Протест на МПЦ против законот за родова еднаквост

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 25 јуни 2023.

  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Во чија реалност? Твојата? Ок.
     
    На _beautyy_ и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Машки
    apsurdni mi se bilo kakvi apstraktni identiteti.
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.676
    Пол:
    Женски
    Родот е социјален конструкт.
    Дали тогаш чувството на Роден идентитет е исто социјален конструкт?
     
  4. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Без врска оти не се совпаѓа со твоето мислење или? Ние шо не го делиме истото мислење нетокму сме
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.574
    Темава е малце бучкуруш оти не знаеш кој ја пцуе црквата, кој законот.
     
    На Ugly Duckling, _beautyy_, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    И јас истово го пишав, темава е само за испукување лични фрустрации од двете страни. Никаква нормална дискусија, само да се покаже кој е поголем верник или кој е поголем атеист, со срцепарателни состави со извичници за страните на историјата од една страна, кај и да е со библиски текстови од друга страна, во меѓувреме скоро и никој не го дискутира законот што уствари е предмет на дискусијата. Или би требало да биде.
     
    На Ugly Duckling, LiquidLuna, Munchmallow20 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.271
    Допаѓања:
    189.682
    Не бе, темава е протест против мпц шо протестира против законот.
    Значи не е темава за законот, за мпц била:D.
    За или против нешто де, законот небитен.
    Ќе не фатат на кондиција или ќе отвориме тема за дискутирање на законот- д квесчн из нау:wasntme:
     
    На LiquidLuna, _beautyy_, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Ајде отвори, ќе пишам мислење, ама ме мрзи вовед да составувам.
    Иначе на темава, чисто сумљам дека некој воопшто го прочита законот :D
    А искрено и се прашувам дали само истата дискусија ќе се прелее пошто некако како да отиде возот веќе :D Се изгуби моментумот :D
     
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Апсолутно никој овде не кажа дека некој не смее да протестира, туку, по десетти пат, не е во ред и не треба црквата да организира протести. Петре попот нека организира што сака, а не МПЦ да организира протести и да врши притисок.

    Како законот ги загрозува биолошките жени и кој дел и како е противуставен?
     
    На Someonespecial, theowndemon и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    14.008
    Пол:
    Машки
    Темата е нова драма waiting to happen и да има нови банирани. :rofl:
     
    На _beautyy_, Rama, Munchmallow20 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Женски
    Хах, мене лгбт ми вршат притисок секаде, сите логоа ги сменија во боите на виножитото, уште компир манџава не се обоила така ебате
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.127
    Пол:
    Женски
    Нее преслабо е ова за да достигне ниво на снаи и свекрви.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Ај за тие што се уште збунети зошто Црквата е главен лик во сево ова. Свесни се дека губат контрола над вас и се фаќаат за последната сламка. Во моментов таа сламка се транс луѓето. Јасно им е дека многу феминист(к)и уште не разграничиле дали транс жените се пуштени од ѓаволот или не и го користат тоа до максимум.

    Измислуваат апсурдни сценарија (соблекувални, пениси и што ти знам друго) за да рашират неоснована паника и да ги дехуманизираат и мистифицираат тие луѓе. Манипулираат со лабилните емотивни идентификации на луѓето за да ги натераат да мислат дека ,,луѓе што менструираат" ќе им ја избрише женскоста на жените на некој магичен начин.

    Фемка феминистката што до вчера не сакаше да слушне за Црква, денес рака под рака со попчето на протест. Црквата си собира поени.

    Фемка се осеќа загрозено од транс жената. Фемка вели дека транс жената нема никогаш да разбере како да е ти свиркаат на улица на 12 години, како е да си во пмс, да плаќаш данок за влошки, да не те примаат на работа бидејќи може ќе ти текне да раѓаш, да се мислиш дали ќе завршиш во јавна соба. Ама попчето разбира. Попчето е тука да ја заштити Фемка. Фемка мисли дека вреди да склучи коалиција со попчето бидејќи е небулозно транс жената да се осмели да мисли дека животот и' бил позаебан од на Фемка.

    И така Фемка и попчето станаа најдобри другари. Транс жената си го научи местото, ќерките не видоа гол пенис во соблекувална во школо (за малце). И попчето сито, и овците на број.

    И утре кога попчето ќе почне да си искажува став за абортус со неговите ново добиени политички поени, Цацко ќе ни е крив. Од што толку беше битно транс луѓето да немаат достоинство, моравме на попчето да му дадеме медиумски простор и дозвола да си ги пика канџите во законите.

    И ако мислите чекај малце, не е толку едноставно, да толку е едноставно. Во средини како нашите, или си со попот или си против попот. Ако сакате да сте со попот мора да прифатите дека за сите проблематики сте со попот. Зашто тоа јавно експонирање, таа почит, тие лајкови, коментари, сториња што ги добиваат овие денови со ништо на светов не се мери. Утре нема да ве праша дали се согласувате со неговите нови идеи. Кога ќе реши и за други закони да си искаже став, дури тогаш ќе видиме дали попчето цело време работело против жените или Ирена. Свестете се на време, бирајте кои битки ќе ги водите.

    Ако мислите дека си тропам, видете во Америка што се дешава. 10 годишни деца се принудени да раѓаат деца заради законите против абортус што успеаја да ги испопикаат баш затоа што луѓево мислеа дека помалото зло е да изгласаат републиканци во законодавство. И тоа се дешава во као демек либералната Америка ејјј, а замислете што ќе се деси кај нас ако продолжиме да ја тапшаме Црквата по рамо. Не си ставајте трн во здрава нога заради евтини провокации од типот политички коректен јазик, медали на олимпијада и останати работи што не ве засегаат никако во секојдневен живот. Правата што веќе ги имате ве засегаат. Не си ги давајте во рацете на попчето.
     
    На sweet-cherry, Dentina, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.965
    Пол:
    Женски
    Едно нешто имам само да кажам. Тие што ќе протестираат против закон за родова еднаквост се поголемо дно од подморницана што пукна некни. Уствари не, подморницата, дното, уште повнатре на дното, па искача нафта, па луцифер журки праи со деветката круг, па уште малку слободен пад, па протестирачите.
     
    На smooch, Mikha4, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Јас па мислам дека исклучително навредливо е да мислиш дека жените, особено оние кои се грижат за женските права, толку немаат капацитет за критичка мисла што чекаат МПЦ да им каже како да размислуваат или демек чекаат МПЦ да дојде и да им прави некои сценарија за да ги убеди во нешто.

    Целиот проблем во повеќе теми е што практично дел од луѓево премногу црно-бело, наши-ваши, леви-десни ги гледат работите, како да мора да избереш некоја страна во било што и да тераш слепо со агендата на таа страна, што уствари на крај секако испаѓа дека ако имаш друг став за нештата, одма си во спротивен некој замислен табор. Што е уствари смрт за диверзитет, демократија и општо критичка мисла зошто испаѓа дека не треба да имаш став за да не бидеш идентификуван со некоја друга група.

    Никој не видов да рече дека ќе излага на протест уствари.
     
    На Sky-butterfly, _beautyy_, Munchmallow20 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Јас ќе одам, си кажав
     
    На _beautyy_, Rama, Hoss Delgado и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Зборам за тие што ги таргетира во постот, зошто апла се гледа дека на неколку од членкиве специфично мисли.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.220
    Допаѓања:
    124.481
    Пол:
    Женски
    Значи ала да ти е за ова. Америка е дно во секоја сфера па и во либералноста. Ама чекај, законот не е со америчко туку со Европско знаменце. Еве во Србија, премиерката е декларирана лезбејка. Нешто да ја симнат од власт тешко. Еј, Србија. Спц и се клања неа кога иде. Па не гледам дека СПЦ нешто организира протести.
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    @Lella или па можеби Фемка се сложува за ова со црквата, а не за другите работи, оти Фемка има свои ставови и не се плаши да се согласи или спротистави на нечие мислење според своите убедувања. Ако јас со тебе се сложувам на една тема, а не на друга, тоа е мое критичко мислење. Ако следам слепо некоја идеологија, тогаш сум идиот.
     
    На BlackNight, _beautyy_, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Женски
    Ок.
     
    На Aнонимус_, _beautyy_ и orevokrsacka им се допаѓа ова.