Буквално. Ама и самото чувство чоек Ние жените сме понежни, поемотивни, различно гледаме на работите. Поише се тресеме коа детето е болно, кога ќе се гребне, кога плаче се тресеме зошо плаче. ПРИРОДА.
Нормално, зборувам што е одлика и дел од идентитет на НАЈГОЛЕМ, и тоа многу најголем дел од биолошките жени. Едноставно е кажано, мажите не "сонуваат" бременост, најголем дел од жените да. Ни транс жените не "сонуваат" бременост. И жената која не може, најчесто сака. Итн. Е не е природа маќе, воспитување е.
Е кај е воспитување Ја два дена да не јадам мајка ми ,,ќе те носам на гастро” ,,ќе те носам на испитувања” Татко ми ,,коа ќе огладне ќе бара самата” Ми касни еден ден добиено. Мајка ми: епа боса по плочките, ги настина јајниците Татко ми: не ни знае Татко ми не сфаќа зашо Always се таа цена, а пример Everyday таа, не па да објаснувам за капки. Не се праи сеа и ти на Тошо И ја неам нишо против транс особи, ама неќам некој да моча врз тоа шо сум за да искочи он special snowflake. Није им ово Америка, а ни Дизниленд
Добро, и? Како неможноста на транс жените да забременат и ете фактот дека не можат 100% да бидат како цис жена е релевантно за остварување на нивните права? Мислам, јасна е позадината на одредени мислења, негирање на трансродовоста, одбивање да ги гледаат транс луѓето како нешто поразлично од биолошкиот пол, омаловажување итн итн.
Па веројатно ќе дочекаат. Можеби не утре, ама науката не ја интересира МПЦ искрено. Ја интересира тој што ја плаќа. Пошто некој ги плаќа испитувањата, лабораториите, материјалите, научниците итн. Ако јас ги имам парите, ќе одлучам што сакам да финансирам и што сакам да се истражува. Така функционирал и функционира и ќе функционира научниот свет. Така што, ако има кој да финансира трансплантација на органи, ќе има истражувања и евентуално ќе може да се трансплантираат. Можеби ќе дојде ден хетеросексуален пар да може таткото да го "износи" плодот. Можеби. Не знаеме. Ама знаеме дека успешно пресадуваат лица и други органи, нешто што пред 15 години беше незамисливо. Со која брзина денес посебно се развиваат нови методи и секојдневно речиси се доаѓа до нови информации за нашите тела, преседан е во историјата на науката генерално. Така што, не викај "никогаш". Не сум убедена во тоа Воспитување е чоек, како ја воспитувале мајка ти, а како татко ти.
Па искрено ако дојде трансплантација на матки пред многу други работи болести, ќе се разочарам од животот. Вака искрено. Ама не збориме само за стручност и методи. Него дали у телото е возможно да пресадиш матка. А бременост не е само матка. Цел метаболизам се менува кај бремена жена.
Ах. Или слепо поддржуваш или си трансфоб, средина јок? Кој кажува што е жена и што е исклучиво женско искуство? Точно, ама имај на ум дека научниците се "тркаат". И секој има свое што го интересира и дали на крајот, има "маркет" каде да го продаде. Не е толку едноставно.
Или поддржуваш или не поддржуваш, шо е дилемата? Шо е средината? Нека не ги убиваат ама нема никогаш да бидат жени?
И, кој кажа дека може? Еве на пример моите се обратни. Тоа е до кој е поголем хипохондрик, не до половите.
Поддржувам право на живот и достоинство. Поддржувам забрана за било каква дискриминација. Поддржувам забрана за било какво насилство. Не поддржувам искривување на биолошки факти за политичка коректност. Природата не е политички коректна.
Дали можеш нешто со органите што ги имаш е друг муабет. Битно е дека ги имаш. И дека лице од друг пол само врз основа на чувство за род не може да те разбере како ти е.
Жена се раѓаш и стануваш и текот на животот. Така и со мажите. Не си маж пошо така те воспитале, туку пошо си се родил ко маж Да беше све со воспитување немаше да има разводи и семејно насилство.
Тие што се надаат на тоа, ваљда. Ама има такви што сметаат дека со операција и хормони ќе личиш 100% на другиот пол. А нема да можеш. И секогаш ќе бидеш тој родениот пол, без разлика што правиш со телото. И затоа не сум за менување ознака за ПОЛ.
Дадов пластични примеро Неќев да се повикам пример на чувство кон дете и посвојување, пошо ќе се навредеа до даска. А на таа карта ако играме е друго
И да ги немаш не си помалце од тој што ги има. Ако ми ја извадат матката, ако сум се родила без неа не сум помалку жена од ниедна друга. Репродуктивните органи се израз на полот, отсуство не те прави спротивен пол. Како што на транс жената кога ќе и' исечат пенис, не станува жена зошто нема веќе пенис.
Јебига. Што е конфузно во тоа "секој нека се идентификува како сака по РОД", полот е НЕМЕНЛИВ? Не затоа што сакам или не сакам јас, туку оти не постои начин да се смени?
И тоа де. И да не се гледаат органите, еве хромозомите. Глупо и погубно е да се игнорира биологијата.