Форумџика на годината

Професионални шминкери

Дискусија во 'Лице' започната од Lizalka, 15 март 2010.

  1. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    16.953
    Пол:
    Женски
    Ете така, не чинат.
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rose_ray

    Rose_ray Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш ти имаш проблем што незнаеш сто сакаш и ги кривиш другите, секако дека нема да се објаснувам со тебе пошто очигледно си некоја неразбрана. Ти посакувам многу среќа во барање на идеалниот шминкер
     
    На Makeupmaniac02 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    10.957
    Според мене,

    Еден шминкер треба пред сè, да поседува чувство за естетика за да може секогаш да процени на кој каква шминка му стои, започнувајќи и од нијансата на пудра како што вели @eliesaab, а не ист калап за сите :drunk:

    А потоа, шминкерот треба да биде и во чекор со трендовите и да се модернизира. А 95% од шминкерите тука се застанати во 2016-та :tmi:

    Е сега, не е проблем што шминкаат како во 2016-та бидејќи имам впечаток дека така сакаат и 95% од клиентите (Што е и океј, секој има право да избере како сака).

    Проблем е што повеќето шминкери поинаку и не знаат :tmi:Односно, ако дојде пример некој и бара тренд од 2025-та, повеќето не умеат да го изведат.

    А кога веќе си во таква креативна бранша, треба и постојано да се унапредуваш и да го развиваш талентот, не само цените да ги унапредуваш :*:
     
    На celineparis, shekerna, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    2.971
    Хмм...ете јас кај што сум била знаеле што е блендирање и одлично го направиле истото, а нијансата на пудра ми била совршено погодена.
    А не сум некоја што не се разбира од шминкање и перфекционист сум. Знам и сама супер да се нашминкам ама ете за некои посебни прилики сум сакала да ме нашминка професионалец кој користи високо квалитетна шминка што нема да ми мрдне цел ден. И преферирам појака шминка која сама не знам да ја изведам идеално онака како што си имам замислено и баш тоа блендирање е еден од клучните моменти.
    Не можеш вака да генерализираш и сите шминкери да ги ставаш во исти кош.
     
    На macysh, Rose_ray, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    16.953
    Пол:
    Женски

    Еве една што ме разбра целосно. Не е поентата како по шаблон, а добар шминкер е тој што ќе ти каже и што не ти стои. Грото се водат само по слика. Еве да не биде дека мрчам, шминкерка што ја признавам е Ангела Видановска од Битола. Алал да ѝ е на девојката, која била - знае за што зборам.

    Воедно фала ти @Polyincognito, за заокруженото мислење. :bow:
     
    На celineparis, Amelia, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Се имам шминкано кај Дадар само за дипломска, шминката не ми се помрдна цел ден. Плус шминка со квалитетни шминки.
    Исто се имам шминкано и кај make up by Xhejlan во Скопје катастрофа. Како фасада да имав на лицето.

    Во Гевгелија се имам шминкано кај Милена Проданова, лицето ми стана цело со мали брунчиња и од тогаш па се до денеска се шминкам сама. Како ќе си се нашминкам јас, не може друг/а да ме погоди. Плус имам и завршено курс за шминка па дури и се мислам да се шминкам сама за мојата свадба.

    Се мислев кај Марјан Петров од Стумица, ама кога ми кажаа цена, не фала.
     
  7. Makeupmaniac02

    Makeupmaniac02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ако е ова https://www.instagram.com/studiovian_vidanovskaangela?igsh=dzM3Y2lrbzB3dG0y

    тогаш nothing spec. Nezz... meh, okay e ама не до тоолку посебно

    И со портокаловиве вратови... I cannot... IMG_6438.jpeg IMG_6439.jpeg
     
  8. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Девојки знае некоја од вас колку зема за шминка миа араби? И како сте задоволни од нејзе?
     
  9. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    9.732
    Да, ама имаш клиенти кои ти бараат сосема друго, а ти знаеш дека тоа не им одговара.
    Тие доаѓаат со слика од интернет и бараат да се исти а таа слика целата со филтри и фотошоп.

    Исто важи и за фризури.

    Тој тренд од 2025 каде според мене сите сите изгледаат исто реално на некоја не и одговара, а таа упорно ќе го бара.
     
    На Rose_ray му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    10.957
    @Kataklinkers Кога ќе дојде клиент и притоа ќе дојде со слика од шминка која нема да му стои, токму овде доаѓа до израз професионалната улога на шминкерот.

    Односно, не постои еден единствен тренд од 2025. Модерната шминка баш денес се заснива на тоа да се адаптираат различните трендови на индивидуата - на нејзиниот тен, структура на коската, формата на очите, па дури и на стилот и карактерот.

    Ако една шминка не му одговара на клиентот, решението не е комплетно да се игногираат трендовите или клиентот да се нашминка по дифлот - истиот калап за сите.

    Професионалното решение е да се објасни зошто шминката нема да му стои и да се понуди друга модерна алтернатива со која ќе се постигне сличен ефект - но, на начин на кој ќе му стои на клиентот.

    Значи кога ќе ги погледнеме славните, колку сите се различни и на крај пак сите се нашминкани модерно, без да изгледаат идентично. А тоа е бидејќи шминката е приспособена на нив, а не само copy/paste на калапот.

    Едуцирањето на клиентот е дел од работата, ама дел од професионалноста е и шминкерот да се модернизира и да биде во чекор со трендовите, како и способноста истите да ги направи wearable и да вклопи кај клиентите на индивидуален начин :*:
     
    На goddess.Of.chaos, Golden, celineparis и 2 други им се допаѓа ова.
  11. R16

    R16 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo , predlozete mi dobar salon za terensko sminkanje i frizura moze I bez frizura , nevestinska
     
  12. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    El beauty
     
  13. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Види во studio_diensi на инста.

    Во Аеродром се наоѓа салонов, карши поликлиника Јане Сандански, мајка и ќерка го држат.
    Ангела шминка, а мајка ѝ Даниела фризури прави.

    Јас за секоја прилика само таму се шминкам, презадоволна сум, не мрда шминката додека не ја избришеш.
    Само не знам дали работат и на терен, не сум сигурна.
    Пиши им, прашај си најубаво.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    2.971
    Дали некоја скоро се има шминкано кај Рита Имери, Кароски, Марија Најдоска?
     
    Последна измена: 12 јануари 2026
  15. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    2.971
    Исто така ме интересира и искуство со Xhejlan? Не ми смета ако имам повеќе пудра, секако сите ставаат доста и би сакала појака шминка на очите а гледам на слики убаво изгледа. Дали и во живо е така? Дали работи со квалитетни шминки? И како е во однос на хигиената? Тоа ми е најбитно
     
  16. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Јас се имам шминкано кај неа, убаво шминка, хигената и е на високо ниво, ама не работи со квалитетна шминка и замерка за неа давам тоа што и кажуваш што и како сакаш и на крај она те прави како што она сака.
    Башка сликите што и се на инстаграм и се со премногу ефекти.
    Да напоменам дека во салонот и е мраз ладно.
     
    На ana-sweet и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    2.971
    Би можела да ми кажеш со кои шминки шминка? Тоа што го имаш приметено.
    Дали сама работи? Да знам дали треба да се потенцира за шминкање кај неа.
    Ти издржа шминката?
     
  18. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Памтам дека шминкаше со Revlon сенки за очи, Essence производи кои реално не се нешто посебно.
    Пудрите и беа на Catrice кои мене не ми одговараа на лицето, премногу ми се суви.
    Друго отидов со фризура, ми ја собра косата со додатоци кои подоцна кога ми ги извади ми се знаеше како бранови и не, не работи сама туку те шминка некоја нејзина вработена таму што се учи да шминка на тебе.
    Поминува да направи проверка демек нели да провери дали е нашминкано добро.
    Инаку ако закажуваш потенцирај дека сакаш она да те шминка, пошто она ги шминка само оние кои она ги знае, што и се редовни муштерии.
     
    На simoncelicius, ludamaja10, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    2.971
    Оф, ова што ми го кажа некако не ми фаќа око. Посебно тоа што се учат на мене...
    А баш ми се допаѓаше тоа што го видов на видеата, баш е некако тоа што го сакав ама после ова ќе размислам дали ќе закажам таму.
    Фала ти многу:hug:
     
    На simoncelicius и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  20. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.528
    Пол:
    Женски
    Мислење за Алекс и Наташа што работат во Дл арт? Дали сте се шминкале кај нив и како сте задоволни?