1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Професионални шминкери

Дискусија во 'Лице' започната од Lizalka, 15 март 2010.

  1. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Ќе ве молам ако може да ми препорачате некој кој стварно добро знае да шминка, ми се ближи матурата и многу сум неoдлучна, никогаш до сега се немам шминкано некаде и не знам кој како работи... Ми го препорачаа некој Влатко од Лептокарија, Владимирка го викале, многу добро работел... Пишете вие каде планирате да се шминкате гледам повеке не има матурантки, или ако веќе сте се шминакле и сте задоволни... Цената не ми е битна, само убаво да работи...
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Јас искрено не планирам да се шминкам во некое студио, пошо многу деликатна сум, уште ако не ми се бендиса шминката... :roll: Ќе ме шминкаат или една другарка или братучетка на една друга другарка. Девојките знаат да шминкаат, а јас и не сакам баш нешто ептен да се шминкам. Колку да не сум без ич.
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Како што гледам Лижалка, опседната си со матурата! Опушти се малце 8)
    Шминка... имам другарка која добро шминка, така да нема да давам пари на проф. шминкери.
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Лично имам другарка која ме шминка од матурата па наваму за сите можни дешавки, како свадби, годишници од матури, апсолвентска...Професионален шминкер е, моментално работи како шминкер во една телевизија и по договор кога има снимање за некакви реклами или музички спотови за нашиве пејачи. За приватно шминкање доаѓа на закажано, обично кај муштеријата дома, а инаку користи шминка на Manhattan. Доаѓа и за пробна шминка по потреба. Јас сум си презадоволна од нејзе, не ја мењам за никој друг и секогаш и давам одврзани раце како сака да ме нашминка, бидејќи така најубаво излегувам. Значи нема утка :D Ако сакаш можам да ти дадам име и нејзин број, исто и слики ако сакаш да погледнеш од нејзина работа, пиши ми само приватна порака.
     
  5. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Неееее, нема врска.. не сум опседната ни најмалце... Само вака на компјутер кога нема што да правам се распрашувам за овие работи... онака сум преокопирана со многу други работи што матурата ми е малку настрана... прво оцениве да ги средам... :lol: :lol: :lol:
    Не знам зашто си добила таков впечаток, ваљда дека многу се распрашувам, ама тоа чисто да си знам да не бидам после у брзанње... :D
    Позз
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    :up: хехе Впечатокот е поправен ;)
    (п.с. Мене сеуште ми се чини дека матурата е дааалеку дааалеку - а ете ни ја пред нос :o :lol: )

    п.с.с. Се извинувам на оф топик :mrgreen:
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Jas se sminkav kaj Vlado Georgiev i zadovolna sum :) togas plativ 1500 den, sega nezz kolku e
     
  8. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    И мене ме има шминкано Владо и си се свиѓав како испаднав. Значи шминка добро човкот, ама па некако ко по калап да шминка. Сите исто ми ги прави. Црно моливче целите очи обрабени и смоуки ајс :) Фино изгледа таа шминка не викам не.. ама не ја приспособува на ликот баш. Некој што има доближени очи на пример не стои ама баш ич тој тип на шминка. Кај друг се немам шмиинкано, ама од искуства од другарки и што сум гледала шминкани какви испаднале најдобро ми шминка Дадар. Некако како да шминка прилагодено на приликата, ликот на девојката и нејзината енергија што ај носи. А за цена колку зема незнам... не сум имала потреба, не сум се распрашала.
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    kaj dadar e 2000,no iskreno do sega mnogu pati i utnal
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    Јас се спастрив кај Владо за матура,сакав приприоден,нежен изглед,ама сепак да се познава дека е шминкано,со тоа што очите да ми бидат малце понагласени и таков и си добив,ама препорачувам уште сега да си закажете,затоа што јас имав закажано уште за табло кога се сликав во февруари,а крај на март другарки пробуваа да закажат немаше простор.Љупка Арсовска супер е,има осет и знае што сакаат женските,бев во Есенс за фризура кај сестра и одлични се девојките немам збор,а кај Дадар неколку два пати за свадби,еднаш во релаксирана атмосфера и добро ме нашминка,ама му кажав јас како сакам(смоуки ајс,бледо руменило и усни)супер ме среди,ама вториот пат имаше натрупан распоред никако ме направи зошто имаше една пред мене и две после мене...и нагласувајте си како сакате затоа што инаку многу нападно шминка со јако руменило и јаки кармини што по мој вкус не е ок.

    Имате еден куп избор,ама важно е да знаете што сакате и да си го кажете тоа,затоа што во спротивно нема да бидете задоволн,луѓево не читаат мисли и да по можност носете си ја гардеробата што ќе ја носите вечерта за да ви ја усогласи баш шминката,не е само до боите,туку и до креацијата.Јас така направив,така што и фризурата ми ја средија според фустанот и шминката исто така...
     
  11. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    А Сергеј? Никој го нема спомнато до сега, да не занете случајно кај му е студиото и колку зема? Колку што можам да забележам задоволни сте од тој Владо? А кај работи, во Лептокарија да не е? Ако имате бројчиња пишете
     
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Еве ти бројчиња: 070252456
    075252456
    а еве го и неговиот сајт, колку да зирнеш :)

    http://www.vladimirgeorgiev.com
     
  13. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Бројчињава од него се :?:
     
  14. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Ако не се променети да :) Мислам... не Сергеј да не ме разбра погрешно. Од Владо
     
  15. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Си закажав, фала за бројчето ;)
     
  16. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    И да прашам ке може некој да ми каже од прилика колку време трае шминкањето кај владо?
    И кај се наога неговото студио? ја битно закажав а поима немам каде е :lol: :lol: :lol:
     
  17. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Мене ме шминкаше кратко - што знам некои 10-15 минути... А за локацијата незнам дали е истата. Порано беше до Гиро Маниа на Партизанска во таа старата куќа на втори спрат каде што му е студиото за фотографирање.
     
  18. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    И ја пред некој ден закажав кај Владо Ѓ. и ми кажа дека се наоѓа негде кај Саем!! Ја закажав за средина на Мај така да непосредно пред термнот ќе го барам за точната локација :)

    А околу шминкањево и нашите “шминкери“ ќе си кажам дека од Дадар не сум задоволна ич- све по ист терк шминка- сиво и бело и јако руменило :Down: , Сергеј е топ но за некоја послободна пригода- приватна забава и сл. пошто ептен го бива за шмнка- штосна, со различни бои и линии, а нежни и свечени боље некој друг- како на пример Љупка Арсовска.

    А за Владо Ѓорѓиев, прв пат сега кај него закажав- ептен ми го препорачаа.... па ќе видиме каков ќе е резултатот ;)
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    мене дадар како работи ич не ми се свиѓа, другарка имам леле луѓе и без шминка е преубава..за свадбата нејзина и утна и фризура, и шминка беше како некој дух.... :?
    За мојата матура, ме шминкаше пријателка која е професионален шминкер од леонтич, ми зеде 800 денари и за шминка и за фризура.
    2 дена не ми мрдна ни коса ни шминка, дури и шнолите коа ги извадив коста не мрдна....оваа има студио во радишани е сеа појма немам каде точно дека мене дома ми дојде.
     
  20. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Ништо од Владо.. :lol: :lol: :lol: :lol:
    Одкажав, не можам на различни места да правам и шминка и фризура..
    Си закажав на едно место за двете :lol:
    Знам дека сум комплицирана :)