https://www.facebook.com/pages/Izabela-makeup/149142371895269?fref=ts преубаво шминка сега зема 500денари,јас бев презадоволна...
https://www.facebook.com/makeupsnezana Братучетка ми се шминкаше кај девојкава за табло и беше многу задоволна...не е скапа и доаѓа и по дома ..и јас закажав па ќе пишам како поминав.
Здраво девојки Топло ви ја препорачувам make up Tina. Девојката е вистински уметник. Се имам шминкано неколку пати кај неа и навистина сум пре пре задоволна. Ме има шминано за 3 свечени прилики и навистина бев презадоволна. Работи со квалитетна козметика како L`oreal,Max factor,VICHY,Estee Lauder,GOSH,Mаnhattan, Maybelline, Bourjois и верувајте нема да се покаете. Шминката ми стоеше и наредниот цел ден се додека сама не ја извадив. Работи со контури на лице, става силни подлоги пред да шминка очи или пред да става пудра.Навистина супер по пристојна цена достапна за секого. Девојчето комотно може да наплаќа и повеќе за квалитетот кој го нуди. Еве ви линк од нејзината фан страна. Сега мислам има ставено некоја понуда од 500 ден за шминка за табло https://www.facebook.com/pages/Make-up-Tina/162257697304849?ref=hl
Да не се разбериме погрешно,од Изабела сум крајно незадоволна.Немаше светли нијанси на пудра и ми стави толку темна што мислам дека дури смешно изгледав.И покажав како сакам добив ни пола од посакуваното.И на биди најинтересно сакав и трепки. И јас си однесов свои трепки (си платив цена како за со трепки но тоа најмалку битно).Кога видов со пудрата на почетокот ја замолив да ја извадам и и дадов своја пудра,како течна (Ревлон),така и камена (Дебора). Помина тоа и при крај кога дојде ставање трепки,се мачи мачи кутрата лепакот се исушил,јас цела среќа тој ден покрај трепки и лепак си купив. И ајде и лепак. Но, типката се дрзна да ми го позејми лепакот затоа што нели цел дел имала закажано а немала време да земи нов. И го оставив но ја ззамолив нареден ден да ми го врати затоа што го платив околу 400-500. Ми рече секако нема проблем. Нареден ден кога ја побарав ми рече утре.И баталив.И го поколнив. Што значи за 500 денари,она ми стави реално само нејзина сенка и сјај.Кога дојдов дома уште 30 мин се поправав и корегирав сама затоа што немаше смисла пред неа,викам да не се навреди.(А искрено мислам дека на толку шминки што имам дома самата ќе се напревев,но нели ајде апсолвентска вечер) Но тоа беше пред околу 6-7 месеци. Сега гледав на фб,дали се има подобрено или јас се лажам ради сликите не знам. Али јас воопшто не сум задоволна.
Има некој да ми каже искуство од FRAN? Сакам за матура да закажам таму, вака на сликите убаво ми изгледа И слободно ако има некој некоја препорака друга нека каже, само не со некои цени забегани како во фиторе што ми рекоа 5000 за коса и шминка
Има некој препорака за во Арт студио Естетика? Или цена за шминка, фризура? Поединечно или пакет, сеедно.
Јас втор пат бев да ме шминка професионалец и мислам дека уште еднаш може на свадба ќе идам и тоа само ако јас си носам четки и сунѓери.Јас сега за апсолвентско табло се шминкав кај Изабела, ми ја препорачаа, а не сакав да лупам многу пари и викам ајде, јас искрено мислев да не се шминкам т.е. сама да се шминкам, а ма кога видов колку ги ретушираат си викам јас без очи ќе останам ако си ставам само туш.И отидов и воопшто не сум задоволна.Најпрво јас имам ситни очи и некако тажни ми се, нанадолу, а капаците ми се преклопени и реков дека не сакам да ми става туш од крај до крај, туку само малку накрај за да ми го подигне окото и дека не сакам на долниот капак ништо, таа луѓе како да и реков напрви ми го тоа, прво имав црно под очи кои ми ги затворија, второ тушот беше предебела линија која оди до веѓа чинам...лицето ми светеше како лампион, а руменилото ми беше како да сум се мачкала без осет со некоја жиш нијанса.Ајде тоа, ама друго, има куче, летаат влакна на сите страни, се лепат на шминка. отворени и беа сетовите сите кога дојдов, самоједот се метлееше цело време таму, јас разбирам и јас имам куче дома, ама професионалец си имај обзир.Трето, не ги изми рацете, а не шминкаше со колешката една по друга, ужас, гадно.И реков дека ми се свиѓа, ама реално јас во живо си се свиѓам 100 пати повеќе и мислам дека ако сама се шминкав ќе бев супер, вака не излегов убаво и мислам дека е токму поради тоа. Јас реално не сакам вакви работи, гадно ми е, ама јас немам толку шминки и толку скапи препарати и за некои пригоди сакам да одам да ме нашминкаат. ама нареден пат ќе одам кај девојката што веќе се имам шминкано еднаш и бев стварно задоволна.
Јас се имам шминкано кај Фран за последниов роденден и просечно сум задоволна, за тие пари мислам дека можеше подобро, а и тушот кога излегов приметив дека ми е рашлакан на едното око. Онака девојчето ми е супер, многу е комуникативна и професионална.
Дали некој бил кај Make up Tina https://www.facebook.com/pages/Make-up-Tina/162257697304849 и како сте задоволни? И ако има некој што знае што добро шминка што се наога во Ново Лисиче а и не е многу скап.
Јас никогаш не сум дала пари за шминка ако одам на некоја свеченост, секогаш сама го правам тоа и знам како најдобро сама да си се нашминкам. Ама за фиторе ако бидам невеста искрено би дала пари. Спрема сликите сите изгледаат беспрекорно. Па кај давам толку пари за се и сешто на свадба би и лупнала уште толку да ме скоцка, ама ова што го кажувате со односот незнам имам уште време до свадба
Јас бев кај Тина и убаво шминка, само што не користи коректор за покривање на подочници и темни кругови. Инаку девојката има сенки ( копии од Накед ) за кои самата вели дека и се од Австралија. Незнам што ќар од лажење но ајде... таа си знае.
Ретко кај нас да сум начекала по овие фб страниве некој добро т.е. природно да шминка. До апаратот и светлото ли е, дали народов така бара или шминкериве црпат инспирација од ДМ Сат и Планета, не знам, ама претежно е грдо, па некогаш дури и онаму каде природната убавина се познава зад тие триста слоја. Јас само за матура двапати се шминкав во студио и никад више. Луѓе бе, па 18-19 годишни ко светнати тетки со свадбарки изгледавме. Мислим, подлогите и пудрите ја правеа кожата беспрекорна, ама со тој римелот 500 пати ко со ваљак ме пројде. Толкави природни трепки имам, ми се собраа во 4-5 туциња за грев. И тој ружот - ужас. Бронзер, розов руж и лилав кармин - топ...не знам зашто и жолта сенка не побарав. Да не ми беше срам од себе и да не бев анонимна, ќе лупнев слика да се посмеете. Сега за апсолвентска сама се правев и делувам ко ова да ми е слика од полуматура, а онаа од пред 4 години пост мортем за идентификација и умреница. Е, али ноу офенс, првпат ја гледам, ама од оваа Тина погоре што сте ја ставиле, некои шминки се ужасно страшни. Не стои на сите бре ист бронзер, посебно не кај бели луѓе толку да е темен, ко Снуки ги прави...I should know, и јас сум сирење бела и се бев заебала еднаш така дури не се видов на дневна светлина дека сум ко Доритос. Кај некои се познава кај е соберена пудрата, трети светат. Посебно ми е јака една девојка ко со кокаин околу уста...слабо блендира изгледа, иначе има и некои фини.