Мхм... полови, родови, еднорози...све во едно, нема проблем. Која ознака за пол- во матична евиденција, ака матичен број или во личен документ ќе се бира м, ж? Затоа што сакаат нешто, ама не знаат како да го кажат @Munchmallow20 .
Само на кратко. Еве ви пример до кај иде ова. САД веќе има закон за родова еднаквост, овој е дополнително, зошто нема крај на либералноста ваљда. https://www.kptv.com/2023/04/17/was...l-procedures-minors-without-parental-consent/ Повеќе за резоните на МПЦ Спојлер: . "Дискусијава" вришти од игнорантност до толку што е нечитлива. Само не ја мешајте геј-заедницата и правда за исти во тема за родова еднаквост. Ви се молам. На 20годишниве што скакаат секаде и за се да паметуваат ај можда и ќе им се прости, ама на 40 годишниве од превише грижа за baby daddy-to на Тони Гиговска и такви ми ти останати МЈФ тривијални проблематики што немаат слободно време и воља да се информираат и едуцираат за вистинските тривијални проблематики во општеството баш и не. Ова Џаво однео шалу, во најозбилна и најфигуративна смисла. A да и истите увреЃени, либерални, дискриминирани, пресвети души што ништо не прават, поготово не пасивно-агресивно наметнуваат идеологии и забрана за спротивно гледиште. Со се новата либералЕ црква што се вметнува ''тивко '', ''нешумно'' и ''неприметно'' од задна врата нашироко во школите во секуларната ни држава во име на не-дискриминација, еднаквост, љубов, мир во светот и такви ми ти ствари. Ај ако не НЕ. Само тоа. Продолжете.
Треба да е 18, во законот за матична евиденција. Во законот за родова еднаквост е до 18. Го имаш видено тој закон Нена? Член 4, став 6 Инаку го постирав ова во Скд ама ,,невидливата рака на демократијата,, го тргнала? Не е проблем, ќе постирам пак, и пак, и пак... Лиле Поповска- познат религиозен фанатик и аналфабет, вака вели:
Римокатоличка црква многу прави за народот, на страна што Ватикан е у злато тие праќаат свои лица низ сите краишта на Италија за да ги образуваат децата и да ги тргнат од улица и тоа со еден куп активности. Исто така, каде и да се обратиш у црква и да побараш помош ке ти биде пружена, вратата нема да ти е затворена како у Православна црква. @Feminka22 ти не произнесе факти зошто било ок да посвојат деца туку даде свој личен став за некој си пар кој си гледала колку им е добро, арно ама не знаеш што се дешава зад затворени врати. Е сега, тоа што имаме искривени вредности и во традиционално семесјтво па затоа искачаат еден куп истрауматизирани индивидуи тоа не го спорам. Но, кога би збореле за некој идеализам, едно дете има потреба од мајка и од татко, да се огледа и на девете улоги. Кога тие мајка и татко (пак ке речам: идеални услови) би биле пред се емотивно зрели тогаш и самата единка ке расте така. Рачунај траума на едно дете која е што расте со еден родител или со баба и дедо или пак у дом, а замисли како би било тоа дете кога би растело со нормални мајка и татко (се надевам немаш почуствувамо, зашто јас го минав тој пат). Сепак, постојат доста психолози и психотерапевти кои упорно објаснуваат за значајната улога на татко и мајка кај едно дете. И прашање ми е, како тоа дете ке израсне со двајца родители од ист пол? Кој и каква улога ке има мајката а каква таткото. Јер да не се лажеме, двајца мажи никогаш не би го имале она мајчинското во себе, а ниту пак две жени да го имаат татковското у себе (што за жал јас тоа го немам осетено а цел живот трагам по таа енергија) @nena2010 во врска со таа подточка, ова е мој став.
Каква врска имаат јазикот и ората со трансџендери? На минатата страна спомнав, никој не ми одговори. Педофилите произлезени од разни религиски деноминации а особено католичката Црква ги игнорирате намерно или ненамерно? Наеднаш не е битно колку деца се злоставувани таму, ама замисленото прифаќање на педофилијата е опасна закана?
Каква врска има МПЦ со католичката црква? Темава е за цркви, педофилија, или за МПЦ и закон за родова еднаквост? Имала МПЦ педофилски или секс скандал, сум пропуштила нешто? Инаку ништо немам јас со МПЦ, ама за законов сме на иста линија.Ќе објаснам подоцна повеќе, ко ќе престанете со фрлање песок во очи и ќе се сконцентрирате на проблемот.
Никаква, ама членката ја спомна па се надоврзав. Инаку, во предлог законот колку што видов има и за поголемо % вклучување на жените во општествениот живот. Не гледам проблем во тоа.
Мене не ми е јасно зошто црквата се вмешува во сето ова, според мене црквата не треба да се меша во ова, таа го проповеда христијанството. Дали некаде во библијата сте прочитале дека е дозволено склопување на исто полови бракови, промена на родот? Зарем не велиме господово воља било да се родиш тоа што си и не е во ред да се крши вољата на бог? Медицината е навистина доста напредна се оплодуват жени па дури и мажи по вештачки пат, ама сепак тоа дете само едниот родител ќе му е биолошки, пример ако се во брак две жени и сакаат дете за да остане едната од нив трудна по медицински пат и се вградува сперма од друг маж (донатор на сперма). Сепак јас не ја гледам иднината во тоа, супер е што напредува и медицината и науката во сите области, но оваа.. Со ова не одиме напред, ова е уништување на народот. На секое дете му се потребни и мајка и татко, а не две мајки или двајца татковци, кои се водат како родител еден и родител два. Како ќе ги едуцираме идните генерации, се бориме за воведување на сексуална едукација, што ќе им кажеме? Ајде ќе се навикнеме, ќе стане сето тоа нормално, тогаш што ќе биде потребата од машки и женски пол? Најдобро вештачки нека не мутираат па сите исти да се раѓаат секој да има и машки и женски полови органи, полови хормони.. Јас сум за да бидеме еднакви и мажите и жените, да имаме исти права за вработување, за плата, за образование.. Ама треба да остане таа граница помеѓу нас да се знае кој е машко кој е женско, сепак иако сме и двата пола луѓе, поинаку сме градени за да можеме заеднички да се размножуваме.. Спојлер: . дури ни животните не се е*ат со ист пол, разликуваат кој што е, кај отидеовме ние, страшно..
Ke pisuvam na latinica da e pobrzo Sto fakti pisav Dobri Razbirlivi Mili Sekad tuka da te soslusaat Ne plukaat po strejt
Во која смисла треба жените во поголем процент да се вклучени и во кој дел на општеството? Ако добро го сфаќам законот, значи треба соодносот на мажи и жени во да речеме правосудството да биде ист? Прво ова е комплетно нереално и неприродно. Треба да се трудиме за да бидат секаде застапени најдобрите, без разлика на пол, а не да се трудиме жените и мажите да се исто застапени по вештачки пат. На овој начин испаѓа дека и во образование треба пола жени да се тргнат и да се донесат мажи. Со било кое вештачко наметнување на еднаквост во бројки, само ќе постигнеме тие што можеби се најдобри и најспремни за одредена позиција да не бидат избрани зошто одредена квота треба да се пополни. Ни нас како жени не ни е тоа во прилог, и ние како работодавци нема сигурно да даваме предност на жена пред маж, ако мажот е поквалификуван, само зошто треба да бидеме 50-50. Мислам дека такво процентуално ограничување само ќе служи за раст на администрација во државата, на луѓе кои не реално го заслужиле своето место. Истото се случува со рамковниот договор на пример, само таму не е родова, туку национална основата. Во суштина на никој човек што сака здраво општество не може да му е ок во % да се одредува колку такви треба да бидат вработени, освен можеби за лица со попреченост кои навистина се во сосема незавидна улога и за кои нема друг начин да се поддржат. За сите здрави работоспособни луѓе не треба да важат никакви проценти на било која база.
Каде точно виде вклучување на %жени? Законот е за родова еднаквост. На мажи, жени и останати родови идентитети. Мажи и жени се однесува и на трансродовите личности кои се едентификуваат како мажи и жени. Истото апликативно и на лицата до 18. Тие останатите по род, во колкав процент треба да бидат застапени и каде? Ако ги нема, шо ќе праиме, кај да ги најдеме? Ете, и @Celltica ја збунивте, измеша родови и полови.
Тоа е мамец. Не значи тоа повеќе вклучување на жените драга, туку на мажите што се идентификуваат како жени,а жени се само на папир. Дури тогаш ќе видиме што значи класична дискриминација на жените.
Имаше пост од некоја од нашиве невладини дека разочарувачки е што жените многу малку ги има во градежништвото. Мислам...која сака слободно нека иде да работи тоа, ама што знам, очекувано ми е професии што бараат физичка сила да имаат повеќе мажи од жени. Плус еднакви шанси според квалификации е едно, а еднаква застапеност е друго
Нашите невладини, додуша и малтене сите невладини се механизам за перење пари и ништо повеќе. Кога ќе видиш кои ликови им се активисти и кој наратив го тераат, се ќе ти е јасно. Род бе, да, пол сум пишала сори
Те разбирам и ова има целосна смисла ако сме општество кое е поразвиено во секој сегмент и мизогинијата е искоренета. Ама еве ќе ја земам политиката за пример, тоа што има голема разлика во соодносот м:ж, дали се должи на природна поголема способност на мажите за водење на државата или е маалку подлабоко? Во нашите околности, оправдано е тоа вештачко застапување бидејќи голем број жени сѐ уште не добиваат еднакви шанси во одредени сегменти. @Biljarkata @orevokrsacka не размислувам толку песимистички бидејќи мислам дека бројот на луѓе што се идентификуваат со друг род ќе биде премал и реално незабележителен. Не ми личи дека масовно пола Македонија ќе се пише спротивен пол/род.
Да де. Затоа се битни тие до 18. Ништо, тебе ко те лизнаа @Celltica секој е ,,лизнателен, или подобен на лизнување. Ете толку треба, мало невнимание и оп... А тек што некој појма нема од род и пол...