Оф леле. Абе се правиш дека не разбираш или не разбираш стварно? Црква како институција е во општествен и политички контекст, на влијанието што го има, на придобивките кои ги користи итн. Не ти збори никој за црква како храм во религиски контекст и за нејзиното местото во религијата настрана сите горенаведени фактори. И полека малку, не е светов поделен на атеисти и православни. За пристрасна си единствено ти. Мислам, со оглед на тоа што мпц е доволно флексибилна да прифати блуд и да венча трудни жени или да разведе луѓе, ваљда не се работи за што е "неморално", туку за тоа што носи поени.
Ах душа. Pазбирам јас убаво, ти не разбираш. Пристрасна сум била единствено јас. Wow. Простено ти е, гледам колку познаваш и се разбираш од христијанство и колку си ТИ пристрасна. Добра ноќ, немам јас време за омраза, негирање и негатива.
Дали воопшто прочита и разбра што напишав? Изгледа не. За џабе па се трудев да ти посочам. Добро ајде инаети се дека не знаеме што значи фразата за која почнала дискусијата. Одма мора да се најдете навредени иако е кристално јасно зошто некој го кажал слоганот.
Етикетирањето на нечие постоење и идентитет како „неморално и лошо“ е омраза. "Hate the sinner, not the sin" е одамна застарена манипулативна реторика. МПЦ отсекогаш шири омраза кон нетрадиционалните жени и ЛГБТ луѓето. Почитта се заслужува, а црквата од овие групи заслужила само отпор и бунт, тоа и ќе го добие.
Можеш да напишеш пост доколку е во склоп на темата, ако не во оваа, мислам, ако не е врзано со мпц, тогаш во другата. Инаку, јас не се сметам за верник, бев повеќе традиоционален, ама не би излегла никогаш со мпц за што и да протестира. За другото за законов, што не се однесува на црквата и нејзиниот протест, ќе се префрлам во другата тема.
Освен за лгбткв+ заедницата оти тие имаат ексклузивно право на почит, во спротивно се шири говор на омраза (кај нив тоа се вика слобода за говор), дискриминација и нешто-фобија.
Па ЛГБТ заедницата не е таа што почнала да шири омраза или непочит. Ама кога црквата, генерално религијата, стално ги прогласува за неморални, вакви, онакви, што очекуваш? Да ја почитуваат ли? Да го свртат другиот образ ако не. Ќе ја почитуваат, кога таа прво ќе почне да ги почитува ко луѓе.
Па да, нормално. Кога некој те напаѓа се браниш. Шо е спорно? Некој цело време да те омаловажува да не го засакаш случајно?
Ми го изваде од контекст цел муабет. Врти-сучи, прстот мора да е вперен во некој друг. Океј. Не МПЦ, не Црквата, јас морам да ги почитувам ЛГБТ+ и нивните чувства, во спротивно ширам говор на омраза, дискриминација и сум хомофобична, трансфобична, додај по желба-фобична. А со што ја заслужиле тие мојата почит? Како да почитувам како човек некој шо себеси се идентификува како точак на пример?
Со тоа што се човечки суштества? Нека се идентификува и како падобран. Збориме за почит на животот на другите луѓе.
Човечко суштество шо себеси се доживува како падобран, а не како човек? Го почитувам животот како право на живот, не им посакувам смрт. Ама да ги почитувам нивните чувства на припадност? Мене ми е рамно на почитување на чувствата на педофилите на пример. Зошто нивните чувства да не се валидизираат, тие помалку луѓе се?