Бременоста му доаѓа како она со штркот и бебето. Честопати се случува кај нетокму во разумот, за жал. Не секој е за татко или за мајка. Подобро не се множи.
Не знам за вас, ама јас за овие 12 год. после основно имам научено многу нови ствари надвор од тоа што нѐ учеле тогаш Пак мешаш пол (биолошки) и род (социјален конструкт). Велиш транс жените никогаш нема да ги сфатат нашите искуства. Епа додека мојата родена мајка не може целосно да ми го разбере и почитува изборот да немам деца, непознати транс жени на илјадници километри од мене ме имаат поддржано. Знаеш зошто? Затоа што и контрацепција/абортус, и хормонски терапии/операции за промена на пол – се прашања на телесна автономија. Тој клучен фактор е трн во око на религиски конзервативци и мора да се заштити од нив. Сите заслужуваме право на телесна автономија и лична самоопределба.
Каква црна телесна автономија ,ти збори за биологија. Ти си биолошки жена и ниту еден маж телесно автономен не може да биде исто што и ти. Ги нема истите биолошки карактеристики. Транс жените те подржале зошто и тие нема да имаат деца,не можат да ги родат.
Ти тоа шо имаш дома не е мој проблем извини вака. Моето дете утре нема да има проблем да рече мамо лезбејка сум, мамо геј сум. Плус не е исто нашиве генерации, и генерациите на нашите родители. Тоа шо е за нас нормално, за нив не е, и на нас некои работи за 30-40 год ќе ни се ненормални. ја пример тикток не можам да смислам, ама ете е тренд. Нека си биде.
Доколку со законот се одделуваат полот наспроти родот како два различни поими, како тогаш ознаката за пол да се менува врз основа на родот?
Упс а не сфаќам стварно зашо да се мењаат бројчињата. Ако некој од маж стане жена, пример од 450 нека се смени у 455 само и чао. Пошо ако почнеме: Јас се осеќам ко крава Ја ко Клеопатра Ја ко верверица Нема цифри да останат за употреба
Точно, ама нешто друго се зборува. Биолошки транс жената не ги искусила и нема да ги искуси твоите и моите искуства, и на сите други жени на светот (освен оние кои имаат некаква болест, недостаток на орган). Транс жената не може да разбере воспитување на женско дете, оти не е воспитувана како женско дете. Апсолутно можеме да покажеме разбирање и сочувство за различните искуства, ама не се исти, не може да се споредат. И не може да ми каже транс жена како е да си воспитуван како жена. Не може едноставно. Како што јас на своја кожа не знам како е да си транс. Можам да ислушам, разберам и побарам заедничко решение. Не е решение да го анулираш моето постоење и моите искуства.
А што е финтата со повторување дека транс жени не можат да раѓаат, како да сте кажале нешто непознато за човештвото?
Финтата е дека тој биолошки момент е голем дел од идентитетот на жените, глобално. Мене, тебе, на Спешл не ни е, ама ние не сме жените глобално.
Даваме дефиниција шо е жена. Пошо никој не се најде да ,,нѐ научи” Муабетот мој е дека моеш како сакаш да се осеќаш. Ама добра стара: пред фактите и Боговите молчат
Кај реков дека мене не ми е извини? Битно ми е, ама не го нагласувам нон стоп. Туку и самите транс луѓе се свесни дека не можат да бидат 100% биолошки друг пол, не мора на секое истото да се збори.
Па раѓањето не дефинира што е жена. Можеме да сведеме на наједноставна биолошка и генетичка дефиниција: жена е човечко суштество со ХУ хромозомски пар. Понатаму може да има милион и една биолошка разлика. Се извинувам што тебе те ставив во реченицата. Ете на мене и Спешл не ни е. Поентата кога се потенцира раѓањето не е во биолошкото, иако е засновано на биолошко, туку на психолошки момент "остварување како мајка". Глобално жените во својот идентитет ја сакаат и бараат таа улога, што значи тоа што јас, Петра, Трпана и Филимена не се чувствуваме така, не значи дека не е клучен дел од поимањето на жените за себе, самоостварување итн.
Да ја сфатиш конотацијата на муабетот Не знам дали читаше позади. Не ми беше тоа муабетот. У смисла. Транс жена вика ја се осеќам ко жена. Така? Има работи кои природно те праат жена. Не може некој шо до вчера мочал стоечки, да ми кажува на мене шо крварам секој месец дека е побитен или подобра жена од мене. Или дека е леџит жена. Коа ќе се тресе да не му претекло добиено, кога ќе качи 20кг + при бременост, ќе седнеме да јачаме муда кој е жена.
Сфаќаш колку ти е проблематична логиката? - не сите жени раѓаат, некои намерно, некои не можат - не сите жени имаат менструација (поради разни нарушувања) Итн. Можат да се дел, и се, но жена што се родила без матка пример, не е помалку жена од тебе. Или жена што намерно или ненамерно никогаш нема да роди.
Ама пак ни тоа никаде не го реков, дека станување мајка е небитно од психолошки аспект. Некои работи сама си ги додаваш. Го почнав муабетот дека на транс жениве постојано мора да им се стави во фаца дека не можат некои работи за да "си го знаат местото". Еве зошто никој ништо не се буни за транс мажи?
Па добро де еве 1.Ниеден транс маж (читај биолошка жена) нема да го знае чувството на болење на јајца после подолг период апстиненција од секс 2.Нема да знае како болат јајцата при удар 3.Нема да праи никад операција на простата 4.Нема да е толку физички јак како што може да биде биолошки маж 5.Нема да влезе во ринг да се тепа со биолошки маж, пошо не може едноставно *Штетата за транс мажите е поголема. Доколку одлучат да детранзитираат, гласот никогаш повеќе нема да може да се врати како што некогаш бил дур биле б.жени, ќе имаат брада, скратени гради итн. И многу ги жалам искрено. За транс жените е лесно, облечи фустан, стави кармин, бричи брада секој ден и ете ти ,,жена".
Дека на пример нема НИКОГАШ транс жена да може да роди. Барем не во блиска иднина Имаш да, жени со неплодност и што неќат да родар и све тоа. Ама од транс жените НИЕДНА не може да раѓа. Сакам да кажам, колку и да примаш хормони и операции, некои ствари не може да се случат. Исто и зашто голем дел кукаат за трансплантација на матка дека требало да се усоврши. А нема потреба да се замараме за тоа во медицината, реално.
Леле Хахајај добро Збориме за 1/1,000,000 Муабетот е дека транс жена никад нема да ги има истите чувства и видици кон некои рабтоти ко цис жена, пошо ПРИРОДА СИ Е ПРИРОДА. Исто као шо транс маж нема да осети после 2 саати односи да паѓа за спиење и у кома, ко цис маж Не ме сфаќате изгледа или неќете Многу пластично зборам
Па транс жена може да посвои дете, може да добие дете со сурогат мајка или на било кој друг достапен начин - и пак да се „оствари како мајка“ ако веќе како што велиш тоа е психолошки момент. Исто како и истополов пар што може, и пак да се оствари како мајка/татко без да добијат дете на „традиционален“ начин на пример. Мислам, јасно ни е на сите во темава дека транс жена не може да роди, не видов дека некој кажа дека може? Што е тогаш потребата тоа да се повторува во секое можно мислење за да се користи како аргумент против нив?
Затоа што на биолошките мажи не им е гајле, едноставно. Мажите не се плашат од жените, што транс мажите биолошки се. Ние се плашиме од мажите, можеби затоа што статистички неспоредливо е насилството, физичко и психичко, маж-жена, него жена-маж.