Девојки јас сум презадоволна од Студио Соник, од Соња... И за матура и за свадбата на тетка ми, толку не погоди, што немам коментар. Шминката не се помрдна цела вечер. Прекрасно работи и не е скапа шминка и фризура е 1500... невестинска е нешто поскапа ама малку... Топл ви ја препорачувам
До: s-w-e-e-t-91 најде бр.од Палада? можи и не ти треба повеќе број немам да ти дадам ама еве ти фејсбук негов, http://www.facebook.com/alek.pallada
Кој најде денес се декларира како професионален шминкер ама како што гледам многу од нив немаат ни п од тоа. "Шминкериве" во околинава се "многу" јаки, а овие кои се шминкаат кај нив уште повеќе..., па луѓе 99% од невестите и сите други кои ги шминкаат се на ист начин нашминкани, со иста сенка и слично, само карминот го менуваат и остај тоа на фб па тоа слики фрчат . А нормално е дека шминката варира и од форма на очи, лице, убавото да се истакни, нешто да се сокрие... Значи ова го кажувам за тие околу мене . Инаку ретко кој шминкер да го бендисам во работата, пример, Палада има стварно убаво нашминкани девојќи, некои не толку, ама Сузана Гавазова воопшто не ми се допаѓа како е нашминкана... (без навреда). Многу често критикувам бидејќи ептен ме бива за шминкање (малку да се пофалам де , инаку сите блиски ги шминкам за свечености, матури, апсолвентски, свадби и сл.) само штета што немам почнато со пари.
А јас се прашував кој ги прави толку страшни фолкеркиве, а оно Палада да ти бил Ужас. Моментално му го гледам албумот My work и сум благо речено згрозена. Зарем некоја си се допаѓа вака направена ко мајмун ? Па и “фризури“ прави, ццц... И дали ова суштество навистина постои? Спојлер
^ И 3 луѓе ѝ акнале лајкче... ќе се отрујам. Ужас. Па кога ќе видам моливче во внатрешниот дел од окото како се протега, во арапски стил на секоја втора, на која не ѝ одговара, ниту на облик, ниту на ништо Воопшто не ми се допаѓа овој Палада, вештачки и кичесто, ама си нашол клиентела, токму таква. На времето моите две братучетки за свадба ги шминкаше Владо Георгиев, и убаво беа нашминкани (само за мој вкус многу го фураше карминот боја трула вишња), ама ок, можеби така и они побарале, ама последниве години му ја гледам шминката, и се уназадил, изгубил некако сенс и не ми се допаѓа. Сергеј шминка/ше прилично шаблонски, Дадар чинам го наследи, за овој вториов имам поделено мислење - некои се презадоволни, некои воопшто. Досега не сум сретнала шминкер во Скопје за кој/а ќе кажам дека работи прекрасно, може да изведе се', познава облик на лице ... посебно оние квази приучени фризерки кои се обидуваат да бидат и шминкерки, со цел да си го прошират бизнисот, или оние по козметичките салони... депилација, масажа, фризура и ШМИНКААА... ваууу, уан уоман шоу! И не ми е јасен моментот - шминка и невестинска шминка. Шминка си е шминка, јасно е дека имате пакет за невести, само затоа што знаете дека не брои пари за таков чин, па изнаоѓате начин да ѝ го олесните џебот троа повеќе. Па и јас не знам што кажуваат - невеста сум. Ќе му отидам, ќе му кажам како сакам да ме нашминка, ќе си платам и на крај ќе речам - фала, јас невеста сум денес. Пријатно.
Во Охрид јас се шминкам кај Марга ( некои ја викаат и Марџе ) Има салон кај пожарната, во склоп со козметичкото студио Матмазел. Немам зборови, воопшто неморам да и кажам како сакам и што сакам само и кажувам што ќе носам на мене.. Нема утка! Им ја препорачувам на Охриѓанки!
Незнам многу шминкери ама една братучедка се шминкаше за невеста струга кај Ина еве фб https://www.facebook.com/kozmetik.ina
Препорачајте некој асален од Битола ? И цените нека му се солени, ама и раката да му има фат. Несакам фасада на сурат, се сакам јас во подобра верзија. И онака си планирам Зоки да ме шминка, ама не е лошо да се има алтернатива. Па жени кажете, советувате. За свадба ми е како што знаете, мојата.
Има искуство некој со шминкањето во Јуник? Во ценовникот пишува 650, не е скапо со оглед дека не ми е некој посебен настан. http://www.unique.com.mk/novosti.htm
Би било премногу благо да кажам дека ми се повраќа од сликите. Добар дел од нив ме потсетуваат нa http://www.youtube.com/watch?v=erh2ngRZxs0
КОлку за инфо не е повеќе во Скопје. Мислам дека с епресели во Америка. МОј фаворит за шминка е ЕКА. Значи секогаш ме шмника според фирзура и што носам и ниеднаш не ме утнала ниту пак шминка по шаблон. Прочитав и негативни коментаРИ за неа овде но секој има свое искуство. Јас не ја менувам за никого . особено дека е многу позитивен лик и не е занесена како некои други во скопјево
Трепки Луѓе итно ми е. Некој да знае во Прилеп некој што прави убави фризури и убаво да шминка нека работи и доmа само да не се астрономски цени
Одлучив на Владимир Трајковски да ја доверам фризурата и шминката за една престојна свадба. Се двоумев помеѓу него и Ека. Цената е 1500 за шминка (во оваа цена спаѓаат и трепки по избор), плус ќе видиме накрајот за фризурата. Тотален анти талент сум и за двете, посебно шминка, а сакам да бидам посебно средена за тој ден. Ќе видиме што ќе искочи накрај и колку ќе сум задоволна.
Дефинитивно се согласувам дека мене врв ми е Ека, секогаш различно и во склад со фризурата и облеката ме шминкала.. Ја препорачувам
Девојќи ми треба ваше мислење за Цаци Паковска,ме шминкаше пред многууууу години можеби пред 10 години за матута и навистина неможам да заборвам колку убава шминка имав,многу едноставна не нападна, и плус тоа не ми беше мрдната цела ноќ и другиот ден кога се вратив дома изгледаше како да бев скоро нашминкана....само пофални зборови за неа...Но незнам како стојат работите сега со нејзе.Некој да има искуство?Сакам да ја побарам да ме шминка за мојата свадба,треба да решам оти немам време веќе......тел.број некој да има случајно? Однапред ви благодарам
https://www.facebook.com/aleksandra.stilissimo?fref=ts Пред некој ден ја најдов случајно, па ја додадов. Е тек после следува интересното. Се изнагледав прекраснотии