Професионални шминкери

Дискусија во 'Лице' започната од Lizalka, 15 март 2010.

  1. Allisa01

    Allisa01 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2026
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Баш и мене ме интересира

    Женски ми треба мислење за невестинска шминка. Дл Арт или Косич?
    Во август Милена нема да работи и ме интересира како шминка Ѓеорги, исто така кој праве добра фризура таму?
    Ако се шминкам во Дл Арт би се шминкала кај Дина сакам full glam шминка.
    Каде ми препорачувате неможам да се одлучам
     
  2. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми препорачате шминкер во околина на центар,аеродром....по пристапни и понормални цени:)
     
  3. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    3.885
    Пол:
    Женски
    Предложете професионален шминкер во Ск по солидна цена ве молам, благодарам
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    2.977
    Јас се имам шминкано кај Ѓеорги, предобро шминка дечкото, јас сум многу задоволна
     
  5. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    908
    Сарај , Гага Сарај или Цине
     
  6. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    6.446
    Пол:
    Женски
    Јас се шминкав кај Ѓорги, мене не ми се допадна. Не ме погоди баш како по слика што му кажав , на крај од вечерта лицето ми беше како рошаво од пудрата, изгледав cakey, на некој места и избришана ми беше пудрата.
    А сестра ми за невеста се шминкаше кај дл арт и тоа не кај Дина него кај Ива некое девојче што шминкала таму и беше преедобро нашминкана и цела вечер и издржа не и мрдна.
     
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    8.845
    Пол:
    Женски
    Јас Dl art (конкретно Дина ) насекаде ќе ја зборам колку е непрофесионална и ужасна.
    Лупнав 4500 на шминка што сама ја поправав дома и ми се плачеше - не за парите колку од стресот што ми го приреди.

    Прво закажуваш термин во 11 ипол и ти се резервира за после ден два ти стигне маил дека е презакажан за во 12 без објаснување и без твое одобрение. Уште ако не отвараш маил секојденвно те заеба у старт.
    Се јавив и преговарав за термин и ајде ми го врати 11 ипол.
    Дојдов на време- она шминкаше некоја девојка и јас чекав, на закажан термин до кај 12 и нешо. Повеќе од пола саат- за тоа време куќата полна гости а мене ме нема почнува нервоза да ме фаќа ама ајде што е тука е.

    И покажав што сакам, неутрално, бронзено, кафено и nude усни.
    И покажав и слика од нејзината работа нели да не биде барам нешто невозможно и ми рече а да добро, значи на кафено. И ме праша што фустан имам- кажав тегет/мастилен.

    Е сеа откако се договоривме што сакам, те врти со столицата да не се гледаш во огледало нели за wow ефект и почнува да те испрашува до сеа кој те шминкал и кај си праела фризура.
    Додека ме шминка моиве дома панично ми вртат пошо нели каснам- ме слуша и она нити извини нити нишо.
    На крај завршуваме веќе накај 13 фати иако е договорено 40 минути да трае можам да сфатам се пролонгира ама луѓе коа се видов у огледалооо - црвенкасто моливче на уста и розев кармин ( нити кафено нити месо), розеви образи, криви веѓи, сенката ми беше единствено ок ама ништо wow ама врвот беше луѓе циганско плаво /тиркизно моливче под очиииии ( да не се навреди некој ама уште имам револт) .
    Алооо побарав кафено бронзен look што бара тиркизно и розево.
    И ми вика ако не ти се свиѓа ками ќе поправиме.
    Што да поправиме, да избришеме се и поченеме од почеток.
    Сеа ми е криво што не го напраив тоа ама увелико каснев на битна депавка само чекав да стигнам.
    Возам и си викам не ми се верува како не и беше срам да земе толкава сума на пари за ова.
    Отварам огледало се погледнувам ко кловн- ми доаѓаше да заплачам жими се.
    Доаѓам дома и ви се колнам дека намерно ја остаив колата на пат и само истрчав низ двор до соба да не ме види некој каков ужас сум. Цело време дури возев се гледав и повторував на што личиш, на што личиш.
    Шлог ќе ме мавнеше коа видов дека лево кај носот имам буквално место без пудра- пошо дури те шминка стои од десно не доаѓа од лево и ваљда не видела.
    Земање у соба прешминкување, поправање веѓи колку толку да ми се исти, бришење на моливчето од очи ставање кафено, ставав бронзер колку што можев да неутрализирам розевото, скроз бришење уста и прешминкување.
    Надвор беше топло ама мене за два часа шминката ми се разлеа буквално- лицето ми светна бидејќи ми е кожата мрсна.

    Користи квалитетна козметика дури и производи што ги нема кај нас, за тоа нема збор и секоја чест ама луѓе да оставиш ти ненашминкан дел од лицето, да се договориш за едно а на крај сосема друго океј сфаќам дека заштитен знак и се пинк образи ама не стои секому розево и на своја рака без да се договориш да стаиш на целото розево и тиркиз...
    Плус презакажувањето на терминот без договор плус каснењето....


    А пак ќе кажам до тогаш се воодушевував на нејзината работа, имам и неколку особи што ги знам ги шминкаше и убаво изгледаше ама ова моево беше да и излезеш од салон и да не и платиш.


    А да пред неа , две недели месец дена може ме шминкаше девојче дома, за смешна цена од 700 денари со Кико козметика и бев презадоволна. Сакав да издвојам поголема сума на пари без да жалам затоа што ми беше битен настанот и на крај зажалив што не се нашминкав за 700 денари.
    Притоа напоменувам не сум захтевна не знам каков лук да барам, ниту да ми експериментира со тушеви и клеопатра изглед барав едноставен класичен nude изглед.
     
    Последна измена: 26 јануари 2026
    На kozuf, raww, goddess.Of.chaos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Makeupmaniac02

    Makeupmaniac02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Офф баш ми е жал изгледа најголем проблем било доцнењето од нејзина страна, да сте почнеле на време сигурно ќе имало простор за поправка
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    8.845
    Пол:
    Женски
    А зошто поправка ако сме се договориле што сакам?
    Шминкањето наместо да трае 40 мин траеше подолго, значи и да почнавме на време и да барав поправка ќе фатев термин на следната клиентка и пак исто
     
    На raww, Konfetka, naturally и 5 други им се допаѓа ова.
  10. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Ве молам предложете ако воопшто постои студио во Скопје по пристапни цени за шминка и фризура, но да работи и во недела? Да не се салоните во Чаир или Сарај, сум била кај нив.
    На блиска свадба сум пролетва, но 4/4500 ден. е стварно претерано.
     
  11. Barbara_barbs

    Barbara_barbs Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Закажи кај Милеска во аеродром, 1500 и е шминка плус 1000 за фризура. Солидно шминка и очите знае убаво да ги нагласи.
    Премногу поскапеа сите што се добри, почнувајќи од Косич, ДЛ Арт, Наташа Кристал. Сите ме имаат преубаво нашминкано, но веќе над 4500 е премногу за шминка, ако евентуално не си сестра на младоженецот па да издвоиш толку пари за шминка. Идев и кај фатлуме во чаир, на почеток океј ме направи, но ужасно ме нервира што вработуваат други девојчиња да те изнашлакаат на лице и после она само очите да ти ги нацрта... Ако знаете уште некој по пристапна цена а убаво да работи и јас би сакала некој да сподели.
     
    На Panda00 и grungy им се допаѓа ова.
  12. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Како да ја најдам на инста?
    Ти благодарам:hug:
     
  13. Barbara_barbs

    Barbara_barbs Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    mileska.makeup
     
    На kozuf, grungy и Panda00 им се допаѓа ова.
  14. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.708
    Пол:
    Женски
    Добро е ако воопшто имаш среќа она да ти ги нашминка очите мене ме испошлакаа тие девојчињата ко за на маскенбал ме направија и кога искажав незадоволство по 300 пати ме зема она да ме среди ама пак дома устата си ја поправав. Сто пати им реков не сакам веѓите нагласени, не сакам трепките предолги и тие пак по нивно уште 1кг маскара ми се испозалепија трепките и додека не ме направија прифатливо за мене се жалев на крај она примети дека има проблем и ме зема ме среди и пак изгледав ко дома сама да сум се шминкала.
     
    На Barbara_barbs и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Те молам може бројче од девојчето што шминка за 700 ден или контакт некаков за шминката
     
  16. Barbara_barbs

    Barbara_barbs Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Се погоди за битен настан сред недела кога нема гужва да ме средува Фатлуме целосно. Косата ми ја виткаше, која што држеше дали 2 часа преку сила само, косата ако не ја врзе одпозади за да ги подигне очите, шминката и не би имала некој ефект и знам дека цел ден ме болеше главата колку премногу ме имаше стегнато. 100 пати и имам нагласено дека сакам поголеми трепки бидејќи само така ми се нагласува окото и упорно ми става еве неколку пати мали трепки. Изгледа треба досаден да станеш милион пати да и повториш за да ти стави ако воопшто има големи трепки. Последно многу се изнервирав кога пудра ми ставаше девојче што не знаеше македонски и не знам ни колку ме разбра што воопшто сакам. Ефтина е, али мислам колку пари толку музика...
     
    На grungy и arwen93 им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    40.154
    Пол:
    Женски
    Ниту една од нив. Цине, пудра Габрини, проба со четка да ми ја нанесе на која што веќе имаше од претходни девојки пудра :envy: Гага иста прича.
     
  18. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    2.977
    Па мислам дека сите они се некако скарани со хигиена и дека не користат чисти четки и блендери за секоја девојка посебно...Мене и за Фатлуме тоа ми го имаат кажано. Секоја чест на исклучоците, ако имате искуство со некоја од албанките што стварно има хигиена како што треба споделете:D
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    8.845
    Пол:
    Женски
    Немам контакт, т.е. имам ама не знам дали смеам да споделам.
    Најди ја на инста makeup.simonaa (854 поста има во моментов)
    Така закажува термини преку дм
     
    На Masnicka.5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Barbara_barbs

    Barbara_barbs Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Вака по слики ми се чини убаво шминка, задоволна си?