Zdravo devojki, dali imate predlog za devojka sto doaga na domasna adresa za sminka ili pak nekoja vo okolina na Centar/Kapistec so pristapni ceni?
Здраво на сите, имам свадба сега летово и сакам да закажам шминка некаде, до сега кај што сум се шминкала сум била онака задоволна зошто не било лошо ама не било ни нешто да кажеш wow. Сакам некој што навистина ке направи разлика нели за тоа е шминката а и за тоа се професионалци. Од Куманово сум значи може да е од тука иако веќе мислам дека сите ги знам освен ако нема некој нов, но повеќе сум заинтересирана за Скопје зошто изборот е поголем и ако може со името да ми пишете заедно и цена ако веќе сте биле и знаете, зошто ми е смачено на сите да пишувам порака која цена е а никаде нема јавно цени објавено како што треба и да си знаеш и планираш?
2000-2500 ако е со квалитетни high end шминки, чисти четки и да излезам нашминкана онака како сакам, не по шаблон. Со есенс и катрис шминки, па не би дала 2000.
Јас пак ќе ја препорачам Стејси иако веќе ја препорачав малку погоре. Презадоволна сум како ме нашминка, ме шминкаше за табло, меѓутоа разгледај ѝ го профилот, ептен природно шминка, те прашува што сакаш, како сакаш, не става нешто што ти не би го сакала на лице. Достапна е на пораки, пресрцка е, плус има и на коммон цени.
Здраво девојки, во јули сум на свадба во Битола и сакам да си закажам шминка. Дали може да ми посочите места што убаво шминкаат? Ако знаете и цена, пишете ми. Фала многу
Дали знае некој моментално колку чини обична шминка кај Шурбевски, значи не невестинска туку обична како за гост на свадба?
Николку не би платила. Како некој кој има сериозни мејкап вештини на ниво на професионален шминкер немам потреба да плаќам. Парите кои би ги дала за шминкер ги инвестирам во high-end makeup производи. Според мене, еден добар мејкап артист не треба да користи производи од есенс и слични дрогериски брендови. Да речеме Лореал е исто дрогериски ама поскап и подобар па одреден продукт е ок да се користи. Исто Кико Милано има супер производи кои реално и не се претерано скапи. Како и да е и скапи производи да користи, ништо повеќе од 2000 не ми е прифатливо. Со Диор руменило од 3000 што се смета за топ производ ќе нашминка сигурно 100 клиентки ако не и повеќе. Шминките најчесто не се трошат брзо. Реално ги ценам сите професиите и немам намера одредена услуга да ја преплаќам. И многу повеќе од 3000 наплаќаат некои за жал. Златни да му се шминките толку не давам од принцип.
@Zaljubena26 Но, клиентите не плаќаат само за да бидат нашминкани со одредени производи, туку и како ќе бидат нашминкани. Односно, квалитетот на производите и хигиената се дел од базата на услугата - значи минимум што се очекува. Она што огромно влијае на цената е нивото на талентот и вештините што ги поседува мејкап артистот. А тоа значи осет за естетика, способноста да процени на кој каква шминка ќе му стои, да умее да адаптира одреден концепт, различни техники, да знае да комуницира, да има искуство како шминката ќе изгледа под различно светло - на професионални фотографии и сл. Бидејќи некој може да користи Диор и да се преценува, а пак да доставува просечни резултати. Што значи дека добар мејкап артист не го прават само производите
Секако, тоа ми е јасно. Нормално е добар мејкап артист да има повисоки цени за разлика од некој кој не е толку профи. Но секако, тој износ си има свој лимит според мене. Мислам, тој ако сака може и 300 евра да си стави за шминка, ако има клиенти кои тоа ќе го платат е сосема во ред. Јас реално си анализирам колку одредена услуга чини и цврсто стојам позади ставот дека саатницата на некој шминкер е нереално да биде повисока од дневницата на некој инженер кој исто така си е супер во она кое го работи на пример. А се случува да е така, да не се лажеме. Како што реков, тоа си е мое мислење. Секој има право да си ги троши своите пари така како што сака.
@Zaljubena26 Но, кај креативните услуги, цената е поврзана со специјализираноста и талентот, ретко со времето. Не се плаќаат часовите, туку се плаќа искуството, доброто око за естетиката, репутацијата, талентот, способноста и сл. Воедно, професиите не можат да се споредуваат. Инженерот ќе работи секој ден, цела година и ќе има стабилен приход. Шминкерот нема стабилен приход. Може ќе има една добра Сабота, а потоа може цела недела да помине без клиенти. И плус неплатениот труд зад кулисите - постојано чистење и дезинфицирање, закажување термини, рекламирање, купување нови производи, постојано учење нови трендови и техники. Точно е дека има многу шминкери што се преценуваат, но, пазарот сам си се регулира. Ако некој е стварно е top tier, ќе има повеќе клиенти, а со тоа и повисоки цени. Се сложуваме дека на крај е тоа, секој ќе си ги трошите парите како сака
Океј, да речеме дека се цени уметност. Колку се кај нас шминкери кои не шминкаат по шаблон? Кои стварно знаат да проценат црти и естетски да ја усогласат шминката на нив? Кои одат надвор од границите? На рака се бројат. И да бидеме реални, голем дел од жените кои шминкаат што се вели вчера почнале да шминкаат и тргнуваат со цени од минимум 50€, или па за најбејсик шминка без никакви хигиенски регулации ќе земат толку. А неплатен труд зад кулисите е нешто што е составен дел од секоја професија, не дека е ексклузивно за професионални шминкери.
@Angie1432 Апсолутно се согласувам за нашите, ми стојат мислењата на 110-та страна, тогаш беше дискусијата за тоа. Инаку, моето мислење сега беше општо, мислејќи и на светски шминкери во контекст на мислењето што е добар mua