Колку зима Владимир Трајковски ? И дали има уште место да закажам за матура или веќе е касно (битно се сетив хаха)
Владимир Трајковски е во Лептокарија, 2000 шминка и фризура. Дадар се презанесе од занесе, и ај што е со цени до плафон, туку не работи тој иако сте се договориле, ќе те средува некој од вработените. Уште полошо е што "познатите јави фаци" ги шминка со асална шминка, а за рандом смртници ставал безвезе. Од неколку луѓе слушнав исти поплаки дека и пудрата им паднала и сл.
Женски здраво сакам да ве прашам дали сте се шминкале во Excite styling во Мичурин и како сте задоволни, дали доаѓа и таму да шминка газдарицата-Мартина или она е само во Драчево?
Јас си закажав кај Фросина, инаку ФРАН.. многу ми се допаѓа девојчево како работи, по сликите што ги гледам па ај ке пробам ваљда ке ме среди како што сакам пошто инаку ретко кој знае да шминка според контура на лице, очи итн итн.. ама ке проверам, инаку цената беше 1000, со трепки се доплаќа 300 денари пакет од 3 шминкања се 2500 не е баш скапо за посебни прилики ..така да за едно 2 недели пак ке ви се пофалам и ке ви пратам слики да видете инаку еве нејзин профил да разгледате https://www.facebook.com/FRANbyFrosina
WomanInRed пиши како ќе бидеш задоволна. Цената не е многу висока за сега, но како добива на популарност девојкава сигурна сум дека ќе почне да и расте цената. Мислам дека шминка креативно, употребува доста бои и ги комбинира, што вака на слика за фотосесија изгледа интересно, свежо и убаво ама не знам дали би сакала јас да бидам толку колоритно нашминкана за некоја пригода.. Инаку пакетот важи за шминкање на три особи, или за три последователни шминкања во одреден период за еден?
На фб гледам на страната на студио Фиторе, мислев дека не е овде кај нас но било во Скопје. Какви ги прави девојките, феноменално, мене многу ми се допага, ептен професионално, стилски. Најверојатно според барањето некои се со појака некои со понежна шминка. Сигурно и цените се многу солени. Секоја девојка има шминка која и прилега на лице, црти а не како во мојот град сите шаблонски нашминкани само бојата на сенката менуват .
Ми треба препорака за некој добар шминкер во Кичево? Ако несакате да пишете тука,слободно пишете ми ЛП ама итно ми е
Од Фран може само задоволни да бидете,многу се пријатни женските,супер шминка,користи квалитетни шминки и јас и другарките го користевме попустот за матуранки и за 800 ден имавме квалитетна шминка со трепки која стоеше цела вечер,прекривање совршено и карминот не ми се тргна од место ќе ви стави и фиксатор... најискрено ви ја препорачувам.. 100 пати подобра шминка од девојчиња кои беа нашминкани кај Дадар.
Јас се шминкав кај Фиторе, за прв пат пред некој месец и презадоволна сум. Шминката не ми мрдна ич, а се потев играв, плачев ... Ја препорачувам, многу е пријатна и цените и се исти скоро ко на сите професионални шминкери
Од блиски извори сеа не знам за каква пригода ти е пакетот, но свадбена шминка и фризура другарка ми правеше во Фиторе и рече дека ќе плати 150 евра, така да се договориле. Исто шминката не мрднала и многу квалитетна била. И секоја шминка гледам е приказна за себе и различна, не се шаблонски фрузири и шминки. Мене ми се преубави сите девојки на страницата на фб
И јас прашував за едно девојче 150 евра е пакет за невеста, мислам дека околу 2000 - 3000 е обична шминка. А инаку фиторе се стварно добри, не сум се правела кај нив, ама по сликите што ги гледам се извонредни, не шминкаат како во другите студиа.
Закажав шминкање за на свадба во сабота во студио Тимотеј. Цената е одлична, 500 денари. Се наоѓаат во Кисела Вода кај Стара Чешма, кај што се дели патот накај Драчево и Економското. Веќе ми е закажано, ама ако има некој претходно искуство нека сподели да си знам. Сакав да закажам во КА-ЕЛ каде што претходно сум била и бев прилично задоволна (исто Кисела Вода), ама во моментот не ми се јавуваа и испаничив да не не најдам и го најдов ова другово. Искуства?
Дали некој правел во Афродита С дневна шминка? Ми треба дневна шминка, ама не сум чула некој со искуство?
Дали некој знае и би можел да препорача шминкер што шминка по дома во Скопје ? Ми треба итно , фала Ви на сите