Мене ме шминкаа со нејзината ученичка на часовите што ги држи. Какво е вашето мислење за Небојша Пешевски?
Ne se nemam sminkano jas tamu, ama poznavam edna devojka tamu sto se sminkase poveke ja fati patot do tamu nego sminkata neZnam tocno cena na shminkata ama ke se rasprasam ako sakas.
@Rose96 И мене ме интересира цената што ја наплаќа Селма.Јас сум воодушевена, штета што не држи курсеви, од сите на Балканот желба ми е од неа да учам.Ако имаш некакви информации каде таа учела да шминка, ако би можела да дознаеш, би ти била благодарна.Реално неизводливо ми е за некој настан да одам до Приштина да се шминкам од причина што пред такви важни настани сакам да сум одморна, не 3-4 саати да ми пројде у пат и утепана да сум после. Друго што сакам да кажам е поврзано со кармините.Не знам како еден кармин па каков сака нека е ви издржува цел ден, еве самата имам кармини од повеќе квалитетни брендови и каков сака нека е ама цел ден нема да ми издржи.Ако молчиш цел ден да, ама да јадеш, да пиеш, да зборуваш, за мене малку нереално е, сега ќе остане нешто ама онака избледено за никаде , не можам да го вбројам во"карминот ми издржа цел ден" Јас барем не сакам да си дозволам да поминам цел ден со остатоци од карминот и ќе се потрудам барем некоја слична нијанса да ставам во текот на денот ако немам баш иста како што ме нашминкале, па и да не е толку гламурозно како таму што ме средиле, пак нема да дозволам со таков избледен никаков цел ден да поминам. @frosyGrc Небојша Пешевски ја има шминкано другарка ми за една Нова Година, тогаш имаше промоција,, некој купон на групер можеби за 1500 денари шминка и фризура.Прекрасна ја направи иако и самата ја имам шминкано и има специфични очи, не и стојат многу експериментирања и се преклопуваат на поголем дел капаците.Тој многу убаво и го отвори окото и косата и беше прекрасна има жива коса што не држи многу а оваа 2 дена и држеше додека не ја изми мислам.За лицето не можам да се сетам како беше средена, поодамна беше и тогаш повеќе се фокусирав на шминкање на очите отколку на лицето, па не сум запомнила.Но целокупниот впечаток беше прекрасен, го ивлекол најдоброто од неа, се има шминкано на 3-4 места и сметам дека Небојша најубаво од сите ја нашминка.
Ај баш ме интересира, пошто и онака одам таму. Им пишав во инбокс уште пред неколку месеци, ама не ми кажаа конкретно, туку во стил "кога ќе дојдеш, ќе ти кажеме" : D
За невеста е 9000 онака е 4000. Те викаат таму за да те видат дали имаш правилни црти на лицето, ако не им се допаднеш ќе ти кажат дека немаат термин
Не, туку она се води по филозофијата дека крајниот ефект, твоето незадоволство и неисполнети очекувања и се лоша реклама.... Познавам девојка што има дупки на лицето од акни, ја викнала на консултација и откако ја видела и кажала дека нема слободен термин. Лично и јас се имам јавено за мојата свадба и истиот муабет, не ми кажа по телефон дали има термин, туку ми рече дојди ќе се договориме. Искрено, на фотошопирани слики веќе не верувам, види му ги сликите на Небојша Пешевски, да ти пуштам слика мене како ме нашминка, ќе се исплашиш верувај... блед тен, црни очи, бордо кармин...ноќ на вештерките
Искрено јас очекував многу повртоглава сума, со оглед на тоа што ја има шминкано Моника Белучи, Худа Катан, Гента Исмаили и многу други познати личности. Колку што гледам користи и high end козметика, па кога може со drugstore да ми наплаќаат по 2000...Многу луѓе немат осет дека професионалната козметика е многу скапа, а мејк ап артистите се еден вид уметници и нормално дека мора и за трудот да си наплатат.Не може секој да ти го "наслика" лицето според она тебе што ти одговара, а не како што претходно 100 души пред тебе исто нашминкал.Нормално кој си створи име и името си го плаќаш, како што плаќаш за облека,козметика заради името.Е сега има милиони што шминкаат и не може секој да си створи име, значи има нешто.За наш стандард што е скапо нажалост , тоа е друга тема и баш ми е жал што поради нашиот никаков стандард многу од нас не можат да си дозволат едноставно да си се почастат себеси со еден таков изглед и третман барем еднаш. А за тоа што ти велат дојди па ќе се договориме немам коментар, да сфаќам, да дојдеш откако ќе закажеш за да те простудира да се договорите, еден вид консултација, да има време да размисли што најубаво би ти стоело.Ама да се летне некој од подалеку 100-200 км и да му кажеш нема термин, срамота е.И за Фиторе сум слушнала слични работи и не ми се јасни ваквите постапки, а на двата салона на фан страниците и на инстаграм навистина преовладуваат убави девојки, баш чудно ми било, си викам како сите убави таму се шминкаат. Во врска со невестиска шминка, поскапа е мислам дека затоа што има пробна шминка и фризура, барем со неколку невести што сум разговарала ми објасниле, ако не и двете, имаат барем пробна фризура или пробна шминка,зависи што сметаат за попроблематично.Јас лично кога ќе сум невеста би сакала да направам проба, да се спасам од нервози дента ако не дај боже нешто тргне по лошо.Па сликите и снимките цел живот ќе ми останат, не мора да се луксузирам на некои адети и да викам било кого, ама сакам да бидам сигурна дека ќе изгледам убаво тој ден, не да се невирам додатно што како ќе излезе. @frosyGrc навистина чудно изгледаш, не знам дали е до осветлувањето, бидејќи и на светли девојки може убаво да стои појака шминка.Имаш баш убави очи,како срна знам некој искоментира, вистина е така, мислам дека во овој случај ти се изгубила дражта на очите.Исто не ми се допаѓа и overlining на усните.И јас имам усни со изразени cupid bow и мислам дека на нас не ни стои да ни се исцртуваат усните над природната линија.Има девојки како пример Desi Perkins, Promise Phan кој што имаат усни погодни за трансформација без изразена горна линија.Се согласувам дека човек не може веќе да верува од ретуширање на сликите и поради тоа кога ќе отидеш очекуваш чуда.
@LaraSolare мислев на делот дека шминка само девојки со правилни црти Иначе да, се слагам за цените, тие се. Јас не сум имала моја, по така прилика за да се шминкам кај професионалец, ама сигурно за моја веридба/свадба би одела кај Арменд/Фиторе. п.с се слагам дека многу јака шминка и ставиле на fros, мене овие фотки ми оставиле најголем впечаток https://www.facebook.com/1238496876...0.1449946551./980400615357973/?type=3&theater https://www.facebook.com/1238496876...0.1449946455./992855730779128/?type=3&theater @frosyGrc ај ако сакаш стави и од Небојша, баш ме интересира како те нашминкал. : )
Јас мислам дека таа сликата погоре е од Небојша Ама реално не се гледа баш шминката, сликата е многу темна, ништо не е доловено.
Оф леле, замаена сум цела. Помислив од Селма е тоа. Скролам низ албумиве и приметувам стварно нападна, непотребно јака шминка, посебно за свадби. Ова на пример ми е супер https://www.facebook.com/1493722585...9372258537684/642815062526732/?type=3&theater Се останато ми е ту мач, ама па секој со свој вкус
Мене воопшто не ми се допаѓа овој пристап „дојди во салон па ќе ти кажеме што и како.“ Мислам, уреду, ама според мене, вистински професионалец треба да направи ремек дело со секаков облик на лице и со секакви црти на лице, без разлика дали се правилни или не. Нема да им падне рејтингот ако некогаш нашминкаат и некој вон шаблонот. Конкретно, ова го знам само кај Фиторе, таму имаат таков пристап. Не ми се допаѓа тоа, навистина не можам да разберам каква е таа „одбивност“ кон сите кои делат од онаа група на девојки со „правилни и фини црти.“ Многу убаво ме нашминкаа таму, навистина се професионални во работата, но ова воопшто не ми се допаѓа и секогаш ќе ми остане како еден вид замерка.
Страшна сум, сама милион пати поубаво се шминкам Леле девојки извинете јас збрка сум направила. Мислев дека зборите за Фиторе, цените што ги пишав и она дека бираат кого шминкаат го мислев за нив, за таа Селма прв пат слушам