Да ама ако и дадеш на Црквата да се меша во едно, ќе се замеша во друго, па нема да можеш да абортираш, па не дај боже силувана жена нема да може да абортира.. итн.. затоа не и давајте многу сила на Црквата. Почитувам сечиј став. И за и против. Ама немојте бре Црквата да ја величите. Мене лично тоа повеќе ме плаши.
Мене целиов проблеми ми е што не знам ни што се вели со законот. Прочитав што прочитав, ок тоа ама толкувањата во пракса ми се чкљ. Род и пол не е исто, пол не се менува, ама ознака за пол ќе се менува. Ама народ мешале род и пол. Епа ќе мешаат, нормално. Не е психијатриска дијагноза него од сексуално здравје е. Ама патологијата никој да ја објасни која е. А ова "сѐ или ништо" ваљда важи и обратно. Дека се согласуваат другите со транс активисти кои се малкуцка така женомразци или педофили. А има такви ехее. Еден нека е, има. Сѐ или ништо. Готово.
Не и давам сила на црквата, едноставно на оваа тема се сложувам. На абортус нема да се сложам и нема да поддржам. Толку е едноставно.
Е зошто дно ? Значи сфатете дека не може сите да размислуваат како вас ! Може тебе не ти пречи на некој друг му пречи .
Дно е кога некој се фаќа нешто ко слеп за стап. Затоа сме до ова дереџе, или си ВМРО или си СДСМ, или си Либерал или си Конзервативец... или си за црквата, или не си за црквата. И кога ќе се врзат за нешто, баш ко слеп за стап, верни до гроба. Кога сите би имале критичко мислење сопствено, без безрезервно да се врзуваме за одредени институции, идеологии, политики и сл, светот би бил поубаво место за живеење. Ќе протестирам за она што ми смета, ќе се сложувам со она што ми одговара, без некој да ми лепи етикети... е тоа е демократија и право на говор. Ова шо се дешава е мизерија... демек либерални, ама бетер од Тито на Голи Оток шо ги праќаше сите против него шо беа. Ебави либералците.
Кај нас промоторите на лгбт,невладини орг.се најголеми инфлуенсери со влијание на младите,не црквата. Што ќе речат од невладините се фаќаат за тоа здраво за готово. Повторно ги прашувам. Ако родот е социјален конструкт. Тогаш а)родовиот идентитет /доживувањето е исто социјален конструкт б)родната улога е социјален конструкт Ама Вие тврдите дека родовиот идентитет е природен. Како може од социјален конструкт да прејде во природен. За тоа го имаме полот. Некој се доживува како личност од другиот пол,а не род!
Убаво си пишав во постот, ама нели зошто па да дочитуваме ствари. Американското население баш вака не ги гледаше работите црно-бели и сега нивните ќерки немаат пристап до најосновното женско право на телесна автономија. И баш тие луѓе дојдоа кај нас и ни проповедаа "Што е жена?" и ние аплаудиравме и се клањавме. Очигледно е дека немате ни грам емпатија кон транс луѓе што никако не посакале да се на дното на секое општество, ама имајте емпатија барем кон вас самите, кон биолошките жени кои демек ги заштитувате со критичко размислување. Крајно наивен пристап, мислите дека правата што го имаме од небо ни паднале, дека не требало тие пред нас со попови да се борат за да ги добијат. Не можеш да збориш за критичко размислување, а да не можеш (или не сакаш) една причинско-последична врска да направиш меѓу подем на Црквата и пад на женските права. Слободно продолжи си во сивата зона, ќе се чудиш после што нè сполетало. Битно нема да си човек што менструира, фала богу.
Ама пред да стигне до тоа губење на автономија на биолошкото женско тело, битно можеа да бираат пол и род. Уствари сеуште можат да бираат де, не дека транс заедницата е за нешто скратена. Еден екстрем, отвора простор за друг, екстремна левица постила тепих за екстремна десница. И едните и другите, лимитираат права единствено на биолошки жени. Па видете сега кај терате.
Во затуцаната Македонија решиле ваков закон да носат На пола од мнозинството не им се живее повеќе откако дознаа, другата половина ќе размислува како да го злоупотреби.
Од каде ти се овие информации? Знаеш дека во одредени држави во Америка правата на транс луѓето се кратат во последните 2 години? Во бројки само во 2023 тоа би било: 560 анти транс предлог закони од кои 83 поминале. Знаеш дека во одредени држави законски забранија drag? Знаеш дека во истиве држави и абортус сакаат да забранат, a во некои (вкупно 13) веќе забранија? Левицата прави штета на биолошките жени, my ass. Битно да се лупаат глупости на интернет за најугнетената група од ЛГБТ.
Екстремна левица: транс луѓе имаат подобрен квалитет на живот Екстремна десница: силувани деца принудени да раѓаат Калибрирај си го моралниот компас, ова е загрижувачко. Инаку во истите држави се одземени и правата на транс луѓето, се подразбира. Мизогинисти што даваат права на транс луѓе постојат само во бујните конзервативни имагинации. За тоа зборам. Мизогинисти расцветуваат на трансфобија, поплодна почва за одземање права на жени не постои. Истите што сакаат транс луѓето да немаат права се тие што сакаат жените да немаат права. Не знам како веќе поинаку да објаснам, во пакет одат, сакале вие или не. Па ти бирај сега. Навивам да победи феминизмот, чисто за да не морам да се тресам за сопствените права утре.
@Lella За која држава во Европа со екстремна десница збориш? Каде силувани деца се принудени да раѓаат?
Не знам, ете, од дневна штампа. Американци, во живот ги немам видено, сите ми се исти. Искача онаа министерка адмиралка транс, шо вика деца да транзитирале било апсолутно човеково право...па искача оној Волш ли го викате...а повлекува б...акција реакција...сакаш логички, сакаш физички закон.
Можеш до утре да ми реплицираш иронично и да ја повторуваш фразата "акција реакција" во секоја можна тема за транс луѓето (а правата на лгбТ луѓето предизвикуваат реакција единствено кај дебили) ако немаш како да се спротиставиш на фактите (кои буквално се лесно проверливи, гугл е бесплатен) што ти ги напишав за неточните тврдења во кои си убедена. Полесно е така.
И тоа со нас нема никаква врска,бадијала трошиш тастатура. За што се буните вие воопшто? Знаете да одговорите? Што протестира Црквата? Има право да протестира секој во оваа држава. Демократија. И што ако забраниле drag? Сонцето пак ќе свети,кој е ускратен и каков придонес има во државата? Ако нема , ќе го укинат. а можеби избрзале со носење на секакви транс привилегии и права. Државата ги уредува и правата и обврските.
Кои факти се лесно проверливи? Еве, упатете ме конкретно, за кои факти овде се зборува? Мислев за закон за родова еднаквост збориме, ама не, за МПЦ сме збореле. Е добро, зборете за црквата, јас имам против законот- ама не, јас сум глупа, оти исто и мпц била против законот. Како? Епа откајазнам, екстремна десница во Америка забранила абортус. Тоа е, секој со капацитетот за критичко и логичко размислување. Одам сега тема за законот да отворам
Бројките за анти транс предлог-закони што ти ги посочив, забраните што ти ги посочив, забраните за абортус што ти ги посочив, се' е лесно проверливо со 5 клика на гугл дали е точно или јас измислувам исто ко што ти измислуваш дека лЕвИцАтА ШтЕти нА бИоЛоШкИтЕ жЕнИ. Збориме за МПЦ И нејзиното делување во врска со законот за родова еднаквост, три пати те цитираше и ти објасни Лела досега на темава. Дај измислете нешто друго, скроз сте досадни со злоупотребата на терминот критичко размислување. Секоја можна мисла што ќе ви текне си ја нарекувате „критичко размислување“. Слободно можеш каква сакаш тема да отвориш, и тоа ти го потенцираа неколку пати до сега.
Јас не ги гледам така работите. Јас уопште немам проблем со транс лица, уствари немам проблем било кое возрасно лице да прави со животот и телото тоа што сака. Јас имам проблем кога мнозинството треба да ги отстапи своите права кои се историски стекнати од тие жени кои ги величате како основоположници на женското движење. И да, имам проблем со узурпација на женски простори и права, без разлика дали тоа доаѓа од левицата или десницата, зошто лично сметам дека не е природно да имаш екстремни ставови во било која насока освен ако не сакаш само да си дел од толпата. Радикална десница = мизогинија и негирање на женски права. Радикална левица= узурпирање на женски простори и пак негирање на женски права. Ти си таа која смета дека некаков батрфлај ефект ќе настане ако јас имам став на тема, абортусот ќе стане забранет, што искрено да ти кажам е по малце смешно и нема никаква логика. Така да, да, за мене разумно е да си во сива зона, да го согледаш и свариш сите аргументи и гледишта, затоа сме свесни луѓе. Многу поздраворазумно отколку да подржувам еден екстрем од страв од другиот екстрем да не ми забранел нешто, и без тоа да значи дека го поддржувам другиот екстрем. А историјата вика, ни еден екстрем не донел ништо добро никогаш.
МПЦ не е една индивидуа, не може да протестира индивидуално и не треба да организира протести и да манипулира верници. Не знам, има врска со нешто наречено слобода на изразување, а сигурно и некои други слободи? Познато? Транс привилегии? Сега транс правата станаа привилегии? Ова ми звучи многу познато, анти ЛГБТ реториката „а кои права ги немаат кај нас“. Правата ги уредуваат тие што се на власт.