Протест на МПЦ против законот за родова еднаквост

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 25 јуни 2023.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.839
    Допаѓања:
    275.096
    Не оделе баш спонтано, туку историски жените се БОРЕЛЕ да носат панталони. Биле дискриминирани тие што носеле. Не било нормално, не било прифатено. Во СФРЈ како пример од поново време, медицинските сестри смееле само сукњи да носат. Денес медицинските сестри можат да одберат каква униформа ќе носат, 99% се панталони, пошто им се попрактични.
     
    На Ketchup, JoyJoy и crimson им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    91.589
    Пол:
    Женски
    Пишав погоре.
    Мајка ми на работа не можела ,надвор и фармерки носела .Небитно.
    Тогаш што е поентава машкиве деца да носат фустани? Реков треба да с еправи разлика што е игра,а што идентификација.За играње може да облече што сака,во школо нема да оди во фустан.
    Што е поентата?Еден ден за 10 год.маживе да носат фустани?
    Па така суптилно се наметнува:headbang::headbang:
    Еден ден биди супермен.
    Другиот ден биди девојче.
     
    На *Amethyst*, IRBBB и Калатеа им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    Значи ако му воведат задолжителен предмет за изучување на родовите идентитети, да го отпишам од училиште?
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.907
    Допаѓања:
    41.524
    Пол:
    Женски
    Навистина не сакав да те навредам, ама нереално е да се бара скриена пропаганда во детско маскирање.
    Па добро бе косми, не гледам секој ден што има во училишта во Америка. Ко да треба опсесивно да следиме што активности имаат децата во градинка.
    Ако мислите дека се наметнува идеологија ќе барате поврзаност каде што нема и тука не можам да ве разубедам. Ама која е крајната цел според тебе? Зошто треба сите деца да се транс?
     
    На CameliaMiller, Waverly Raven, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.022
    Допаѓања:
    24.515
    Па нека се борат маживе, кој им брани.
    А ако секој треба да носи што сака, тогаш нека е така за секоја пригода.
    А не пишала таму оти 100% е контрацепција тегет плиш кондура на нога. И феминистки ѝ лајкнале.
    Би цитирала ама не би да ја мешам во темава.

    Или во најужасен состанок зашто типот дошол у тренерки.
    И сите дрес кодови секаде.
    И ред други муабети.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    Денес е тематска забава, утре маскенбал, задутре нешто десетто.
    Колку повеќе гледаш и слушаш нешто, толку повеќе се нормализира и морализира. Сигурно нема преку ноќ да ни наметнат ништо, но со тек на време и те како.
     
    На *Amethyst* и Калатеа им се допаѓа ова.
  7. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    9.134
    Баш ме интересира, сте се маскирале вие порано во градинка или школо во мажи/жени?

    Пошто мене не ми текнува, нит на мојот сопруг, пријателите, родителите.

    Или образованието оди напред па тоа е причината? Пошто јас гледам страшно лоша програма, така да не е ни тоа.

    Први април е своеволно, ова е наметнато во факинг детска програма, дали сте нормални?
     
    На *Amethyst* и IRBBB им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    91.589
    Пол:
    Женски
    Не се работи за следење во АМерика и во Европа е присутно,сега кај нас доаѓа.
    Туку за факти.
    Децата се машки и женски пол и нема никаква потреба од топење на некакви разлики меѓу нив или за освестување.
    Оваа игра погоре е осмислена со таа цел.
    Освестување.
    Како изгледа другиот пол, како би се чувствувал на еден ден да бидеш спротивен пол, како го прецепира...
    Да пробаш , да се освестиш можеби си бил во заблуда, можеби ке ти се појават некои нови чувства па ке посакаш секој ден да бидеш спротивниот пол..
    И тоа во детска возраст.
     
    На *Amethyst* и IRBBB им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Не. Ама не сме се маскирале ни во суперхерои и шо друго и да имаше останатите денови. Која ти е поентата? Зошто само едно е подвлечено како проблематично?

    Па и за април се имаа маскирано ко жени од клас, па не гледам сега да се стварно станати жени после тоа.
     
    На Waverly Raven, Ketchup и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.839
    Допаѓања:
    275.096
    Па се борат мажите, се борат жените, еве јас се борам да се стандардизира андрогинија и да не се замараме со нешто толку банално како облека.
     
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Јас не отварам таму зашто муабетот за соблекувални е правен мал милион пати, така што да му беше на некој побитна реалноста отколку имагинирни хорор сценарија немаше ни да постои темата. Јасно ми е дека има трансфобични луѓе и одамна не сум заинтересирана да дебатирам со нив. Ама да гледам како религиска институција си меша прсти во закони, а притоа успева да додаде и прогресивни жени во аресеналот, и да ќутам, нема шанси. Знаеме што следи ако Црквата добие премногу моќ, готови сме да им се придружиме на Полска, Унгарија и Русија. И тоа веќе лично ме засега и не е така лесно да се игнорира како сОбЛекУвАлНи.
     
    На Someonespecial, crimson и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.839
    Допаѓања:
    275.096
    Чоек треба да знае дека родот е општествен производ, зошто постои, како настанал, зошто жените толку страдале и како им се наметнати РОДОВИТЕ улоги врз основа на полот. Зошто сме различни, зошто нема две исти жени, двајца исти мажи. Родот е општествен производ, не гледам зошто некое дете не би требало да знае дека е ок што некое друго дете е поразлично, дека биолошки се исти, но каква е експресијата не е иста и тоа е сосема во ред.

    Мислам прашањава, повеќе се секирам за обидите за часови по вера, пример уште ми фрапантно и страшно тоа што во Хрватска е задолжително ете. А истата земја признава истополов брак :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    9.134
    По програма сте се маскирале?
    Или си можела да речеш нејќам да се маскирам ќе одам така?
    Имало ден за маски ама не било обврски, кој сакал се маскирал кој не не.

    А сега доаѓаме до тоа да Стојан ќе биде осудуван и ќе му се смеат, со коментари од наставник зошто не се облекол како жена.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.839
    Допаѓања:
    275.096
    Не зборам ни за мајка ти, ни за баба ти, ни за мајка ми, ни за баба ми. Оди поназад во историјата.
    Ние се маскиравме во мажи, жени, индијанци, мртовци побогу. Од мое одделение транс личност нема.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Според таа логика, и како суперхерој или омилен лик како и да беше ако не сака да се маскира ќе му се смеат. Па не гледам да протестираш да се укинат серии и филмови.
     
    На Ketchup и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.307
    Допаѓања:
    68.047
    Пол:
    Женски
    Што ќе направиш тогаш за мпц да не се меша? Сериозно прашувам, што следува, контра протест на протестот на мпц за да не простестира?
    Патем, од колку и кога е протесот?
     
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.430
    Па да, мене конкретно ми текнува дека едно машко дете во четврто одделение беше маскирано ко шмизла за први април дури и наставнички од други одделенија доаѓаа да му го видат перформансот. И на сите им беше интересно.
    Премногу хистерија за ништо кревате.
     
    На crimson и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    91.589
    Пол:
    Женски
    Ја знам историјата на костимографијата.
    И покрај разни традиции низ цела историја останало до денес да има машка и женска облека.
    Ни од мое одд. нема,се маскиравме по избор,ама во нашата програма за детски градинки и училишта немаше gender swap.
     
    На *Amethyst* и IRBBB им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.305
    Допаѓања:
    35.594
    Пол:
    Женски
    Ај вие што отидовме до промовирање менување пол на деца како нешто што задолжително ќе произлезе од законов објаснете ми каде тоа го читате.
    Или од каде сте толку сигурни дека во училиштата ако има предмет родова еднаквост ќе се промовира нешто што е „настрано“.

    Побогу во 1989 и почеток на деведесетти се делеа учебници за односи меѓу полови. Тогашните учителки од накарадни причини (срамота е за секс да се зборува) не ни кажуваа нити да ги отвориме учебниците. Знаете колку беа добри. Укажуваа на потреба од рамонправност и слично, ама аууу еве по 30 години од тогаш па на исто сме. Ужасно назадни. Не дај Боже да се зборува за рамноправност, планирање семејство, еднаквост во домот, работата и слично. Поарно да чмаеме во цирка 19 век, немојте напред да се движиме. Се за што жените се избориле во последниов век дајте да избришеме. Не мора жена да оди ни на работа. Жена за дома седење е (и ако може секој ден ќотек да добива уште поарно).

    И најарно такви глупави портали како инфомакс да читаме. Не Дај Боже нешто нормално да читаме.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На Waverly Raven, Angie1432, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.839
    Допаѓања:
    275.096
    Ама пак те прашувам, пошто велиш ја знаеш историјата, што лошо се случи со тоа што жените почнаа да носат панталони, секаде?
    И те како реперкусии имале кога почнувале, ама еве денес носиме секаде, во секоја сфера што можеш да ја замислиш.

    Зошто е тоа ок, а за мажите не е ок да носат фустани?

    Да беше родена во времето кога жените, односно храбрите и пркосните почувале со носење панталони, ќе беше од тие што ќе се држеа до фустаните. Ама денес немаш проблем да уживаш во нивната жртва.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.