Можеби е малку лигаво, но би сакала да имам од оние фотографии со голо стомаче и рацете на сопругот.. само не знам дали кај нас некој врши таков вид на фотографирање? Зашто не би сакала тоа да биде било кој, од некое си фото студио па да се чудам каде ќе ми завршат фотографиите со бебешки стомак во долен веш..
Па иди во некоја продавница кадешто прават фотографии и прашај дали и како идат тие работи, може ли, не може ли, ќе си направиш муабет со фотографот и ќе видиш што ќе ти каже, јас не сум запознаена со тие работи
Здраво на сите Сакав да споделам дека кај нас сè повеќе идни мајки одбираат да направат труднички фотосесии како убав спомен од овој посебен период. Јас работам ваков тип фотографии и нудам неколку опции – lifestyle фотосесии во вашиот дом или фотосесии на отворено, во природа или на локација по ваш избор. За идните мајки имам и гардеробер со специјални фустани за трудници во бохо стил, кои се многу удобни и прекрасно изгледаат на фотографиите. Атмосферата секогаш е опуштена и приватна, за да можете да уживате и да се чувствувате природно пред објективот. Дел од портфолиото како и повеќе информации можете да погледнете тука https://loveclick.mk/uslugi/trudnicki-fotosesii/