И мене не ми се допаѓаат баш како се нашминкани девојките на профилот на Алек Палада , со одередени исклучоци. Мислам дека е прејака шминката за невеста која треба да изгледа нежно. Али како и да е мора шминкава да ја правам во Прилеп, па ако знае некој нека ми препорача друг подобар.
Некој што се шминкал кај Зоран Шурдевски, може да ми каже колку зема и како е со идењето во Скопје? Кога доаѓа, како оди договорот кога треба да те шмнка во Скопје??
Добро зошто нема слики типов ни на фб ни на страната од студиото , како да знам како шминка или дека е баш добар , да не има некоја др страна кој ане му ја знам .
Јас сум запрепастена од ситуацијава со нашиве самопроглесени професионални шминкери. Не значи дека ако одиш на некој мини курс од 3-4 месеци автоматски стануваш професионален мејкап артист. За да си добар шминкер, треба да ги анализираш цртите на лицето, да шминкаш според форма на лице за да го истакнеш тоа што е убаво, и да не доаѓа толку до израз она што не е баш како што сакаме ние да биде. Се згрозувам кога гледам како шминкаат шаблонски, значи на сите исто црно малце, под веќа бело, креон туш се научиле така да шминкаат и кој и да дојде така го прават. Мене ми е смешно пример кога е матура и одма се познава кои девојки се шминкале кај ист, зашто сите се исто нашминкани. Не знам, многу ретко кај нас има шминкери што си ја знаат работата и што континуирано се надоградуваат. И јас сакам да се шминкам за еден посебен настан за некое време и се мислам каде. Се шминкала некоја кај Владимир да ми каже како поминала ? Гледам дека е професионалец, ама не знам колку труд и време посветува кога шминка онака рандом девојки. Не ми е битна цената, само да ме нашминка убаво. Ека не ми се допаѓа и точка, не ми е ништо посебно. За Дадар некако исто се мислам.. Некој трет да ми посочите ?
Карина, има доста што изникнаа сега во последно време, ама што стварно добро си ја работат работата. Јас за матура се шминкав кај Ивана, не е позната ич, ги шминкала оние од Бекстејџ кокошките и уште доста од познативе, ама не ја знаев од претходно, туку самиот фризерски салон што го одбрав за матура ми ја посочи како можна варијанта за шминката. Ми дадоа и време да си одлучам, а јас нормално прочачкав малку по нетов, ја најдов на фејсбук, ми се допадна како шминка и си закажав терминче. Бев скептик по малце, но на крај излегов пресреќна од шминката, а преразочана од фризурата. Друга, долго време се мислев за шминкање кај Изабела. Има своја страна на фејсбук исто , но не познавам некој што имал искуство со неа, иако не се сомневам дека девојката е феноменална. Наредниот месец најверојатно или ќе се уверам или ќе си побијам мислење, на крштевка сум, дефинитивно уште од сега знам дека ќе ме уљепшава она И трета, Мартина се вика девојката, исто шминка познати вамте - тамте, не ми се допаѓаа сликите на фејсбук, ама неколку од генерација имаа закажано кај неа за матура и крајната реакција беше ВАУ! со едно големо зинување Најдобрите црти на лицето истакнати, недостатоците скриени, како девојки од ред карпет беа.. преубави. Ниедна не беше слична на некоја друга, зошто секоја и си имала своја желба во однос на гардеробата, фризурата што ја носат и сл. А, за кај Владимир, ако е оној некаде кај Лептокарија што се наоѓал, исто имам да убацам по некоја пофалба Другарка од клас се шминкаше таму, исто преубава беше. Не го изми лицето 3 дена вика мерак ми е да се гледам вака убава , и не и мрдна ништо освен можеби малку ружот и тоа е тоа. Ако си заинтересирана за некоја од овие, пиши ми лп ќе ти дадам контакт. Поздрав
Постави ги фејсбук линковите од горенаведенива девојки да видиме слики од девојки што ги имаат нашминкано. Која е цената кај нив, колку ти зема тебе таа Ивана и каде работи ?
Еве ги фб линковите Од страната на Изабела - https://www.facebook.com/pages/Izabela- ... 69?fref=ts Мартина - https://www.facebook.com/makeup.martina.5?fref=ts И Ивана https://www.facebook.com/ivana.m.atanasovska?fref=ts Ивана за шминкање зема 1200 денари, а ако ти става и трепки 1500. Ми ја препорачаа во фризерско студио Контеса, што се наоѓа карши Скопјанка. Си имале склучено договор со неа и ја викаат по потреба, но мислам дека може и да се најде по други салони, а можно е да доаѓа и дома како што гледам по сликите на фејсбук.
Ке бидам кратка Дадар може да му се фати на малиот прст на НЕБОЈША ПЕШЕВСКИ НАЈ НАЈ НАЈДОБАР ШМИНКЕР СПОРЕД МЕНЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО !!! еве ви линк па сами проценете https://www.facebook.com/pages/Professi ... 00?fref=ts Сликите подолу ке кажат се
Мене Небојша не ми е нешто ептен за воодушевување. Бугаркава е како кловн, ма да ајде за ова ок они така сакаат Еве горенадените слики се негови дела. Не викам дека е лошо, ама не е ептен про како што се мисли .. барем според мене.
Што знам за мене е најдобар шминкер Си има талент и едноставно црта..како ги сенча очите - чудо...види типот погоре како го направил (старецот) оди кажи дека е шминкано а не цртано...
https://www.facebook.com/pages/Studio-S ... 9687679741 Едни од најдобрите, од Косово е ама можеби ке добиете некоја инспирација за шминка Професионалец е!
Девојки,дајте предлог за добра шминкерка/шминкер.Не ми треба владо,ека или слично зашто пригодата не е ништо пособено.Да не е многу скапо..(За во скопје зборам )
дали некој ја знае некоја си шминкерка Маја што работи со Кире од Гламур во Аеродром? Ме интересира мислење за неа како шминка и колку е трајна шминката.
јас во неделата бев на свадба и си купив ваучер за свечена фризура и шминка за 650ден. и задоволна сум, малце пари ама убаво си поминав со шминката и може да кажам крајно професионално...ете ќе начекате такво нешто и за малку пари ќе си пробате и ќе види дали некој добро работи или не!
Откако го постави линкот секојдновно ја следам работата на студиово и не знам што да кажам, воодушевена сум. Професионалци во вистинска смисла на зборот, секоја чест. Мислам дека во Македонија толку добри шминкери нема. За овие би платила било која цена да ме шминкаат, алал да им е. Кога ги гледам си викам дека нашиве шминкери што се декларираат како професионалци може само вода да им носат. Ако не одам некогаш таму специјално да се шминкам, ма жива да не сум..
Незнам дали имаш слушнато за Зоран Шурбевски?Човекот е генијалец можи да ти го смени личниот опис-на подобро секако..Ги има шминкано многу познати личности а и јас се имам шминкано кај него и можам само да му симнам капа!Алал да му е за парите што ги зема
Сега го побарав и гледам ги шминкал највеќе овие турбофолкерките: Стоја, Ана Кокич, Анабела, Лепа Брена, Гога Секулич.. Од нив има слики во албумот My work, да не шминка ептен онака бугарски, тој фазон Штознам мене овие од Косово, студио Селма ме оставија без зборови. На нашиве простори немам видено подобро студио, како кукли ги средуваат девојките. А инаку каде шминка овој Зоран и која цена ако можеш да ми кажеш ?
^^^Што пудра е ова, лицето како со фотошоп им е, а не верувам дека сите 100тина девојки имаат пречисти совршени лица. Холивудски изглед, нема што, мене ми се допаѓа зашто е едноставна шминка, пудра, добар и соодветен руж, смоуки и нешто слично на очи и кармин. Не знам дали им лепат вештачки, вајда да, ама изгледаат како од црвен килим да се дојдени. Браво. Попрофесионално од ова, амин.
Девојки јас не ви ја препорачувам Изабела мејк ап затоа што имав лошо искуство со неа еднаш бев и никогаш повеќе, убаво ме нашминка ама не стои на зборот на фб ми кажа една цена за комплет шминкање и трепки а кога отидов таму и кога ме заврши за наплаќање ми зема повеќе од договореното, ја прашав зашто ми зема 700 денари а требаше 500 се извади на тоа дека било само кога биле матурите а јас и тогаш и ја нагласив дата при закажување и ја прашав дали ке си остане истата цена... таа одговори да секако ќе биде исто, не ми дошло до тие 200 денари на таков убав ден ама тоа е...Срамота..