Човече ЛГБТ+ се тие шо парадираа со икони и правеа пародии. Кој кого мрази и кој од кого треба да се штити?
Црквата може само морално да осудува и нека. Според мене тоа е морален престап и би било лудо да поддржи црквата.
1. Има држави каде можат да се склучат такви бракови, така да никој не ги спречува. 2. Не ни треба да имаат право на посвојување деца, затоа што нема да знаеме каков ефект тоа би имало на идни генерации, како што истотот се прави сега со деца да менуваат полови. А за другите точки, ги имаат тие права и веруј ми никој ништо не им може, си го живеат животот јер инаку не би ни знаела дека постојат геј.
Јас го прочитав. И убаво пишува дека лице кое наполнило 18 години и не е во брак може да го смени полот во матична книга, документи итн. Никаде не е избришано дека само лица над 18 години можат да се врнчаваат без дозвола од родителите. Не измислувајте. @*Amethyst* и јас сум поделено мислење околу посвојување деца.. што знам. Не сум паметна. Ама па кога ќе видам какви излегуват од традиционални семејства...
Затоа што и Црквата и верниот народ (а богами и не толку верниот) знаат дека со овој закон се подриваат основните постулати на едно општество: семејството, бракот, интегритетот на личноста. Затоа што Црквата има обврска пред Бога и пред народот секогаш да истапи и да крене глас кога државата и законите легализираат морален пад на човекот, декаденција, расчовечување, обезобразување. Должност и е да ги препознае и да даде смерници пред проблемите и искушенијата што ги носи актуелната сегашност. И да, Македонската православна црква низ вековите има најголема заслуга за зачувување на посебноста на македонскиот народ, јазик, литература, книжевност, писменост, азбука... Доволен допринос ли е тоа?
Немаш против,ама сакаш да наметнеш свое верување. Црквата 2000 години исто проповеда и опстојува. Нејзиниот став е непроменет и прилично јасен и должност кон верниците и е да го каже својот став во врска со било која општестена појава. Јас како верник сакам да го чујам, како и ти што го исчекуваш ставот на својата организација. Дај пример за омраза и било каков повик на насилство од страна на Црквата кон ЛГБТ популацијата. И мене ми е досадно едно те исто да слушам постојано....како да не постои ништо освен ЛГТБ.
Ќе се задавев од сокот што го пијам читајки го ова. Кое семејство, кои вредности? Ти свесна си дека 10% се нормални бракови се околу се пердаши кој каде стигне? Не знаат чиво дете им трча по дома? Разводи како добар ден се денеска ( нека се), деца се впуштаат во односи уште не испилени.. Верувам во господ, не ја почитувам црквата како институција.
Има такви држави но тоа не е Македонија Ја овде сум се родила, сум растела, може сакам на сред Охридско жена да зеам. А не можам ради куп идиоти. Треба до Шпанија, до Данска да идам? Мислиш сите имаат пари за тоа. 2. Треба да имаат деца Пошо од стрејт луѓе искачаат најненормалните луѓе
Ова ви се аргументи за признавање на родова еднаквост? Дека некој со некого се пердаши? Оукеј. Епа никако не можат да имаат нивни генетски потомок, оти сме створени мажи и жени за размножување. Симпл.
Никој венчавка не спомна. Деца под 18 можат да се изјаснуваат во кој сакаат род,а родителот е должен да ги води на хормонска терапија ,на пример....се остава простор за злоупотреба....се минимализира улогата на родителите и семејството....
не можат де биолошки точно две жени не можат да напраат дете, ама едната од нив може да земе замрзнати сперматозоиди, можат да посвојат. Колку стрејт парови има шо не можат да имаат дете поради Х причини? Прво овде колку се активни таквите теми на форумов. И они не заслужуваат деца да имаат? значи ако не е буквално штекер работава, и не си плоден ете, не моеш дете да имаш. Па ја тие геј парови шо ги знам, радо би да ме посвојат, и многу често и се зафркавам со нив да ме посвојат. Толку се добри, разбирливи, полни со љубов, искрени, те сослушуваат. од женско другарка неам наидено некад на толкаво разбирање машки си коментирам со нив, за совети ги прашувам плус толку деца има шо чекаат по домови, шо не им ни треба реално генетски да можат деца да праат. А знаеш кој ги остава децата по домови и раскрсници, тие шо МОЖЕЛЕ да имаат деца, а не знаеле да го ценат тоа. А другиве шо од петни жили се мачат дете да имаат, ги викате болни крајот не ви се наоѓа
Што измислуваме, не те разбирам? Законот предвидува дека секој, само врз основа на внатрешното чувство, кое не мора да соодветствува со нивниот пол, вклучувајќи ги и децата до 18 години, да можат да си изберат род (по желба, многу ги има), и да си добијат нов идентитет, нов матичен број, без притоа да сменат пол. Само со нотарски изјава веројатно. Значи, во гаќи ќе го имаат тоа што го имале, ама ќе бидат сосема нова личност. И сега ти преброј ги сите злоупотреби што ќе ти паднат на памет, па помножи ги со десет. Не сакам ни да помислам каква каша попара ќе биде со тинејџерите. Многумина родители коси ќе си кубат после, а ќе бидат немоќни, бидете сигурни. Ова не е закон, ова е канцер.
Да де, сакам да наметнам мое верување за недискриминација, не знам зошто тоа толку многу и смета на црквата па сакаат да наметнат живеење по нивното учење, нешто што апсолутно не треба да имаат право. Ако милуваат нека си живеат по нивните религиски проповедања (прашање е колку живеат по тоа, ама добро), а не да кажуваат другите како да живеат, мене ми е смешно некој друг да ме контролира и да ми диктира што е добро а што лошо во мојот живот, според книга што за нив е света. Апсолутно ништо не ми значи колку години постои и проповеда едно исто црквата, а ако 2000 години исто проповеда, тоа значи дека црквата останала на исто цивилизациско ниво додека светот не тапка туку напреднува и се менува. Црквата денес не врши директно насилство на ЛГБТ популацијата, не знам што очекуваш, да излезат попови да тепаат ЛГБТ луѓе, за да може да се каже дека активно работат против ЛГБТ популацијата и нашите права?
Не ни читам надолу, мачно ми е да читам туѓи зборови пикнати во моја уста и со кој сѐ ти живееш и се знаеш.
Затоа црквата ги манипулира своите верници? За да ги заштити? Ова се тешки глупости што ги изнапиша. Прво, никој нема право да му кажува како да го живее животот некому. Гледам какви убави смерници дава, види ги свештениците и се ќе е јасно.
Ете како размислуваш.....попови да тепаат ЛГТБ, свашта... Живеј си по свои правила, како и јас по свои....но децата секогаш заштитени треба да бидат...тоа е целата приказна...
Така е феминке, најдобар аргумент шо го имаш е тој дека ти си одлучила дека некој геј пар шо ти го познаваш повеќе заслужува дете од друг стрејт пар шо исто ти го познаваш. Алал да ти е, еве ќе молчам пред вистината.
Што размислувам? Ти поставив прашање, што треба црквата да прави за да може да се каже дека активно работат против ЛГБТ популацијата и нашите права? Не извртувај зборови. Како ќе бидат заштитени децата, со тоа што ќе им се проповеда религиско едноумие?