Здраво. Ве молам за препорака за шминка, не ни мора да не е некој професионален, да не е со цена до плафон, дури и може некој кој работи дома. Било кој реон.
Само да ви кажам, закажувајте правете што знаете само кај Make up Meri во Охрид никако!! Ама пази, никако! Прво, нииииикаква подлога за шминка, второ пола фаца имав пудра пола не. Трето, ѝ рекооов најнежно што може и упорно ставаше темна сенка. По 2 минути од кога излегов од кај неа на лицето ми се појавија линии според фацијалните експресии. Лицето ме жежеше цел ден и лицето го чувствував како отечено. Во кратки црти, ми се плачеше. Епа не може бе шминка да е готова за 15 минути . Исфорсирано, скапо, лошо! А, да не заборавам дека ја моооолев 6 пати да закажам кај неа. Дрска.
Здраво Може да ми препорачате некој што шминка (само шминка) до кај 1000 денари. Околина Карпош, Тафталиџе, Дебар Малоо. Благодарам
Dali ima nekoj sto sminma poneutralna sminka da ne stava premnogu pudra, dali imate nekoe takvo iskustvo
Во принцип за да ти трае се ставаат тие слоеви. Но јас на мојава и напоменувам без контури и полесна подлога па ми излегува во пресрет.
Ве молам искуства за Октај за шминка. Во моментов само кај него има термин за денот што ми треба. Не е баш евтин, ама дали вреди?
Искуство за шминка за табло кај LaSamrah Beauty studio,studio Bina Beauty , или tp.professsionalmakeup
Не знам за другиве, знам за Тамара tp.professionalmakeup Според мене многу жолти ги праи лицата Мене ме нашминка како 3 кила да имав цимент и тоа ми стави потемна боја на пудра за разлика од лицето Лично не ми се свиѓа
Не шминка Октај, има девојки вработени. Бев пред некое време, океј беше, ама ништо посебно за парите искрено.