@blueberry93 Зборуваш за Арменд, а велиш студио Фиторе.Јас имам на фб еден Арменд Рамадани, студио Art Fashion.И друг ли има? Не сум од Скопје, па не ги знам сите.Инаку гледам човекот чуда прави.Колку зема за невестинска шминка и онака ?
Нема друг, тој е Арменд ме има шминкано пред 4-5 години, шминката и фризурата ме чинеа 6000 ден. Инаку ( барем тогаш) наплаќаше во зависност од тоа како ќе те направи, односно од 4000 па нагоре му се движеа цените. За невести беше 9000. Сега му се поскапени сите услуги, па веројатно и шминкањето.
https://www.facebook.com/ART-Fashion-145210762184215/timeline Само овој Арменд е. <3 Инаку кај него нема само шминкање, туку оди пакет, шминкање+фризура (трепки, веѓи). Невестински пакет 200е, а "обична" шминка да ја наречам 100-150е. Си држи цени. За мене е врвен.
Па овде спомнувате Фиторе, Арменд, затоа не сватив.Инаку го гледам стално објавува од фб, слики, па вчера отидов лајк и на страницата.Многу кул ми е човекот.Инатересна фацка е.Да си го имам предвид, за свадба хахаха.Тука кај нас не зимаат толку.Ццц, ама како глумици ги прави.
Во Фиторе не сум била, но сум слушала дека се однесува како ти да ја молиш за да се шминкаш кај неа, а она е ѕвездата. Додека, кај Арменд услуга и однос на ниво. Шминката не ти мрда буквално цел ден, се е прекрасно изблендирано и истакнато токму како треба. Нема да заборавам како ми ја исцрта устата и кои јаболчници ми ги извади, а воопшто не се познаваше јасна линија. Некако ти истакнува се убаво што поседуваш, но не до непрепознатливост. И сликите не му се со толку фотошоп како на Фиторе. Верувам дека во другите градови е поевтино, но и во Скопје може сосема пристојно да се нашминкаш за 1200 ден ( шминка и фризура) во Студио Додона, на пример. Сепак, еден ден кога би правела свадба, на Арменд би му ја доверила шминката и фризурата. Можеби за некој е лудост 200 евра за нешто што трае еден ден и после го миеш, но да не заборавиме дека сликите се вечни
Кога јас бев кај Фиторе, воопшто не се однесуваше како ѕвезда. Беше многу пријатна и down-to-earth, не даваше никакви коментари или замерки за мојот изглед или коса, понепријатно сум се чувствувала кај некои непознати шминкери и фризери кои изигрувале експерти за се`. Инаку, не мислам дека те вика кај нејзе во студио за да види дали имаш правилни црти, туку затоа што во живо можеш подобро да и` објасниш каква шминка и фризура сакаш, можеш да видиш со какви шминки располага, а и ти ја гледа и (буквално) допира косата за да види какво ти е влакното, колку ти е густа, и дали таа фризура што ја сакаш е изводлива. Нормално, цената за кратка и долга коса не е иста, а исто така и за едноставно фенирање и за комплицирана фризура. Мислам дека го прави сето ова за да знаеш што те очекува на денот на свеченоста и да не се разочараш, а и за изгледот да ти трае подолго. Јас имам дива и нескротлива коса која ми стоеше се` до наредниот ден, додека не ја измив, а шминката не ми мрдна, го поправав само карминот. И кај нејзе нема само шминкање, добиваш шминка, фризура, обликување на веѓи и вештачки трепки. Повеќе мои другарки биле кај неа и досега не сум слушнала да одбие некој (можда па има одбиени ама не кажуваат ). Би отишла и кај Арменд за некоја поголема свеченост, Албанциве ми имаат некој посебен „фат“ за шминка и веѓи, сум била и следам и Македонци ама им нема некој ни сличен. Го гледав и тој од Прилеп што сте го спомнале пред неколку страни, првпат слушам за него и сум пријатно изненадена, а и цената е супер.
Имаше од Битола една фризерка/шминкерка со специфично име, не ми текнува никако. Не сум од Бт затоја не ја знам, инаку ако одиш таму нема да згрешиш. Ако си од Бт сигурно ќе ти текне за која правам муабет. ЕДИТ : http://forum.femina.mk/threads/Професионални-шминкери.1284/page-4#post-426489 Еве најдов низ темава имаш и бројче, Ксенија се викала шминкерката.
Девојки ве молам споделете мислење за Даниел Николовски. Дали некој се шминкал и правел фризура кај него? Јас се мислам да закажам кај него.