A транспарентот со прашалници е што? Љубов? Сочувство? Разбирање? Емпатија? Ако сум лезбејка, како да го протолкувам? Ако сум трудна и сакам да абортирам, како да го протолкувам она право на живот? Поддршка можеби?
Да де, затоа кога мажи ќе облечат фустани и ќе шлапнат кармин, тогаш ви е СОСЕМА ОК да ви одлучуваат за жените. Двојни аршини од сите страни.
Кога имаш трн во око, имаш. Жал ми е за некои што живеат со толку огорченост и омраза во себе. Имам одговори на сите прашања, и тие поназад со бројки пред нив ама не вреди да објаснуваш на некои особи... Се дискутира со разбрани и културни луѓе што сакаат да искажат мислење и став без дрскост и наметнување.
Ич да не е во право Ќулавкова, срамота е да напаѓаш некој од твоја фела, затоа што на крајот секој си има право на свое мислење. Срамота да навредуваш жена што може мајка да ти биде. Кај нас некултрата е во мода и ништо не ме чуди.
Ќешки за многу поголеми проблеми што ги имаме во државава да беа вака агилни МПЦ, ќе процветавме. Жал ми е за двојните аршини, и криво ми е што живеам тука. Никогаш не би била на протест организиран од МПЦ, бидејќи како институција не ги почитувам, и никогаш нема да ги почитувам, без оглед на тоа што одам во црква некогаш, си ги почитувам верските обреди, ама институцијата е дно во моите очи. За законот, немам се'уште мислење, ама верувам дека ќе пројде. Колку што не' прашаа за сите други закони и закончиња што ги протнаа во име на влегувањето во ЕУ.
Ја не би ни транс жени да одлучуваат за жени. А претпоставувам никој не би сакал па ни транс мажи да одлучуваат јер нели, цис или транс, мажи се.
Кога било опасно христијанството? "Пред малтене 1000 години кога палеле вештерки на клада" ? Христијанството е и католицизам, и протестанство и адвентизам и десетици други гранки. Во духот на православието и во светот, а посебно во Македонија, никогаш не се случувале екстреми како што сакате да прикажете. За МПЦ само ќе кажам камо да беа вака гласни за секој еден друг проблем што не тишти како народ, камо вака како вчера да беа водачи на народот.
Јас ги поддржувам транс правата и не ми е гајле кој што мисли околу мојот став, но изгледа само мене некако не ми се верува дека законот ќе помине затоа што парламентот е полн со пештерски луѓе.
Како тоа транс жени може да одлучуваат за нас, жити сѐ? На ниеден феминистички протест нема мнозинство транс жени во први редови како цис маживе овде, уште помалку па ги има на влијателни позиции. Транс жените немаат позиција на моќ над нас, мешате премала маргализирана група со вековна опресивна институција. Не може МПЦ никогаш да биде гласна за вистински проблеми на обичните луѓе, бидејќи тие проблеми буквално ја држат во живот. Религијата е опиум на народот што го држи во покорност, а верските институции се алатка на капитализмот.
Законот за промена на родот и полот и баш не е лош. Прекраснотија. 1. Ако ме мрзи да работам до 64 години ќе си се пишам жена. На 62 - џап пензичка. 2. Ако ми е гнасно машкото веце, ќе речам јас жена се чувствувам и ќе си влезам во женското. Кој смее да ми се меша во моите приватни чувства? 3. Еве и еден конкретен проблем, вдовец сум или жена ми не е во состојба да оди со моето дете во клиниката за детски болести, си се пишувам жена и штрак ме пуштаат. 4. После разводот си се пишувам жена и јас и бившата како мајки на нашите деца имаме исто право за да ги земиме децата. 5. Правам кривично дело, ме осудуваат на казна затвор си се пишувам жена и после си одам во женски затвор. Милина. ... Закониве стварно се само за правата на жените. Ти благодариме Јованке! Само вака унапредувај ги правата на жените.
Ами не пишав ако сум спортист, или пак ако сум убавец, или пак ако сакам да одам на женско одделение в болница... Го изумив тоа.
Факт е дека ни едните ни другите Никогаш нема потполно да се уклопат у новиот пол. Поготово машко во женско. Пошо мажите да нѐ сфаќаа, светот ќе беше поубаво место. Поготово ствари као бременост. Кај нас е вродено речете шо сакате
Апсолутно точно. Тие луѓе во парламентот се таму благодарение на обичниот народ. Петко од дпмне/дуи/било која друга може умствено да не се разликува ни малку од Рајко што на протестот излегол и е полн со омраза.
Па така кажете си отворено, значи бременост е предуслов да си жена. Тогаш јас што категорично одбивам да останам бремена цел живот и дури имам силна одбивност кон бременоста како процес, што сум?
Види Ти моеш и како маче да се осеќаш. Ама дур не клекнеш на 4 нема да бидеш. Тоа шо е даено од природата, да не речам од Господ, е тоа. Да, гради, матка, јајници, можност за носење дете. Дали ти ќе го искористиш тоа, или не, си е твое. Ама факт е дека тоа те праи поразлична од маж. уште у основно нѐ учеа шо ги разликува мажите од жените, ако не памтите
Никој не вика дека предуслов за да си жена е бременост, зошто жена не се станува туку се раѓа. Транс жената не може и нема да искуси некои работи кои ти како биолошка жена можеш, сакала или не.