Има пари црквата. Нема што да анализираме трошоци. Коректен е статусов со кој навредуваш една група на луѓе со чиј став не се согласуваш. Бравос каква младина имаме.
Мене не ми е јасно зошто професоркава има потреба од МПЦ да го каже тоа што го има, посебно затоа што зборува за феминизам. Ова ми е искрено прашање. Пошто не сум радикален левичар, а уште помалку верник, не можам да најдам причина за изборот на платформата - мислењето го делам, не мислам дека црквата било што феминистичко заштитува. Мислам не и' знам други ставови, ама ако се изедначува со оние што идеа на марш за традиционални семејства со колички, божесачувај искрено.
Да сум професор на факултет и ова да си дозволам да го изјавам на социјална мрежа треба да се фрлам во Вардар
Зошто кога на геј парадиве има луѓе од организации ви смета, а сега кога има 100 автобуси за ебан протест не ви смета? Колку ми е ова гадно, калкулирано, фуј.
А ќе има некоја друга можност да искаже став на темата? Не е жена и не е засегната? Излажано е нешто? Професорката, академик, исто како и некои од свештените лица, имаат повеќе книги прочитано, од овие што плукаат и се едуцираат од твитови. И законот го има прочитано евентуално.
Не знам, за мене „гнасни и мрачни“ ми е сосема коректно за овие. Јас како обична феминистка без видна функција би рекла дека се најдолна инцелска багра, неандерталски шљам, не се вредни ни у лице да ги плукнам, ми се гади воздухот што го делам у иста држава со нив. Јас сум дел од младина која од петни жили презира фашизам, deal with it
Не ме интересираат свештениците, за неа прашувам. Бидејќи не и' ја знам позадината, а со конкретното кажано се согласувам, нелогично ми е како платформа да користи протест на МПЦ и очигледно да се обраќа на верници исклучиво. Едноставно е хипокритично, ако феминизам е во прашање, за тоа како платформа да одбереш собир на МПЦ што нема допирни точки со феминизам.
Абре озбилно прашање беше. И јас сум против законот, само женски права и мпц не ми одат во иста реченица. Затоа прашав за бекграунд на изборот на платформа.
Ќулавкова долго време е позната по националистички и конзервативни ставови, памтам пред некоја година имаше статус/твит дека не постојат успешни уметници што не биле религиозни, ова не е воопшто изненадувачки од неа
Христофашизам? Не знаете што да измислите веќе Баш би сакала вие прогресивци кои се чукате во гради колку сте борбени, пример, да се родевте во Сталиново или Хитлерово време, да ја видевме на дело прогресивноста и како ќе се изборевте со фашизмот со кој на секоја секунда се расфрлате. Ама, вака за на тастатура сте баш активни, или преку невладините да лапате парички и да перете умови на деца кои се збунети. Се на се, до 20 век арен бил животов, и покрај сите војни, и покрај сите борби за разни права, овој 21 век бајаги забегал со настраности и со незнаење што е маж, што е жена. Кул било да бидеш се што е изопачено, глупо било да бидеш со Црквата и религијата Приоритети де И, нема да ви брца во матки МПЦ, ова е само мал театар, никој нема да ги послуша нив за ништо, за жал, и протестов нема да вроди со плод, чунки ние сме вукојебината која мора да прифати се ЕвропЦко, па ќе влеземе белки 2789 година во ЕУ со модерните вредности
Веќе не знам у која тема. Стефан за семејството кога збори, имам проблем многу со кажаното, а врска нема со транс. Посебно ме нервира фактот што ни случајно, пу пу, не дај боже, дозволиме хомосексуален брак, тоа не е семејство. Да, СЕМЕЈСТВО Е. Каква жена, каков столб, какви бакрачи, се нервирам само што го слушам, не сме сакале слобода. Сакаме слобода, на пример ако сум лезбејка, сакам слободно да се оженам со партнерката, сакам да имаме право да родиме/посвоиме дете, сакам да има право да ми биде некст оф кин. Сакам слобода, да заќутат еднаш за абортусот, мое право е дали ќе раѓам или абортирам, не на црквата. Така што последни што можат да бранат женски права се МПЦ искрено, мозок ме боли само што ги читам. Како знаат, врз основа на што?
Е добро, кој друг ќе организира протест против законот? Партија не смее, друго женско здружение нема. То е.
За овие што врзале знаме,што излегле на протест, за кого? Што е проблемот да излезеш на протест? И каков фашизам пак сеа. Или пак нешто Румена или Ирена ве подучуваат?
Шубо не глеав слики. А шо е проблем? Проблем се на пример неандерталците што шетаа со бебиња во колички на контра парада пред некоја година. Морално супериорни, ГЛЕДАЈ ВАКА ТРЕБА. Толку е очајно што не сфаќаат дека самиот факт што се во брак со некого и родиле/посвоиле дете со некого ги става во позиција на привилегија.