Јас иам ужасен проблем со трепките што ги ставаат. Ужасно грди и апла вештачки. Има многу природно вештачки трепки, па не изгледа како да имаш ставено вештаки, туку се добива ефект многу поприроден. Ужасно тетински и гранд стил, што вика калиопа - пола ми беа ко доритос во лицата. Не дека јас знам да се шминкам ептен којзнае како, ама па кога идеш на "професионалец" очекуваш подобро. Пудрите на сите им се со утната нијанса, ужасно лоши бронзери и руменила. Од оваа Тина кометирам, дека гледам доста е популарна на фејсбук.
Префосеионалниот шминкер пред се треба да е уметник кој знае да го извлече најдоброто од тебе, а да изгледа природно. Денес секој што изгледал некој туторијал мисли дека е профи шминкер. Друга работа што треба да се запази е квалитетот на козметиката со која работи, едноставно неможе да те шминка со пудра од 300 денари и да ти наплаќа 2000 денари за шминка. Трета но можеби и најбитна работа што треба да ја запазуваат е хигиената, неможе бе со една четка да шминка 100 девојки или со исти кармин да ги шлапа. Леле мене ова ми е многу грозно и страшно дури, не сум некој хипохондрик ама ова е една од причините што не пробувам никакви тестери ниту би му дала на некој да ме шминка. Би му донела мои па нека си работи . Јас го спомнав Дадар, вистина е дека човекот шминка многу убаво, знае да ти ги истакне најубавите црти и да те направи кукла (зависи што ќе му побараш), лично ме има шминкано порано кога работеше со Ревлон, но сега не би му платила толку пари за да ме шминка со Фреш Минералс, па ни со Ревлон. За таа тарифа што ја има треба да шминка со Диор, Есте Лаудер, Мак ор самтинг...
Со многу од вас се согласувам , јас никогаш не сум била на шминкер , ниту па би отишла , подобро ќе најдам некоја девојка што убаво шминка и ќе и дадам мои шминки него ли да отидам и да ми лупа некои кинески шминки. И што им е филмот ако кажат дека шминкаат со Нејкед палети или Мак козметика а се копии? Па од километар се познава човече , немаат благе везе со оригиналот од квалитет до трајност. И гад ми е ко што рече мимс ,со една четка што поминува 100 девојки и мене да ме шминка , или со ист кармин , од кај да знам може некоја пред мене имала инфекција , херпес и оп да закачам и некоја болест па на крај краева сама ќе се шминкам ако треба
Во ФРАН бев три пати на шминка (имаа пакет од 3 шминкања па правев пробни за свадбата). Девојката шминка феноменално. Ептен и се квалитетни сенките, пудрата, маскарата, трепките. Јас бев исплашена од алергија на очи затоа што прв пат одев кај профи шминкер, ама никаква реакција немав . Четките и се ептен чисти и многу педантно работи. За мојата свадба 5 најбитни девојки се шминкаа кај неа и топ ги направи сите не по калап туку баш по линиите на лицето.
Дечки некое искуство со Даниел? Дали држи шминката и за колку време спрема шминка и фризура отприлика ?
Читам низ темава и сакам да ве прашам дали сте имале искуство со носење на ваша пудра, маскара, сунѓерџиња и четки кај професионален шминер? Искрено имам чувствителна кожа, склона на исфрлање и не би сакала да ме шлапаат со нешто што е претходно користено на друг.
Јас лично не сум носела мои работи, пред се само еднаш во животов сум се шминкала кај професионален шминкер но постапката ми изгледа сосема во ред. Прашње е колку ги чистат четшките и сунѓерчињата со кои шминкаат, а пак за маскара што на око се става најчувствтвително нешто да не праиме муабет. Слободно поненеси си свои и кажи му дека сакаш со твоите шминки да те нашминка. Па и на него нема лошо да му дојде, ем нема да си ги троши своите ем ќе си наплати.
Луѓе дали некој се шминкал во Фиторе? Која е цената за шминка и фризура и како сте задоволни? Патем препорачајте и некој друг добар шминкер.
Феминки, Ве молам препорачувајте добра шминкерка. Таа што ме шминкаше, веќе не е тука. Во потрага по нова сум. Тнкс
Девојки ми треба мислење за Ена Андоновска,ми ја препорачаа ама се двоумам меѓу неа и студио ФРАН? Некој ако може да сподели искуство,би ми било ептен од помош
Женски ај препорачајте некој добар шминкер или студио комплет шминка и фризура, само некој што стварно сте задоволни како работи.
@awl која цена е пакетот од 3 шминкања во ФРАН и дали е вклучено фризура и која е цената на шминка без пакетот?