Да, за мачо инцеливе што веат руско знаме, т.е. знаме на буквален фашистички режим што врши окупација на друга земја as we speak, што практично има легализирано семејно насилство и го има прогласено феминизмот за екстремистичка идеологија. Јас сум безобразен екстремист што екшли има проблем со тоа, за тебе не знам ))))
Јас сум против законот и сум против мешањето на Црквата, особено пак да не ја става во уста жената. Не знам дали се пробува или веќе постои ваков закон овде кај што сум, а искрено не сум ни приметила. Нејсе, не ми е јасна улогата на МПЦ и што брани таа оти по фб ми кружи една слика како се штити семејството од ЛГБТ заедницата. Многу пати сум кажала до сега дека немам против и проблем со нив, единствено ми смета пропагандата која ја шират и нивната цел. И очигледно е дека за жал се поголем замав зима, особено со перење на младите. Не зборувам за вистинските лица припадници на ЛГБТ, зборувам за еве да го наречам трендот помеѓу младите и платениците. Да не забегам од темата, ама законот е само уште еден дел од таа агенда која со години се спроведува на терен. Страшно е што се случува. Од друга страна ја имаш Црквата која пак, оди во други екстреми. И за крај, еве сега ќе ги прашам сите активисти кои и те како ги има на темата. Деновиве читаме за млада жена која се самоуби оти на 13 години била продадена и омажена за постар маж, кој не ја пуштал ни да се моча. Малтертирана, тепана. И не е само она, во тоа село едно 90 посто од жените се продаваат и се третираат бетер од стока. Борци за правата на жената? Црквата? Ве допира проблемот или битно е дали Стојанка се осеќа како маж, жена или пеперутка?
Спешл, тоа у темана не се влага за окупацијата, саде русофили наоколу. Неверојатно е што се' може да се оправда. Е сега, фјучр дали е квир не знам, јас скроз женски се осеќам, без оглед што во малку сфери се вклопувам во традиционално сфаќање за жената.
Јас и нигде не сретнав некој нов закон што дополнително ќе заостри безбедност на жени од сексуални напади. Или насилство и други проблеми што се далеку повеќе животозагрозувачки. Уствари манијакот ќе покаже лична карта оти се пишал жена и ќе ти олесни дека нема ништо да ти направи А нека е ова претерување, нели нема секоја будала да мења документи. Прашањето е како ќе се регулира тоа? Психолошки тестови навредливи биле, не биле они луди, транзиција боже сачувај, кој си ти да им кажеш дали да се оперираат. Мислам сами туркаат нешто што е бучкуруш ама се чудат оти другите си правеле приказни. Ете и абортус е регулиран до кога смееш сама, кога смееш со комисија и кога ич не смееш оти више бебето не е ембрион и може и надвор од тебе да живее. Зошто и ова не?
Да се потсетиме: Ако некогаш се фатам под рака со некој кој жената ја смета за подолу од мивка, или искажам било каква поддршка за некој што вперува прст во нас како причина за пропаст на државата имате слобода секира меѓу очи да ми акнете.
Па залутани се овие русофили, а не ни ништо чудно ако се земе во предвид колку подржувачи имаат тука Русите, па и меѓу декларираните познати феминистки. Ама ова не е протест за подршка на Русија туку против закон кој не ја штити жената, туку исполнува желби на трансродовите лица кои ќе можат да си сменат пол во лични документи. Ти ке бидеш жена исто со некој маж кој кој решил од следниот месец да биде жена во лични документи.
Па никој не те тера тебе конкретно да престанеш да се осеќаш женски и да станеш квир бе Каме, тоа се обидувам да ви кажам од искуство цело време и се фрустрирам Нејќам апла да се откривам, ама сум била на пар феминистички средби и настани овде изминативе две години, активна сум и во интернационални "woke" кругови на твитер. Ниеднаш, ама ниеднаш не сум се почувствувала цензурирано, ниту ме нарекле личност со матка или слични глупости, ниту ме спречиле да го користам зборот жена за себеси. Имам блиска другарка транс жена од Англија, аматер јутјубер е, прави информативни видеа и крева свест за рестриктивни закони за абортус и семејно насилство низ светот, заемно се поддржуваме иако биолошки имаме различни проблеми. Сета оваа врева против транс/квир луѓето е само мачкање очи од регресивни сили за да добијат повеќе политичка моќ. Нашите интереси како нетрадиционални (цис/биолошки) жени се блиски со оние на целата ЛГБТИ заедница. Ве молам, немојте вака интелигентни луѓе да паѓате на тие евтини финти
Залутан е и Стефче што има мака со истанбулска конвенција? @Someonespecial за моите конкретни дилеми и прашања мислам дека е подобро да се дискутира во соодветна тема. Едит: немам време за средби, ама еве тебе ова ти беше прва парада кај што одиш, мене прва кај што не отидов. Не друго, имав обврски. Секогаш сум поддржувала право на самоопределба иако мојот фокус бил далеку повеќе насочен кон хомосексуална заедница, но, овде доаѓам до дилеми кои ги имам образложено. На тоа добивам одговор дека сум фоб. Мислам ок.
Атеист сум, нерусофил, немам тетоважа со Вергина знамето. Oд мачо подалеку не можам да бидам. И да додадам сплет на околности, живеев со цимер што е геј пред неколку години, законов му е неприфатлив. Малку драма квин, ама у ок односи сме. Апсолутно се согласувам дека црквата не смее да се меша. Ниту пак ќе подигне репутација што ради милион причини ја изгуби. А и многу лесно е да се напаѓа баш поради овие причини. Родова еднаквост не е исто со другиот закон и се она што пробуваат да протнат и да ти стават етикета на женомрзач ако не поддржуваш. Дали на една од вас тука ви е нормално маж да се натпреварува во женска конкуренција. Има милион видеа за ова, маж аматер зема титула на жена Или маж да се идентификува како жена и да оди во женски затвори ко во Америка шо се дешава. Или фејк нуз е ова? https://nypost.com/2022/07/16/transgender-woman-demi-minor-impregnates-two-inmates-at-nj-prison/ И да не е сега предложено во овој закон, што мислите дека е целта за година две пет? Што мислите дека е целта на бугарите во уставот, за година две, пет, десет?
Не ми е гајле за ништо од ова. Сè што знам е дека ако Црквата успее да добие политички поени, утре ќе ги искористи против мене. И многу побитно ми е да не стигне епископот Јаков да одлучува дали и кога ќе раѓам, отколку тоа да спречам по секоја цена манијак да реши да стави Ж во лична карта. На една емисија деновиве некој праша ,,што мислите дали ова е дефокус од националните проблеми или националните проблеми се дефокус од ова"... И тоа е сè што имам да кажам на таа тема. П.С. Во вашиот личен свет може да сте и против црквата и против законот, ама во политички контекст или сте со црквата или сте против црквата. Нека си бира секој што му е помило.
Тогаш нема да му дадеме на дуи изговор да не гласа закон и ќе се избориме да изгласаме закон што не е споен со другиов, за овој другиов нека дебатираат со дуи
Браво, конечно некои од поповите се освестија и го тргнаа на страна материјализмот и пасивноста. Освен пари ништо друго не ги интересираше па ете конечно да поработат на морал кај населението. Го поддржувам протестот.
Еве ти кажувам од прва рака. 300 евра е да те разведе. Пред едно 10тина години другарка ми се вери со веќе оженет во црква човек и не можеа да го разведат во црква. Ама затоа сега може за одредена сума. Кој поп колку милува толку зима.
Не знам дали налетале на некој поп што не знаел. Разведуваат од црквата, од најблиска фамилија ти кажувам, и тоа многу повеќе од 10 години се поминати.
Поради тоа што не може да се венча два пати, па како да го разведе првин. До пред некоја година не беше возможно но сега за пари се е .
Сигурно, сите прават кој како им одговара. Ама еве за ова први се. Немало да ги прогебаат оние кои ќе гласаат ЗА. Нема грешка, за пари се прават.