Зошто е шит? Што искочија со став,со кој се согласуваш и тие се против мењање пол. Не вадам од контекст ама не ми е јасно ни логично.Ако црквата и поповите ми се шит,како влегувам воопшто таму па уште нејзини попови ми светат светица ? Не те разбирам искрено кажано. А црквите се толку испреплетени со власти и држави,наивни сте дека во секуларни држави нема мешање .Било и ке биде.
Meне многу интересно ми е што иронично користат термини во секојдневен говор што всушност не се воопшто измислени и наменети за секојдневен говор туку *исклучиво* за медицински цели, а богами и во Америка толку често не ги користат ни во медицински цели...
https://makfax.com.mk/makedonija/бужаровска-ја-нападна-ќулавкова-први/ Зошто вака се однесуваат? А да покаже малку почит кон Ќулавкова? Жената е во години и некултурно е вака. Куп навреди.
Поздрав и до тебе, не живеам ни во Америка ни на социјални платформи. Во пештера живеам, со веб 1.0, немам поим кој е ликов и колку е смешно.
Поддржувачи на корупција и неправда прашуваат зошто МПЦ не реагира на корупција и неправда Замисли, случајно се согласуваат за нешто со попот. Е сеа ќе пукнат од нервози
Била црквата или не против промена на пол, пол не се менува. Црквата е и против хомосексуалци, а и тоа не се менува, на пример. Црквата е против абортус, а тоа се менува, со мојата слободна волја што ќе правам со моето тело. Тој пост на кој алудираш го објаснив најдобро што можев да го објаснам, притоа објаснив дека не сум верник, не добив "просветление" некакво, ниту пак се согласувам со однесувањата на МПЦ. На таа тема толку, пошто не гледам причина да се правдам и објаснувам на непотребни, надвор од темата, тотално искривување на напишаното настани. Ако не се сеќаваш добро, препрочитај, а слободно прашај ме во лп што не ти е јасно, ако нешто не ти е јасно. Ако е нешто "испреплетено" и сметам дека не треба да биде, ќе го кажам тоа гласно и ако е одраз на некултура, искрено, не ми е гајле. И верувај, отпорот кон МПЦ најмалку ми е поради лгбт, пошто лгбт најмалку од останатите работи лично, на своја кожа доживувам.
И што ако е жената во години? Автоматски заслужува почит независно што ќе каже, само оти е во години? А што па навредливо кажала Бужаровска?
Не за Законите. Мирен и достоинствен собир. По однос на овие прашања имам јасен став, приватно кој што сака нека си биде (по Устав сите сме еднакви и толку), но правата на едните завршуваат таму каде што започнуваат правата на другите. И да, како што имате право да не верувате во ништо, така и останатите имаат право да веруваат и својствено на своите верувања да го изразат своето мислење и да организираат собири, протести итн. (се додека не ги повредуваат правата на другите, како што беше и денес). Се друго, вклучително и исмејувањето со верниците е повреда на правото на вероисповед и евтин спин. Ете толку.
Не читам навреди, ама друго ми е интересно. На собир на МПЦ е последно место за зборење за феминизам. Буквално институцијата што највеќе има против феминизмот.
Не знам за вас, ама кога правам компарација на протестиве, геј парадата ми влева некое лошо чувство, измешана исфрустрирана енергија, непристојна голотија - особено ако ги гледаме оние од Америка. За разлика од протестот на Црквата, каде сè е смирено, сталожено, издржано, спокојно, постои чиста и јасна мисла, тивко, но сепак величенствено.
Да,стварно бараш што е лага?! Значи океј е да се навредува една цела група луѓе,ама кога сте од другата страна така? Румена Бужаровска,писателката. Најпозната книга и е “Мојот маж”
Значи ај не зезај стварно. Ги утепуваат од ругање, им посакуваат смрт на секој чекор, за тоа никаде те немало да се побуниш, ама проблем е сега едно зборче. Да ова е поентата од прееска, еве си напишала и сама.
Би сакал да се надоврам со ошче неколку прашања: 9. Од каде се парите за видео бимови? 10. Од каде се парите за високобуџетно фејсбук рекламирање? (над 1000$)
Мене ме немало да се побунам?! А што е битно,сега дискутираме тука. И пак не разбираш. Ако некој руга,треба и јас истото? Ако некој краде,треба и јас? Не! Не е во ред и крај. Еве сега и Румена навредува една цела група луѓе само поради различен став околу законот. И тоа е океј,зошто некој некогаш рекол педери место гејови. нека ги навредува сега сите. А на лгбт парадите ,парите од кај се?
На прашање не се одговара со прашање. Парите за парадите на гордоста се од странски финансиери на невладините организации (фондации и сл.), меѓутоа, ако анализираме трошок за една парада на гордоста, не би било ни половина од финансиите што се потрошени за промовирање и изведба на денешниот протест. (Како да ти кажам, за една парада најголем трошок е да го платат чичкото со камион што ќе вози низ градот )
Мојата омилена професорка од факултет со која се гордеам. Ништо погрешно не кажала, дури и прилично коректен е статусов