Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Професионални шминкери

Дискусија во 'Лице' започната од Lizalka, 15 март 2010.

  1. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Некој да не имал искуство со Александар Ризов? Гледам на фб понуда од него доста евтина.
     
  2. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201

    Прекрасно шминка моите другарки беа деверици на свадба и беа прекрасни шминката и фризурата им траеше цел ден и цела ноќ по жештините одеа на сликање итн итн. Мислам дека му зел по 1200 шминка и фризура.
     
  3. s-w-e-e-t-91

    s-w-e-e-t-91 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    тел. број да не имаат другарките твои ?
     
  4. Mag-sk

    Mag-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ARMENDDDDDDDD ! NAJDOBAR E !!!!!!!!!
     
  5. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    Најдобар да ама и НАЈСКАААААААААААААААП ;)
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    ^Мене ми е тој па претерано нападен со тоа боите.
    Кај имаше завршено курс? Во Турција така? Баеги попримил. :lol:

    Стојам на тоа дека Дадар не го бива!
    Не знам многу девојки кои се имаа шминкано кај него за матура, ама девојче со кое бев цела вечер на матура беше кај него за шминка и фризура.
    Прво, за таа шминка и таа коса, 6000? Нека се гони.
    Шминката во ред, не беше нападна што одговараше, бидејќи фустанот беше гламурозен, со преклопи во нијанси кои не одговараат со нападна шминка. Ама тоа беше како воопшто да нема шминка.
    Да, јас сум за природен изглед (иако тоа не се гледа по мојата), ама тоа беше катастрофа. Мислам дека до утрото веќе ја немаше, спадна, ако не и вечерта.
    Извини ако си на форумов и ме читаш. Уште одамна ти кажав што мислам за него. :)

    За Ека прочитав многу негативни коментари.
    Од прв пат кога се видов од памет се извадив затоа што веќе не ми се допаѓаше косата и многу лошо се чувствував за тоа како изгледам.
    Некако не очекував таков smokey, односно јас никогаш не се шминкам така и не бев навикната.
    Светките кои ми ги стави на јаболчниците се изглед кој не можам да го одгатнам. Изгледаа многу убаво во живо, на слика секако дека е се нападно и ми е криво што неам спомен каква што бев.
    Ми иде да се запишам на курс кај неа да дознаам што е тоа, како се става и како не паднаа? А неа беа гел. :^)
    Ми наплати солидна сума, ама самата сакав вештачки трепки од најновата колекција на MAC. Едноставно мерак ми беше, сама си ги доплатив за да не ги дотрошам моите.
    1500 е без трепки

    Е сега, на мојата матура во ресторанот ми го украдоа подарокот од дечкото, купен од Германија, што значеше дека немам од каде да најдам дупликат за да ми стои како спомен.
    Кога дојдов дома утрото, почнав да отварам подароци, и сфатив што е. Татко ми беше во ресторанот, а претходната вечер воедно имав уште еден обид за кражба во истото место и ми беше кристално јасно.
    Почнав да плачам, плачев после тоа уште добри 4 дена цело време, после тоа од време на време.
    Немав волја, најбитниот подарок ми го немаше, си легнав со шминка. Уште еднаш ќе кажам плачев како ретардирана и вечерта кога се разбудив и шминката беше на мене, и трепките.

    Алал да и е.
    Видов дека на многу не им се допадна.
    Јас бев после половина час многу задоволна откако видов како е со трепки затоа што на тоа црнило не иде без. Откако падна сјајот си го добив омилениот изглед.
    Мој совет, одете кај неа.
    И не е точно дека не се интересира што носите, јас до детали и објаснив и што сакам да прави. :)
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Девојки има ли некоја од вас искуство со Мејк ап бај Кика од Охрид?
    Пред некој ден разгледував слики а гледам и цените,незнам.Како работи? Гледам многу девојки како шминкала ова она? Па баш се заинтересирав да прашам? :lol:
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сигурно е добра!
    Не зезај гледај и ги сликите.
    Некои и се претерано драматични, некои не ми се допаѓаат, ама во глобала работата е...мх. :wasntme:
    Лиги ми течат кога гледам.
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Не реков ништо лошо,и мене ми се прекрасно нашминкани.
    Не лиги,бразди почнаа да ми течат. :lol: :rofl:
    Некои ми се премногу нападни,ама некои ми се прекрасни :lol:
     
  10. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    Луѓе,Дадар си ја врши работата солидно.Да беше толку катастрофален немаше да ги шминка Натали,Елена,Каролина итн...
    Да бидеме реални.Може шминка нападно,пренагласено,или не знам си што како на некои што не им се допаднало,али да е навистина катастрофа не би опстоил толку време на пазарот.
     
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    93.971
    Пол:
    Женски
    :!: елена одамна не ја шминка дадар туку даниел николовски 2-3 год уназад,каролина си ја шминка цаци паковска,а натали ја шминка сигурно пошто се блиски пријатели!
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Eлена колку што знам ја шминкаше Дадар за нејзината свадба, а како и да е познативе менуваат соработници што е нормално и не е некое мерило ама затоа пак придонесуваат шминкерите, фризерите, стилистите и сл. да постанат "големи имиња" и да набијат цени до небо само затоа што се спомнувани од устите на мк ѕвездите. :)
     
  13. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Мене многу ми се свиѓа како шминка Ека, ама па многу негативни коментари читам (со одредени исклучоци) и сега се мислам :?:
    А, некој има слушнато или некакво искуство со Зорица Николова?
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Ми треба за свадба шминкер од Битола, па листајќи налетав на ваши пофалби за Зоран Шубревски, па ме интересира оние кои имаа искуство да ми кажат околу цените и локацијата на студиото во Битола. :)
     
  15. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879

    Немам искуство ама мене ми се допаѓа како работи , само она работи појака шминка барем јас така сум забележала знам во спотот Ти си виновна на Лоба и Билбилов она ја има шминкано :)


    А иначе според мене Дадар супер шминка само што е многу спак тоа е друга работа сестра ми се шминкаше кај него за матура да она бараше не нападна шминка ама стварно ја нашминка убаво и по сетоа тоа играње и потење се врати како непипната (тоа беше пред 3 години) .
     
    На K.e.ll.y му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ајде Штипјанки препорачајте ми шминкери, нормално од Штип :lol: :lol: Ако има такви што шминкаат и плус прават фризури уште подобро. Дајте ми сугестии, бидејќи сум на свадба и тие денови ќе бидам во Штип, така да фризура и шминка мора таму. Ако имате бројче, фејсбук и сл. пишете во лична порака. Благодарам однапред.
     
  17. happy1901

    happy1901 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Девојки, некоја од вас да не знае мобилен од Љупка Арсовска? звонам на фиксниот во Есенс, но никој не се јавува...ве молам, итно ми е...
     
  18. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Бројче на Влатко од Лептокарија ми треба.Се одлучив да идам кај него сеа за матурава. Нека ми го прати некоја феминка преку лп.
     
  19. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Љупка не е во државава веќе подолго време.Мислам дека е во Америка не ме факај за збор.
     
  20. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Љупка и Мила се во Америка.

    Број од Влатко од Лептокарија: 02 307 8733