Протест на МПЦ против законот за родова еднаквост

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 25 јуни 2023.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.816
    Допаѓања:
    80.666
    Пол:
    Женски
    Читајќи те низ други теми, така заклучив. Ако сум погрешила, се извинувам, имам доблест да се извинам. :)
    Во тој случај да. Ама не станува збор за моќта што ја губи и пробува да ја врати, туку станува збор за тоа што, иако верска институција, покрај свештеници се и граѓани на Македонија, па сосема имаат право на протест кога не сакаат да се изобличи реалноста во која живееме. За некој ова е оспорување на нечии права, за некој друг е заштита на вредности ама и заштита на половите и биологијата. Искрено, иако сте со убедување дека Црквата ја деградира жената, во овој случај свештеници што излегоа јавно да се искажат, многу подобро кажаа што е жена од овие што стојат зад транс луѓево. Знам дека оваа реченица не ти одговара и ќе ја поплукаш.

    Баш сакам вас неколку што одвај чекате да ја нападнете МПЦ во секоја прилика, за што дури и тема се отвори да се коментира протестот наспрема законот, да ве видам во другата тема каде се дискутира законот конкретно.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.578
    Поддршката е едно, збориме за дијагнозата ние. Или одобрение за хормони/операција.
    Оти сакале да признаеме или не, психолошка состојба е, не е на половите органи кои се здрави. Нема гинеколог или уролог да открива дали не си ги прифаќаш органите.
    Или ќе сретнеш дека се транс зашто мозокот им е посличен со другиот пол. Ја не сум чула некој глава да снима за да добие дијагноза ама ае... Мислам ако е више до мозокот, мр од мозок би била најлегитимно

    А за ова
    Верувај од голем дел од транс активисти ќе чуеш прича "па на x години почнав да носам фустанчиња, да сакам женски работи итн". Така што не, донесување на вакви закони апсолутно не иде во прилог на деца и луѓе кои се однесуваат нестереотипно. Сега му се смеат на детето ако носат фустан, а тогаш ќе го прашаат како кој род се осеќа, па оно ќе дојде дома да те праша тебе и ќе ти речат да видиш да не има дисфорија па да почнеш со хормони дур не е во пубертет.
    Далеку сме засега од ова и се надевам така ќе остане.
     
    На *Amethyst*, IRBBB и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    4.334
    Пол:
    Женски
    Не знам кој ти го кажа ова дека развод во црква е 300 евра ама не е точно.
    Другарка моја плати 1000 ден мислам. Повеќе не е сигурно.
    И како и да е секој може во државава да си протестира за што сака . Дали црква дали друга организација ,институција итн.
     
    На Feminka22 и BlackNight им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Дете на 8 год.нема своеволно да почне да носи фустани.
    На 2-4 год.може да носи во склоп на игри со имитација.
    но треба да се направи дистинкција што е игра, а што не е.
    И нема никаква врска со сексуална идентификација или идентитет.

    Што се однесува до учење социјални друштвени норми и прифатливи однесувања како и поместување на граници,сигурно не треба преку децата да се прават.

    Во игрите можат да бидат што сакаат,но зошто побогу треба да го облечам син ми на 7 год во фустан за во школо и тоа мора да е нормално и прифатено?
    Јас мое дете не би го однела во школо во розе фустан.Па нека сум најзадрта на свет.
    Зошто е тоа потребно?
    Кога веќе постои некоја норма во друштвото дека машки деца не носат фустани?
    Што е поентата, да се кршат постоечките норми?
    Да кога пораснат маживе да носат фустани?
    Облеката од секогаш имала значење,друштвен контекст во друштвото .
    Дали е поентата збунување на децата од минливи фази во збунетост околу „родот„?
     
    На *Amethyst*, fana, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Црквата барем знае дека жена е... крава за расплод, неплатена готвачка и чистачка, па и боксерска вреќа ако треба. Дај сеа да ги средиме големите страшни 0.0005% транс луѓе во државава оти они се вистинската опасност за жените :clap: :clap: :clap:

    Засрамете се, сериозно. Ова е тешко антифеминистичко и анти-ЛГБТ предавство. Се надевам свесни сте дека ниеден од вас квазипрогресивци не сте добредојдени ни на парада, ни на кој било феминистички марш.
     
    На staycalm и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.134
    Пол:
    Женски
    Во оваа тема пишувам дека е поактивна, не зашто тука е за мпц а таму не е.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    - ако детето тоа сака, нема потреба да форсираш нешто што нема основана штета по него

    - еднаш постоеше норма во општеството дека жените не смеат да носат пантолони. Ни јас, ни ти, не живеевме во тоа време. Еве ти мене кажи ми зошто денес и јас и ти носиме, и зошто не е проблем?

    - да, ако сакаат. Како што јас и ти бираме дал ќе облечеме фустан или панталони денес и никој не ни вика не смееш панталони, срамота, тоа само за мажи е.

    - точно, затоа и жените не смееле да носат панталони. Како што гледаме, денес носиме и не е проблем никаков.

    - за мене родот како категорија и не мора да постои, не гледам корист од него. Пол е друго, за род зборуваме. Еве нека ми каже некој што фајде жена или маж има од род.
     
    На JoyJoy и crimson им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Не Каме, јас немам проблем твојот син да носи фустан. Имам проблем мојот син да е приморан да носи фустан.

    IMG_20230629_112758.jpg
    https://infomax.mk/деца-од-основно-училиште-во-аеродром-с/

    Едит: ти се чувствуваш загрозена од законите како цис жена, јас чувствувам дека моите деца се загрозени, трет чувствува дека му е загрозено работното место поради процентуалната застапеност на родовите идентитети, ама на протест не излегуваме оти мпц е организатор.
    Ќе чекаме да ги изгласаат законите, ќе си покуцкаме 3 дена на тастатура и како за сѐ останато, ќе си легниме на брашното.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На *Amethyst*, _beautyy_, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    - и за првото и за второто, потребен е СТРУЧЕН ТИМ од повеќе различни експерти, тоа го зборев во темата за трансродови, не испораштркаа по темиве па ај ќе се повтараме.
    Иначе да, со многу испитувања и снимања, докажано е дека на лицата кои се подлегнале на тестови, мозоците послично им функционираат како спротивниот пол. Мислам, верувам дека во Македонија не си сретнала, пошто во Македонија нема истражувања на темата.

    - за последново се изјаснив, не сум поборник за никакви терапии кај малолетни.

    Но не излегуваат како граѓани, туку во име на институцијата. Затоа се гледани низ призма на институцијата, чие место не е во законите на државата. Институцијата има моќ, која ја користи. Како граѓани имаат право против што сакаат да простестираат. Црквата како институција нема право на глас и не треба да има право на глас за општествени работи.

    А немаш проблем да е приморан да носи останатово?
    Оќе.

    Недела за забава е. Боже сачувај околу што драматизирате.
    И за 1 април верувам не ги маскирате.
     
    На Waverly Raven, Lella, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Тотално надвор од контекст ми одговараш.
    Јас ти пишувам дека носењето на фустани кај деца е дел од игри со имитација, а некакво поистоветување/чувство на спротивен пол.
    И нема никаква потреба од тоа да се форсира непотребно.А се форсира.
    Со која цел прашувам?
    Жените не смееле да носат панталони во одредени институции,а не приватно да шетаат со нив.
    Такви норми има и сега.
    Се носат униформи и облека која е адекватна на работното место.
    И секогаш ке има норми.
    Денешните треба преку децава да се кршат?
     
    На *Amethyst*, _beautyy_, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.816
    Допаѓања:
    80.666
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека има право. Има право да искаже револт и несогласување. Ако немаше, ќе го забранеа протестот.
     
    На *Amethyst*, IRBBB и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Зборуваме за фустаните или за друго? Или како ти одговара се води текот на разговорот?

    Да, ни за 1ви април не го маскирам.
     
    На Cosmi и Калатеа им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.134
    Пол:
    Женски
    Според ова цела недела е испанирана да биде околу облеката, како маскенбал му доаѓа, им смислиле забавни активности. Барате лгбт кај што нема. И после не биле параноични, како не сте.
     
    На JoyJoy и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.578
    Ова се повеќе земени податоци во просек.
    Мозок не е стриктно орган со полов диморфизам.
     
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Не сме параноични, вие се правите со сила слепи.
     
    На *Amethyst* и Калатеа им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Нормално, како и за секое медицинско истражување, се зема просек. Ако те интересираат и точни бројки по број на испитаници и други параметри, секако истражувањата се достапни и можеш да ги читаш во секое време.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Па тогаш не го праќај ни во школо маскиран, ама ни еден ден.
    А не точно подвлечен само 1 од 5 денови, другите оќе се.
    Што рече Енџи, барате лгбт кај што нема, ама буквално.

    @Bitter-Sweet државата е секуларна. Таква и треба да остане. Нормално дека не може некој да им забрани, ама како институција на црквата не ѝ е место во закони што се однесуваат на сите граѓани, затоа што едноставно, не сите граѓани се православни.
    Исто важи за било која религија.

    Каде се форсира? Со сила машки деца фустани носат? Јас само гледам како сила им се одзема можноста да се експресивни со “женски“ карактеристики.
    Жените не смееле НИКАДЕ да носат панталони. Провери си факт чек ако сакаш, ама ни дома, ни на поле, ни во институција, ни нигде не смееле. Зошто е ок што денес смееме?
     
    На Waverly Raven, JoyJoy, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Ко за млади луѓе поприлично сте во некој меур и надвор од него не гледате.

    Gender swap по детски градинки и училишта е во склоп трендот на наметнување на новата џендер идеологија.
    Зошто е потребно деца да се облечат како спротивниот пол?
     
    На *Amethyst*, _beautyy_, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.578
    За облеката па еве не знам зашто постои темата за модни критики. Секој нека си носи што сака и готово.
    А и сите сме искоментирале некогаш дека е несоодветно облечен за пригодата. Или за времето. Или за модата.
    Што знам, такви работи идат спонтано со тек на времето, не наеднаш.
    Или читам у сдк еднаш прегрдо било маж со онаква шпицаста кондура на боса нога.
    Од наводна феминистка беше објавено.
    Е ај...
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Зошто е потребно било што од таа недела?
    Потребата е?