Вистина. Ама сложете се дека не е реално црквата да го прифати ова ни сега ни никогаш Некој работи стојат црно на бело не може се да е шарено
Хомосексуалците не сакаат да сменат род или пол. А јас сум сигурна дека имаш дадено 0 денари во црква во цел свој живот, па земи рачунај сега колку данок помалку е тоа во касата на државата. Е СЕГА Е КРАЈ НА ПРИКАЗНАТА.
Ти како голем верник не смееш другите да ги осудуваш дали имаат или не. Така ли беше? Повтори ја таа лекција. И да, давав се додека мислев дека тие пари идат кај сиромашните, а не во џебот на попот. Е тогаш престанав.
Мене врв на глупости од приказната за законов ми е кога го слушнав оној водителот на Сител коа кажа дека ова можело да се толкува и како воведување на истополови бракови... Оти нели геј/лезбејки ќе си го менуваат родот законски за да стапат во брак... Водител на најгледаната телевизија во земјава, ќе речеш успешен, прогресивен, паметен човек.
Напишано повеќе пати....ај уште еднаш. Утре ако син ти од 5 години ти каже дека е девојче, мораш најозбилно да му пристапиш на проблемот и да го одведеш ако треба и на хормонска терапија. Во спротивно можеби одземено ќе ти биде,којзнае.....денес е трка што посовремени да бидеме, ќе те пријави комшијата,на пример...законов отвара простор за манипулации....за 10 години многу може да се смени....
Кај пишува во законот дека на 5 годишно дете треба да му се дадат хормони? А ако мислиш дека не постојат транс луѓе и дека секоја таква изјава треба да се игнорира...па, тоа е твој проблем.
Цц мислам дека не постојат.... Во закон не се пишуваат примери,правник нека ти објасни...ако грешам дојди,кажи ми....
пишува во законот, лице кое има 18 години а до 18 одговарам јас после 18 нека мења пол ако сака, назад нема
Ете видиш, никогаш никого не сум осудила дали има или нема. И како што јас не сум знаела дека си дал пари во црква, така и ти не знаеш некои работи за другите. Затоа, кога нешто не знаеме за другите, немаме кредибилитет да дискутираме за тоа. Ама кога се работи за проблематики како што е законов сега, сите имаме право да си го кажеме ставот, сосе аргументи. Затоа што сите ќе бидеме засегнати од законските реперкусии, сакале или не.
Мислам дека многу неправилности има во законот, и многу злоупотреби ќе има. Не може туку-така на кој ќе му текне без да поднесе доказ за менување на гениталии, хормонска терапија и психолошка поддршка и слично да смени род. Не знам дали го сфаќам ко што треба, ама што точно тука ви е океј и поддржувате? Ова ги отвара вратите за користење на тоалет, спортување во екипа на полот на кој што се определил, соблекувални и слично. Со ова буквално се загрозува безбедноста и правата на биолошката жена. Ако сум грешка и немам сфатено ко што треба, поправете ме. Ама ако е вака ова е тотален ужас.
Во кој закон пишува, лице кое има 18? Пол не се менува, ни на 18, ни на 58, никад. Што бара темава го религија подфорум, каква врска има со религија
Цел закон, не дел. Зошто треба да прифатам дека е еднаков како мене некој што се чувствува како жена? А можеби утре ќе се чувствува како еднорог. Не мислиш дека не е фер и отвора можности за злоупотреба на манијаци и педофили на пример? Постојат и педофили, па не им даваме право да ја остварат нивната љубов кон децата. И многу други работи постојат, па не значи дека се во ред. Па да, ако постои опција моето или твоето дете да се чувствуваат како "некако" или "некој", можеби и ќе се чувствуваат. Оти на пример пред 100 години не му текнало на некој да се чувствува како да не е ни маж, ни жена, туку некој х род или среден род или шо знам таму каков род?
Жалам, законот вика се менува. И пол, и род и матичен број. Ова го стави Нена прееска. Пред некој месец го постирав и јас предлог законот, ама не знам сега каде е. Таму си пишуваше дека со него се опфатени и лица до 18 години. Ова е можеби сега сменето, не знам. Ќе видиме финалната верзија каква е, ако воопшто ја објават пред гласање.
Во времиња кога сѐ повеќе се заборава верата, традиционалните и патриотски вредности, се јавуваат повеќе либерални или крајно леви идеолошки гласини на "отворен свет" и многу контрадикторности и спротивности кон моралните вредности. Најпрво сакам да разграничам дека кога си религиозен НЕ е само да се каже дека си верник и дека почитуваш. Не е поентата да се молиш ако тоа не го мислиш. Поентата е да го доживееш тоа во себе. Црквите се места на кои човекот може да има душевен мир, а и дека религијата е нешто кое ни е оставено од нашите предци, бидејќи пред да се создаде овај денешен свет и систем на живеење, светот бил поставен на темелите врз религиските закони, а од религиските закони денеска произлегуваат речиси половина од кривичните закони кои се застапени во судството, со тоа можеме да заклучиме дека религијата нее "мистериозна измислица" него систем врз кој се темелат многу работи. Религијата, независно која, е добра бидејќи секогаш кога осеќаш дека никој не те разбира, знаеш дека има некој кој ќе те разбире. Секогаш може да биде водилка кога си безнадежен и разочаран од сите други работи. И точно, секогаш има попови кои не ни се допаѓаат. Факт е дека за некои „попови – лопови“ е вистина таа фраза, но јас не верувам во попот туку во религијата. И уште поголем факт е дека постојат многу исклучоци. Ние младите треба да си ја негуваме верата моралните вредности, исто како и нацијата бидејќи без тоа ќе бидеме големо НИШТО. Да се огледаме на големите нации како сите го негуваат своето "јас". Сега честопати наидуваме на атеисти кои коментираат ,,ама јас верувам во наука”. Точно веруваме во наука и тоа е супер. Меѓутоа на религиски прашања треба да бидеме сплотени и на прво место да го ставиме она што како аманет го имаме од нашите предци, бидејќи поколенија пред нас пред да дојдеме ние на свет биле едно и заедно, зарем идните на следници на таа фамилијарна лоза треба да биде исклучок бидејќи "светот се променил"? Тоа е исто како да му кажеш на блиските нешто лошо за тебе, а со тоа ги повредуваш и им го кршиш срцето. И не… Не мора да бидеме страшно големи верници. Доволно е и да ги почитуваме основните вредности кои ни останале, да бидеме горди на религијата и да бидеме добри луѓе. Најважно од се, кога ние се "под конец" забораваме на многу работи. Дури и најголемите атеисти за момент станале најголеми верници, кога имало и се соочиле со тешки моменти како антропогени и природни катастрофи (авионски и сообраќајни несреќи, земјотреси, поплави итн). Зошто во тие тешки моменти секој го бара Бог, а претходно не сакал да чуе за него? Зошто во тие моменти не ја побарал науката, совршенството на светот, изумите, да му помогнат? Но Бог е милостив и нее мачка да не гребне одма. Традиционалното семејство не смее да биде уништено (прикажано преку „Диво месо“ од Горан Стефановски) На 27-ми април одбележуваме 70 години од раѓањето на Горан Стефановски. Кога зборуваме за него, секокогаш прво ни доаѓа на памет книгата „Диво месо“ која во најмала рака ја имаме обработувано додека бевме средно. „Диво месо“ е напишана 80-те години на минатиот век, а темата на оваа драма е распаѓањето на едно македонско семејство кое е условено од времето и од различните сфаќања на сите членови од семејството. Иако оваа драма е напишана пред повеќе од 40 години, ништо не е сменето. Тематско-идејната рамка на оваа драма ни отвора нови прашања за постепеното губење на традиционалното македонско семејство, кое денес е присутно повеќе од било кога до сега. Низ призмата на Горан Стефановски кој повеќепати алудирал на значењето на фамилијата, а низ неговата „Диво месо“ е да знаеме дека фамилијата секогаш треба да е на прво место. „Најстрашни се оние времиња кога самиот дом се претвора во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште, а саштисан и отуѓен како змија да го полазила. Кога е внатрешно раселено лице. Кога „т’гата“ не е поради отсуство туку поради присуство. Кога седи среде куќи, а не може да си ја препознае домата.“ Да се свртиме кон корените, да ја негуваме традицијата и да чекориме напред почитувајќи го традиционалното семејство. Единствено семејство е традициналното, тоа кое е составено од маж и жена. Да ги почитуваме вистинските вредности бидејќи само можеме на правилен начин да чекориме напред. Во последно време можеме да забележиме се поголема пропаганда наменета за создавање на некоја „нова нормалност“. Ние македонците и сите останати националности сме мнозинство што има силно национално и етничко чувство. Мнозинство што себеси се декларираат како Македонци, за разлика од нивните прогресивни другарчиња кои не познаваат нации и се „граѓани на светот“. Ние сме мнозинство кое се‘ уште е традиционално. Ние сме мнозинството кое има почит спрема родителите, народното творештво, историјата, сите дејци кои твореле на овој простор. Нас не ни требаат паради за да се покажеме кои сме. Доволно добро знаеме и немаме потреба од експонирање. На нас фамилијата ни е пред се‘. Имаме почит кон народната музика, народните танци и ора. Ние сме традиционални, а околината не‘ гледа како „затуцани“ бидејќи веруваме дека има САМО два рода – машки и женски, а семејството го гледаме како заедница меѓу маж и жена. Ние сме мнозинство кое најнормално комуницира меѓу себе без употреба на фразите „п, не ми текиња зборчето на македонски“, „екшуали“, „као“ итн. Мнозинство кое е сочинето од многу полиглоти, но пред се‘ си го знаат сопствениот јазик – македонскиот. За разлика од нивните врсници кои не си го знаат сопствениот јазик, а ги знаат странските, сленговите. Не може така. Ако сакате да ја изградите куќата секогаш се почнува од темелите. Ние сме мнозинство кое било на секој дел од тркалото. Еден дел горе, друг дел долу. Ние сме мнозинство што израснало по трибини. Ние сме мнозинство кое знае за авторитет на постарите во маало. Мнозинството кое полнело шишиња со вода на постарите без да им пререче збор, а токму таа стравопочит не' научила на многу работи во животот. Ние сме сите оние кои не се експонираат, но секогаш се свои на своето. Нема да дозволиме да не‘ надвладеат, нема да дозволиме да не‘ повлечат. Ние сме мнозинство, но тивки... А тивка вода – брег рони. Националните, традиционалните и религиозните, добро некој не мора да да е религиозен, но првите две, треба да ги чуваме и негуваме како сопстените очи. Кога од сите страни сме "сардисани" и ни наметнаа друго име, сакаат да ни го загрозат и нациолниот идентитет, јазик, култура, традиција и морал, не смее да дозволиме да бидеме катастрофа на дното. Како и сите закони што се носат во државава и се на штета на народот, така и овај закон е штетен. Ќе речите во Германија, ОК, САД, Франција, се напредни и го имаат истото, но има разлика меѓу нивните и нашите закони иако тие ни ги наметнуваат. Познатиот и главниот лик од филмот "Кум" ќе го рече следново: "Семејството е најважното нешто во животот – Крвта е погуста од водата. „Човек кој не поминува време со своето семејство никогаш не може да стане вистински човек“ и „Единственото богатство на овој свет се децата, поважни од сите пари или моќ на земјата“ – Дон Вито Корлеоне. Против.
Чејте една работа. Нели род и пол не е исто за нив? Ако ознаката во лични документи е за ПОЛ, а они се различен РОД, зашто да се менува ознаката? Ако само родот е, ознака за пол треба да си стои иста, а ќе ставиш дополнителна ознака за родот по желба, ако више сакаат на народ род и пол да не им е исто.