Протест на МПЦ против законот за родова еднаквост

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 25 јуни 2023.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.430
    Гош, се изнакажа бесмислени работи во темава, само за да докажеш поента. Знаеш дека можеш да бидеш против законов, без да мешаш жени и црква, така? Каде е црквата за сите жени што никогаш не си ја добија правдата во државава, или дефиницијата жена е побитна од actually квалитетот на живот на жените во државава?
     
    На Waverly Raven, CameliaMiller, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    Транс лик што ќе мавта со полов орган пред деца е педофил такоѓе, така што да, многу глуп и нелогичен пример.

    Црквата да си седи раат кај што ѝ е место, да не замара со протести, уште помалку да ѝ биде гајле за закони - пошто си има право да е легална, да си тера свои обреди и одржува свои настани, да постои и да си има верници и никој не ги прогонува ниту затвара ниту тепа.

    Во секуларна држава нема место ни за црква, ни за џамија во закони.

    Иако сум ЛГБ поддржувач, со Т имам проблем на конкретни прашања разглабани во соодветната тема и не знам како да го раздвојам мислењево по теми.

    Моите чувства како “цис“ жена не се помалку важни од чувствата на транс жена, еднакво се важни. За најголем дел од жените идентификацијата со својата биолошка улога во светот е многу важна, во смисла на раѓање нов живот, но и во смисла на сите хормонални промени во тек на еден циклус, во поширока општествена смисла што е перцепција за “жена“ и како сме третирани.

    Не знам кој напиша, може во другата тема беше, утре во парламент може ќе има 60% “жени“, ама да не испадне уствари биолошка може и да нема меѓу нив. Но овие прашања не ја засегаат црквата, пошто црквата не ја засегаат женските права, на пример правото на абортус, нејзиното место е подредено во семејството итн. Така што, нека си брка свои бизниси со крштевки, свадби и погреби, нека не се меша каде што апсолутно не ѝ е место - а тоа е во животот на сите нас што не ни е гајле за ставовите на црквата како треба општеството да изгледа.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На Yowannty, Waverly Raven, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    Не, не ми одговори. Јас прашав за чувства, таа пиша за дела.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    Едноставно неспоредливо споредуваш.
    Педофил по дефиниција е злоставувач.
    Транс не е по дефиниција злоставувач. Може да биде, како и било кој друг.
     
    На Angie1432, Bezimenka90 и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Па веќе ти одговорил Кечо, ама еве пак. Лично на базен не сум била. Ама еве теретана да земеме, пошто е слично. Прво, тушот е затворен со врата, што секаде според мене треба да биде. Значи пак ќе повторам, никаде во јавност не сум видека никакви полови органи. Па и дома сите користиме исто wc, се пресоблакаме, се тушираме, па не сум видела полови органи на никој. Затоа што сите тие простории треба да се приватни. А ако нешто е приватно, има врата, има клуч, не гледам проблем искрено.
    Еве лани на плажа ко бев мокрите работи ги соблекуваш, за да облечеш суви во заградени куќарки. Значи секаде е заградено, не беа поделени по пол, влагаше кој сака, а пак ниту видов некој, ниту мене ме виде некој.
    Затоа овие аргументи со wc и пресоблекувални едноставно се слаби.

    Се имам изјаснето во другата тема, па нема да се повторувам пак. Ама страшно е ова демонизирање за докажување цел. Целата транс популација одеднаш педофили и предатори испаднаа. Мислам...малце смешно.
     
    На Ambitious, theowndemon, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    По чија дефиниција, по твоја?
    Дефиницијата не е нешто неменливо.
    Утре и педофилијата нема да е болест и и тоа ќе нѐ принудат да го голтниме.
    Зошто е зло да сакаш некого? Зошто љубовта е љубов за сите, освен...?
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    По чиста логика.

    Детето секогаш ќе биде жртва, затоа што е дете.
    Две возрасни единки кои се согласни на взаемен однос, не можеш да споредуваш со возрасен човек и дете. Нема врска со дефиниција, има врска со деловна способност, свест и слободна волја.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    Ај од почеток.
    Како е загрозена некоја личност ако е сакана? Не злоставена, сакана?

    Како не е загрозено детето кое може да ја спроведи својата слободна волја на 10 години и да донеси одлука како шо се идентификува?
    Ако дете се идентификува себеси како возрасна единка, тогаш се важи да е со педофил? Или се важи само ако се идентификува како спротивен пол само?
     
    На *Amethyst* и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.026
    Допаѓања:
    128.081
    Пол:
    Женски
    Ками, се оди на тоа ако се дозволи транс жени кои се биолошки мажи да влезат во женско вц на пример, низ тоа може да влезе и некој предатор кој ете ќе си каже јас сум жена.. И не не е само за возрасните туку најмногу се оди на тоа дека во тие простории одат и мали деца, девојчиња во женско момчиња во машко вц. Не е се црно бело.
     
    На *Amethyst* и IRBBB им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    Во тема црквава сме, не знам дали е ок тука да одговорам, ама ај ваљда ако не чини ќе преместат.

    Значи, жртва на педофил е секое дете, дете не може да се идентификува како возрасен, пошто мора да има 18 години. Дали е машко, женско, геј, неважно е, дете е. Како каков род сака нека се идентификува, возраста нема врска со останатото.

    За возрасни личности секој однос што е доброволен е ок.

    За хормонални терапии кај деца сум против. Не мислам дека 5-6 годишно дете има концепт за род.

    Има афинитети (пример машко дете ќе сака да се облекува во женски алишта, ќе се идентификува со принцези наместо суперхерои итн.) ама нема реален концепт што е род.

    По мене, немаме потреба од родови. Полот е доволен. Род како општествен производ може и да не постои, нека си биде произволен.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На Waverly Raven, crimson, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    Знам и во соодветна тема е дискутирано на широко. МПЦ не знам што бара во вециња по било каде.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.026
    Допаѓања:
    128.081
    Пол:
    Женски
    МПЦ се пика секаде. И во вц и во матка и во кревет и секаде каде што не и е место.
     
    На crimson, senjorita-v и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.022
    Допаѓања:
    24.516
    Еве наша транс активистка вика од 4-5 години приметила дека она се осеќа ко женско.
    И сега ако идеме по логиката "за или против" или "сѐ или ништо" ондак истиве што се ЗА законот и ги поддржуваат активистите, се согласуваат и со фактот дека деца на таа возраст се стварно дисфорични.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    Па се осетила, ако ѝ купувале колички, пиштоли, ја праќале на фудбал, а сакала балет, не ѝ давале да облече фустан, ѝ кажувале не плачи како девојче, веројатно точно знаела дека не е како другите машки. Не знам што е спорно па тука. Реков децата ќе си пројават афинитети, иако не можат точно да одредат зошто афинитетите им се послични на спротивен пол. За род како концепт немаат перцепција толку рано, пошто ги учиме на родови, не се раѓаат со род.
    Освен прашањето дали навистина ќе има толку транс луѓе ако малку повеќе сме отворени кон андрогинија, посебно кон мажите кои немаат типични машки интереси.
     
    На Munchmallow20, Feminka22, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    Епа Каме и мене не ми смета ако некоја возрасна индивидуа се доживува некако себеси или има различна сексуална определба од мојата. Ми смета шо со предлог законот кој ќе помини, се опфатени и лицата до 18 години.
    Оти можи да расудува дете на 8 години и да се доживува себеси дека е некаков род, поразличен од полот. Затоа велам, можеби тоа дете ќе се идентификува себеси како возрасна личност и ќе го има тоа право, значи нема да му е "скратено правото" да е во некаква врска со возрасен човек.

    Овој закон отвора можност за предмет во училиштата, можеби и градинките за родови идентитети. Извини шо не сакам моето дете да има можност на 7 години да експериментира дали сака да се чувствува како маче и да јади од земја и да се кака во песок. Ако тоа не прави некаков фоб, фоб сум. Или ментално заостаната, сеедно.

    И сега претпоставувам ќе речиш, ама јас (или некој од ЛГБТ луѓето) ги поддржувам членовите на ЛГБТ+ заедницата, нивни права итн, ама не се согласувам со законот. Ама не излегувам на протест оти поповите крадат.
    Каде се невладините организации за заштита на детските права? Каде сме ние како (потенцијални) родители?
     
    На *Amethyst* и sonuvana им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.022
    Допаѓања:
    24.516
    Само јас еве уште не сфатив и не знам дали се спомнува ова за деца. Дали ќе има некакви критериуми да процениш дали е детето транс, па дали психолозите и докторите ќе имаат некаква дополнителна едукација на темава за дисфорија, како ќе се дијагностицира, кои тестови. Или како било досега.
    Све шо знаеме е дека тој родов идентитет е чувство.
    Па некои активисти се бунат зашто морало прво психолог да се посети пред да ти бидат одобрени хормони, јер нели, немале они психолошки проблем. Баш една збореше за ова.
    Ваљда сакаат да биде тоа чича мича готова прича.
     
    На IRBBB и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    Дете на 8 години, да речеме машко, ако сака да се однесува/облекува како девојче - не смее тоа да му се забранува и стојам зад тоа. Односно, ако девојчињата може да носат фустанчиња, не смее да се дискриминира момчето да носи. Проблемот е што таа дискриминација прво од родителите доаѓа, после од останатите.
    Ова е многу различно од пукање со хормонски терапии (не се дава секако на толку мали деца) - но во никој случај не сум ок за малолетни да можат да транзиционираат со хормонска терапија/операција.

    Децата треба да учат дека треба да прифатат поразлични од нив. Дека е ок да си геј на пример. Не си ненормален. Нормално е. Во ред е.
    Одиш во нереална екстрема со осеќање како мачки и слично. Зборуваме за родови улоги кои СЕКАКО се на штета на жените.

    Прашањето е како ќе го заштитиме мојот син, за кој јас немам проблем да носи фустани ако тоа сака да носи, од твојот кој го учиш “се знае како личи маж, а како личи жена“. Како ќе го заштитиме од наставници, од директори, како ќе се заштитам јас како родител?
    На кој начин штети фустанот на мојот син? Зошто да не го носи?
     
    На Waverly Raven, Amellie13, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    Тоа може да сакаат, ама ни како возрасни, а не пак како деца, ќе го добијат.
    Психолошка поддршка е потребна при секоја операција што ќе го промени телото драстично, нека е и рак и живеење со стоми цел живот.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    4.378
    Пол:
    Женски
    Црквата и поповитесе најмалку веродостојни да организираат протести.
    Сите срања се случуваат токму таму.
    Нека ги вратат првин џиповите и нералните цени што ги наплаќаат. Нека работат исто ко што проповедаат , тогаш може мубет да правиме.
    Не може родова еднаквост, ама за развод во црква 300 евричи може. Нели попе Бог што споил човечка рака не може да раздели? Или за 300 евра се може?
    Затоа протестов нивни ми е булшет.
     
    На JoyJoy и FreeToGo им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.105
    А зошто некој побогу се занимава во црква да се разведе да ми е знати? Као, пак ќе се мажи/жени во црква? Џизс.