За еден месец ќе правам свадба и бидејќи не се разбирам многу од овие работи ми треба помош. Пробав да разговарам со родителите и од двете страни но секој има свое мислење и малку станува збунувачки по некое време. Инаку ние се одлучивме за модерна свадба но исто така да вклучиме некои од традициите како на пример идењето по невеста. Затоа ме интересира како би бил протоколот на свадбата ако имате слично искуство и на пример како иде со дарувањето кога ќе дојдат луѓето по невестата. Инаку ние (младоженците) ја плаќаме целата свадба.
Ај двете во лп пишете ми дата на свадбите и дали ке ги имате сите церемонии од Нене како свадбен подарок за феминки, детален протокол
Да речеме дека во ресторан приемот започнува во 19 часот. Ако имате регистрација и венчавка во овој случај би биле од 17 часот. Кај невестата доволни се два часа, значи некаде околу 14:30 или 15 часот се тргнува по невеста. Обично и пред одењето по невеста, дома кај младоженецот се собираат сватовите, па отприлика ова би почнало некаде околу 13 часот. Ама вака се прави обично преку лето и во случај кога младенците се од исто место. Ако невестата е од друг град мора да се испланира и времето за патување до таму. Ако планирате и фотосесија и за ова треба плус некое време, зависи каде ќе се одвива самата фотосесија. Барем вака беше на последните неколку свадби кај што бев. За дарувањето. Најчесто невестата ги дарува потребниците на денот на свадбата, ама тоа може да биде и друг ден, работа на договор е ова. Обично, момчето влегува во собата кај невестата, таа му закачува китенка, деверот и ги дава чевлите на невестата, бидермаерот (некаде има шаферка па таа го носи бидермаерот), невестата и нив ги кити, па има кршење кокошка и баница. Потоа, невестата влегува кај што се сватовите и обично овде ги дарува потребниците и ги кити. Така е во мојот крај. На прв поглед едноставно, ама збунувачки
И јавно да се заблагодарам на nene88 за прецизниот Протокол на свадба кој ми го испрати во ЛП Благодарности уште еднаш
nene ајде молим те прати ми и мене, збунка сум скроз, и тотално немам поима како да се организирам со време.
Читам наслов ПОРТОКАЛ на свадба што е пак сега ова За ништо да не се секирате бабите, тетките, вујните они се ќе ве оправат а уствари оние камермани и сликари што се цело време со вас тие знаат се на памет
Сликарите што ви се ангажирани ќе ви направат детален план за сѐ. Во колку часот каде, од каде... Цел протокол, адети, дарување, се разбира во консултација со вас што (не) сакате да има. Барем кај нас така беше и се одеше по план.