Јас не сум религиозна и апсолутно сум против религија да се меша во закони, посебно во оние што ја засегаат жената како абортус. И за последново истото мислење го делам. Ама на страна протестов, факт е дека попрво ќе се исплука христијанството, отколку исламот. Ако плукам по една религија ќе плукам по сите религии, зошто за истото се залагаат, а не само удри по едната.
Фројд меѓу првите го објаснил, само што од него е малку погрешнк толкувањето. Денес е прифатено дека е нормална и баш и во свет се вика мастурбација кај деца. Нема сексуален контекст и е нормална развојна фаза кај деца. Ич не е поврзано со сексуално злоставување на деца. Нормална развојна фаза кажав и претходно. Осизнавање на телото е. Нема врска со секс туку само со задоволство.Не е патологија, болест, нема врска со педофолија. Дел од нормален развој е. Се чепкаат себе си, не други, другите не им се битни. Егоцентрични се децата во таа фаза. Само сопственото задоволство им е битно. И како и се други реакциите на возрасните даваат лош призвук на ова. Зашто за возрасните пипкањето е срамно, децата тоа не го разбираат. И така ги учиме на прифатливо и неприфатливо однесување. Сексуалното образование учи на еднаквост. Не учи на секс. Учи на разбирање на телото, појавите и слично.
Црквата не е само верска институција, туку е и формирана од граѓани на државава. Уставот не ограничува кој може да протестира. Немате право да се буните. Утре може и на вас да ви се протестира за нешто, а некој да рече дека не треба да протестирате. Сигурно нема да ви се допадне тоа.
А Ирена Цветковиќ е припадник на ЛГБТ или само работи во некоја таква нво? Дека во прво лице пишува во колумната.
И јас сакам да верувам дека во сабота ќе ми падне лото. Сексуалната ориентација не се учи, не се наметнува, со неа се раѓаш. Хомосексуалец, бисексуалец, хетеросексуалец се раѓаш. Имаш само разлика дали ќе се родиш во конзерва семејство и ќе криеш и ќе се фрустрираш, или ќе се родиш во семејство каде што ќе бидеш сакан онаков каков што си.
Ај те молам. Кога еден куп што се декларираат како верници во државава може да им викаат накази, изроди, ненормални, ќе горат во пеколот е прифатливо, ама кога ќе вратат со нешто што не е ни приближно толку силно е простотилок?? Изгледа многу лесно си тригерната ако мислиш дека е ова крајна некултура.
О Господе Боже значи. Буквално човек со инка во глава не може да ти стави, баш е специфично што за толку мали деца воопшто не користат раце и делува како да имаат епилептичен напад, затоа и посвесните доктори им бараат видео на родителите од "нападот". Ова ти што збориш врска нема со инфантилна мастурбација.
И двете групи се некултурни, без осет. Треба да си болен некому да му посакуваш смрт. Треба да си болен да вреѓаш нешто што некому е свето.
Јас имам неколку многу важни прашања. Кој ги плаќа автобусите за организиран превоз на денешниот протест? Кога црквата ќе почне да плаќа данок на државата? Што значи мотото „Имаме должност“? Дали можеби црквата има должност да реагира за 99% од другите проблеми во државата? До кога ќе трае религискиот тоталитаризам во државава? Кога поповиве и другиве религиски ликови на врвот ќе излезат од 19 век? Дали Гилеад може да стане реалност? Како да добијам ајфон како црковниве ликови на протестот? Каква значајност имаше ѕвездата од Кутлеш на денешниот протест? Аnyone? Гледам има многу големи бранители на црквата овде, супер би било да ми ги одговорат овие значајни прашања.
За протестов, МПЦ го најави, не ИВЗ. Мислам ИВЗ не се поарни, ама "мпц најави протест" е темата. Да беше "мпц и ивз најавија протест" или "ивз најави протест" ќе имаше логика прашањето "ама зошто за ивз не зборите?!" За законов сум против, за мешање на МПЦ кај што не и' е место исто така. Ок, крајно некултурна и проста сум. Светицата ќе си ја славам, МПЦ е факултативна и таква треба да си остане.
Јас сум агностик. Не сум тригерната со ништо,но и понатаму сметам дека крајна некултира е да исмеваш,навредуваш вера некому. Тоа што некој е идиот не ми дава право и јас да бидам. @CameliaMiller Ти си верник,славиш светица и ја нарекуваш твојата црква шит! Во која црква ја освети светицата? Ти си знаеш.
Прекрасен, мирен, достоинствен собир. Онака како и што им доликува на луѓе од калибарот на верските водачи кои се борат за вистината и за освестување и поддршка на својот народ. Говорот на г-дин, г-дин Стефан за паметење!
Абре уживање да се вадат работи од контекст Во мислењето за светицата, пишува дека не сум верник и не се декларирам како таков Верувај, си знам. На памет не ми паѓа да ги слушам лунатициве за како да живеам. Скроз стрејт, немам фајде од "лгбт+ пропаганда" Ама има штета од нивно мешање кај што не им е место, кај мене во матка, на пример.