Затоа што едното е поделба според пол, другото поделба според пригода? И на жена и на маж ќе им се смеам ако отидат во тренерки на свадба, тоа би било соодветна споредба. За другово, вкупно 10 секунди се потребни за да се открие дека е фејк. Повелете: https://vistinomer.mk/vo-s-makedonija-nema-seksualno-obrazovanie-za-deca-od-0-do-4-godini/
@IRBBB @Feminka22 деца маструбираат на 4 години. Не е ништо нит опасно нит погрешно. Ама таа маструбација не е како кога пубертетлија маструрбиура туку е поттикната од истражувањее на сопственото тело и осознавање дека има делови од телото кои ако ги пипнеш предизвикуваат задоволство. Бидејќи се сеуште несвесни дека е тоа табу тема се случува да си го прават и во јавност. Пак ќе кажам не е страшно пролазна фаза е. Уште Фројд ја открил и напишал за неа (само што ја поврзал со друго од тоа што денес го знаеме). Така што психолозите и психијатрите и сите такви професии одамна знаат за тоа и го третираат како нормална појава. Вашите ставови се баш доказ дека на децата им треба Сексуално образование и Образование за односи меѓу родовите. Мораме барем новите генерации да ги ослободиме од стигмата и стравот од сопствените тела. Не е фер децата да живеат во стегите на родителите (заради нивната необразованост). ХЕРА не ви е крива што вие не знаете односно не сте имале можност да научите за функционирањето на човечкото тело, почитувањето на сите, сексуалноста и односите меѓу мажи и жени. Инаку и јас сум за предмет Теорија на религии. Баш мислам дека може да е интересен и корисен и треба да учи на меѓусебно разбирање меѓу различните религии. Веронаука каде што секој ќе си ја изучува сопствената религија нема никакво место во училишта. Тоа е нешто што треба да си остане во доменот на приватниот живот. @Feminka22 млада си и уште имаш време вистински да се образуваш на темата пред да станеш родител. Те молам искористи ја шансата. Не потпаѓај под влијанија на портали и накарадни размилсувања на поединци. Читај и образувај се. @CameliaMiller примерот е баш за образование за Еднаквост меѓу родовите. Жално е што во 21 век млади жени што формално ќе имаат факултетска диплома и ќе ги сметаме за прилично добро образувани имаат вакви ставови.
Еве заеби пригода. Зошто ако не ти се свиѓа маж во фустан е сексистичко, а ако не ти се свиѓа маж рецимо у мокасини е само вкус? Зошто не е и првото вкус? Или зошто може облека по пригода ама не и по пол? Општеството исто така ни наметнало да носиме свечена облека на свадба фала богу
Исто како што е важно децата да не се прекинуваат, затоа што доведува до огромна вознемиреност, туку да се учат дека такво однесување потребно е да го прават на само/приватно
Ако ги прочиташе линковите, можеби ќе знаеше за шо зборувам. Преселективни сте, гледате, слушате и читате само тоа шо ви одговара. Излишно е да се дискутира. @JoyJoy само затоа што не сме истомисленици не ме прави мене затуцана, а тебе прогресивна личност. Ама ако ти е полесно така да се чувствуваш, еве чувствувај се.
Побогу жено јас ти кажувам дека мастурбација кај деца е факт и дека треба убаво да го проучиш, односно да се образуваш на темата. Има разлика од необразуван до затуцан. Ти сама себе се нарече затуцана. Ако така се чувствуваш така чувствувај се.
Ти ставија линк дека фејк њуз ти е, мислам озбилно прочита дека деца ќе се УЧАТ да мастурбираат од некој што им држи предавање како? Измеѓу песничките? Не зезај А да, што се однесува до мастурбирањето, сакала ти или не, тоа се случува и е најнормална појава. Нема тука што да се согласуваме или да не се согласуваме, едноставно е така.
Леле не е толку длабоко. Не мора да ти се свиѓа маж во фустан, океј е, никој не го вика тоа. Само не мора да се прави драма ако некој маж носи фустан.
Да, деца е нормално да се допираат на мала возраст ама не сфаќам што толку ќе тупиш па мора посебен предмет? Многу работи се нормални кај деца : ноќно мокрење, репетитивни движења, одбивање храна па не ги седнуваш да им збориш за психофизички развој на мозок или рефлекси за мокрење. Ниту па некој се замара да објаснува ствариве на деца. Дури и соодветно на возраст да е.
Добро, прилагодено на возраста. Пак ќе речам, јас не сакам моето дете да е приморано да го учи тоа, како сака нека е прилагодено. Во Македонија не е задолжително ссо, шо не значи дека нема да е. Како поинаку ќе се откријат децата да се идентификуваат себеси како некој?
Абе дали си реална Ако детето знае дека вујко Митре и чичко Трпе се сакаат, уууууууууужас Ај ти мене објасни ми како постојат хомосексуалци и транссексуалци МНОГУ пред појавата на интернет, во школо секако не учевме, ама еве ти кажи ми кој ги научи според тебе? Сфаќаш дека сексуалниот развој на твоите и било чии деца ќе се случи секако без твоја желба да е консултирана, пошто е интимно, во самиот човек?
Сакам да верувам дека сексуалниот и родовиот развој на моите деца ќе се случи на начин на кој се створени за да се случи, а не на кој им наметнуваат некои организации.
Мислам ај. Не влијаеш ти на сексуална ориентација на децата. Сакаш да веруваш дека влијаеш, ама не влијаеш. Може ако ги репресираш евентуално да не ти кажат. Што е тажно сценарио, искрено. Створени се хетеро или хомо. Родот... нема баш врска со стварање. Тоа ние, како општества, го ствараме.
Дали пантолоните што ги носиш/ме се ист дизајн како машките? Супер што ке си го облекуваш син ти у фунстанчиња па и сандалчиња купувај му, ама признај дека и да дојде до тоа ке гледаш да го прилагодиш на негов пол.
Реков и поназад, јас немам проблем со одлуките на полнолетни, возрасни и зрели личности. Имам проблем со наметнувањето и нормализирањето на настрани работи на децата. Ако тоа го репресира моето 5 годишно дете, океј.
Муабетов на Хера е испревртена Фројдова теорија во однос на фалусната фаза. Врска нема со мастурбација, само стануваат свесни за разлики помеѓу машко/женско, стануваат свесни и љубопитни за постоење на генитални органи и слично. Тука е и тој Едипов комплекс. Мастурбација како мастурбација се јавува во гениталната фаза, каде единките достигнуваат сексуална зрелост. Работава во многу крив правец оди ми се чини, ќе искочи утре дете од 4 години “само си го барало”, ура за педофилите…..
Кој ги бараше ИВЗ? Еве ги и нив. https://opserver.mk/makedonija/ivz-e-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidencija/ Дајте нова тема. ... Е сега... ...