Протест на МПЦ против законот за родова еднаквост

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 25 јуни 2023.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.125
    Пол:
    Женски
    А на овие од баење и гатање им се смеете. Ок.
     
    На sj *O*, sweet-cherry, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Па за жалење се
    Достоен живот не може да имаат

    сакате амерички плати
    Американски лајфстајл
    Американски да се носите
    А нивниот мајдсет?
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Секој грев може да има закон што го забранува, како што постои закон што забранува убивање или да нема закон што го забранува, како што е случајот за секс пред брак. Зборот ми е, да им беше гајле на МПЦ за гревови (како што еве тебе ти е гајле), ќе правеа напори и за другите гревови, ама не, на агендата им се геј и транс луѓе, и сексуална едукација затоа што тоа е нешто што сè уште ја разјарува конзервативната популација. И не знам што ти е поентата со закон моментот, збориме за тоа дека на МПЦ не и' пречи да толерира гревови кога нејзе и' одговара. Тоа е јасно од самиот факт што без да трепнат венчаваат луѓе што прекршуваат еден куп религиски правила.
     
    На Annath, 1209, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Машки
    за ова си во право, и лгбт и изневерување и менување партнери кај хетеросексуалци е истиот грев во христијанството (блуд) само едниот се толерира од мпц а другиот не.
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.197
    Допаѓања:
    124.355
    Пол:
    Женски
    А по кој основ е грев да не си стрејт? Уште се замара народ кој до кого спие? При сите болештини што роварат, војни, сиромаштии од тоа кој со кого спие дојде да се секираме? Свашта.
     
    На JoyJoy, christinnn, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Машки
    се она што е секс вон бракот помеѓу маж и жена се смета за блуд.
     
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.125
    Пол:
    Женски
    Водството на секоја организирана религија е олицетворение на сето тоа што го забранува. Како и припадниците.
    Не конкретно кон тебе, ама нејасно ми е како луѓето не го приметуваат тоа. Или пак, сите се прават дека не гледаат.
    Секој нека си верува во што сака, не може законите на една секуларна земја да се приспособуваат на религијата на мнозинството. Имаме слобода на верување, не теократија, remember?
     
    На CameliaMiller, Bezimenka90, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Машки
    да :D
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.197
    Допаѓања:
    124.355
    Пол:
    Женски
    Аууу па значи нема безгрешни на светов.. што да се.
    Вчера читав еротска книга.. и сега Рај за мене аш??
     
    На JoyJoy, sj *O* и joy1 им се допаѓа ова.
  10. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Постојат сеуште луѓе што не сакаат американски мајндсет и се поконзервативни, шо ви е чудно
     
  11. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Машки
    Ајде и јас да се вклучам со мое мислење на темава. Прво да кажам не сум доволно запознаен со ситуацијата .Не знам зошто црквата се замара за законот за кој како да се искажува на изводот на матично ако сака некој нешто да направи ќе го направи, или не мора за да се искаже пример ако е геј тој само ќе го прави тоа што го чувствува. После зошто да се замарам за некои закони за луѓе баш ми е гајле за законот, мене ми е битен каков е човекот, ги гледам луѓето само дали се добри или лоши луѓе, какво однесување има манири а баш ми е гајле дали е геј, стрејд, лезбејка или нешто друго раса религија, нација.
     
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Ништо од америчко што го наброја Феминка22 не сакам а најмалку па нивниот мајндсет.
    Толку ми е одбивно се што иде од таму што и да имам пари никад не би ја посетила.
    Друго, против сум вакви пропаганди, и трнасови и гејови и не знам уште што ке измислат.
    Ова што се случува е апла пропаганда, не е борба за никакви права, јер реално не гледам некаде да се дискриминирани.

    Овдека кај што сум има трансови на секој чекор па најнормален живот живеат дури и една комшивка имав пред многу години многу исклурана беше.
    И за гејовци исто, кои права тоа не им се дадени? Да не случајно им иде некој дома и ги тепа ако спијат со некој од ист пол?
    Кој што сака си прави со животот, исто имам пријател геј и никој од околина нема проблем ни со него ни со негова ориентација.
    Сите “проблеми“ им идат од тоа испраните мозоци.
    И многу луѓе што се дел од тој свет се против овие паради.

    И не, нема да поддржам вакви паради.
     
    На christinnn, Rama, deskarada и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    знаеш кои права
    -немаат право на брак
    -немаат право на посвојување деца
    -не смеат да се фатат за рака у јавност
    -не смеат да се бацат у јавност
    -не смеат да кажат дека се геј

    шо поише од ова?
     
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.659
    Пол:
    Женски
    Црквата пробува да го заштити семејството (и секако децата), како основна клетка на едно општество. Семејство=маж+жена со или без деца.

    За да постои некаков протест, мора да има организатор. Пошто нема да организира протести за предлог законов политичка партија на која и треба гласачко тело, ниту пак странски организации ќе вложуваат пари за организација за нешто шо не им одговара, зошто не би била верска заедница организатор? Не мислам само на МПЦ, туку и на ИВЗ.

    Пазете, повикот е за мирен протест, без транспаренти кои содржат говор на омраза.
     
    На Rama, Selest, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Сега ја гледам темава дека постои.
    Како се префрла од една во друга тема мислење, пишував во друга тема?
    П. С. Го прочита ли некој од вас предлог-законот? Од ова што ве читам повеќето, мислам не сте.
     
  16. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Тоа нема да се промени кај нас ни во далечна иднина, таков ни е менталитетот
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Има закон според кој малолетник не смее да стапи во брак.
    Овде е најголем проблем што во законот се брише границата од 18 години.
     
    На IRBBB, orevokrsacka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    зборите за семејство и брак
    а 99% од браковите у последниве да не претерам, 10 години, се поради бременост
    една само знам, буквално една шо праеше свадба а да не е поради бременост
    и за каков брак и гревови збориме?
    брак кај шо ме зима пошо ми напраил дете, па да не е детето ,,копиле'', па да не биде шо ќе рече народот?
    и после 2 год, со фрактури, епа фрактури, па разводи, па ЦСР
    идете видете дали геј паровите се колат, се тепаат, се силуваат, се пукаат, се маваат од земја
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.197
    Допаѓања:
    124.355
    Пол:
    Женски
    Конзервативен да, хомофоб не! Ако се толкави верници, треба да немаат злоба кон никого, да ги прифатат сите луѓе какви што се, а не да прават протести. ЛГБТ+ се тука. Факт. Меѓу нас се. И нема потреба од етикети, кој што прави во кревет е негова работа. Повеќе ми е страв од психопати, непрегледани кои се водат за нормални, педофили и слично.. А дали некој е геј, лезбејка, транс не ме занима. Како што и него не треба да го занима мојот хетеросексуален интимен живот.
    Да дополнам: од една страна се буните кога МПЦ се пика во матка за абортус и раѓање, а овде амин давате да му се пика на некој во кревет и интима. Не е малку двојни аршини?
     
    На Annath, 1209, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Одамна не сум верник, апсолутно немам ништо против тоа кој во што сака да си верува, се' додека нивното верување не шири нетолеранција кон се' поразлично од сопствената вера, што за жал често се случува.

    Дефинитивно сум против тоа што црквата има огромно влијание врз било какви закони во држава којашто би требало да биде секуларна. Нивната улога не е мешање во закони, нека си работат тоа што треба да си го работат. Што би рекла една девојка: „Црквата да одјебе“.

    За хипокризијата на поповите не би сакал ни да почнам да зборувам.
     
    Последна измена: 26 јуни 2023
    На Sophitas, Annath, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.