека некоја многу јака аргументирана работа си напишала, а реалноста е дека напишаново ти е така малкучку без врска
Одсекогаш на нерви ми оделе оние кои проголтуваат се што им се сервира, само да припаѓаат кон онаа “модерна”либерална група. Притоа немаат никаков аргумент и став туку верглаат едни исти празни зборови. Ниту сум верник, ниту ме интересира црква, ама ова слепо да го поддржуваш, а притоа си “биолошка” жена треба нешто да ти фали. Директно се загрозени правата и безбедноста на жената! Каков -фоб сум сега?
Па може не си разбрала, не дека ништо не кажа. Навистина е валидно прашањето за националноста....зошто е прифатливо да се биде бесен за повредени национални чувства, а бесот на транс луѓето е неприфатлив? И двете се дел од нечиј идентитет, нели? Мислам, подобро слободно да си кажеш трансфоб сум, гадни ми се, не ги сфаќам, отколку вака абе не сум трансфоб ама не сакам да имаат ни едно право.