Протокол на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од buci.nene, 24 јули 2014.

  1. buci.nene

    buci.nene Нов член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    За еден месец ќе правам свадба и бидејќи не се разбирам многу од овие работи ми треба помош. Пробав да разговарам со родителите и од двете страни но секој има свое мислење и малку станува збунувачки по некое време. Инаку ние се одлучивме за модерна свадба но исто така да вклучиме некои од традициите како на пример идењето по невеста. Затоа ме интересира како би бил протоколот на свадбата ако имате слично искуство и на пример како иде со дарувањето кога ќе дојдат луѓето по невестата.
    Инаку ние (младоженците) ја плаќаме целата свадба.
     
  2. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    и мене ми треба едукација по однос на ова прашање :)
     
  3. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Ај двете во лп пишете ми дата на свадбите и дали ке ги имате сите церемонии :) од Нене како свадбен подарок за феминки, детален протокол :)
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Да речеме дека во ресторан приемот започнува во 19 часот. Ако имате регистрација и венчавка во овој случај би биле од 17 часот. Кај невестата доволни се два часа, значи некаде околу 14:30 или 15 часот се тргнува по невеста. Обично и пред одењето по невеста, дома кај младоженецот се собираат сватовите, па отприлика ова би почнало некаде околу 13 часот. Ама вака се прави обично преку лето и во случај кога младенците се од исто место. Ако невестата е од друг град мора да се испланира и времето за патување до таму. Ако планирате и фотосесија и за ова треба плус некое време, зависи каде ќе се одвива самата фотосесија. Барем вака беше на последните неколку свадби кај што бев.

    За дарувањето. Најчесто невестата ги дарува потребниците на денот на свадбата, ама тоа може да биде и друг ден, работа на договор е ова. Обично, момчето влегува во собата кај невестата, таа му закачува китенка, деверот и ги дава чевлите на невестата, бидермаерот (некаде има шаферка па таа го носи бидермаерот), невестата и нив ги кити, па има кршење кокошка и баница. Потоа, невестата влегува кај што се сватовите и обично овде ги дарува потребниците и ги кити. Така е во мојот крај. На прв поглед едноставно, ама збунувачки :D
     
    На buci.nene му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    И јавно да се заблагодарам на nene88 за прецизниот Протокол на свадба кој ми го испрати во ЛП :)
    Благодарности уште еднаш :*
     
    На nene88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила, нема на што :*
     
  7. insatiable-b

    insatiable-b Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    nene ајде молим те прати ми и мене, збунка сум скроз, и тотално немам поима како да се организирам со време.
     
  8. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Дали би можело и мене да ми пратиш? :)
     
  9. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    насловов го прочитав како портокал на свадба ok enough weed 4 me
     
    На FreeMind, buba4e89, Danira и 4 други им се допаѓа ова.
  10. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Пратете ми дати на свадбите, кога имате закажано црква и матично и колку гости ќе имате :)
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.696
    Допаѓања:
    38.365
    Пол:
    Женски
    Кај нас немаше никаков протокол. Во 18 и 30 бевме во матично и после тоа во хотел.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Читам наслов ПОРТОКАЛ на свадба :rofl: што е пак сега ова :^)

    За ништо да не се секирате бабите, тетките, вујните они се ќе ве оправат а уствари оние камермани и сликари што се цело време со вас тие знаат се на памет 8-| :rofl:
     
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Сликарите што ви се ангажирани ќе ви направат детален план за сѐ. Во колку часот каде, од каде... Цел протокол, адети, дарување, се разбира во консултација со вас што (не) сакате да има.
    Барем кај нас така беше и се одеше по план.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.