Јас за матура ќе се шминкам кај цеце митева дали некој бил дали сте задоволни и ако може некој да ми каже каде точно се наоѓа
Јас прашав во студио Артистико за шминкање, и искрено некако многу скапо ми се виде, шминка 1500 а фризура од 700-1000. Дали имате предлог за некој шминкер што знае да нашминка салам, а притоа да не зема 1500?
Пред некое време бев да ме шминка демек професионален шминкер и да го споделам моето искуство на темата. Значи девојката беше на вистина, фина и комуникативна нема што, косата ми ја погоди навистина ама шминката, направи страшни пропусти. Прва работа што ми падна во око е тоа дека лицето ми го намачка со литл блек дрес крема за тело од авон. Доцна приметив ама сепак реагирав, јас имам мрсна кожа на некои делови од лицето и од мрсните креми ми се мрси дополнително. Друга работа немаше воопшто избор на пудри, користитеше една поскапа и квалитетна пудра ама ја имаше само најтемната нијанса и од една друга пудра користеше ама ја имаше најсветлата нијанса и ги мешаше двете пудри. Друга грешка, како што кажав мене ми е мрсна кожата на некои делови, а таа не ми стави камена пудра. Сенките како ми ги нанесе сум задоволна, со оглед на тоа што имам мрсни капаци а сенките не ми се собраа добро е. Под очите ми стави моливче од колотренд од Авон, па маскара. Друг пропуст е тоа што не ми стави туш, а и реков дека сакам ептен тенка линија ама очигледно девојката немаше. Друг пропуст, немаше соодветни четки за шминкање, па ми нанесе од корективните бисери од Авон ама ми ги нанесе со сунгерчето што оди со нив. Значи користи какви сакаш производи, колку и да се скапи и квалитетни ако немаш добри четки се паѓа во вода. Исто така неможеш себеси да се нарекуваш професионален шминкер, а да немаш некои од основните продукти. И на крај ми стави едно сјајче, колку да не е без ич и ај со здравје. Не беше толку лошо ама сепак во глобала не сум задоволна. Да имав квалитетна пудра дома самата ќе си се нашминкав.
Јас кај Ена Андовска се шминкав за матура, 1500 е со трепки ама премногу сум задоволна, и кажав дека сакам јака, арапска шминка со светки и сите салтанати и ме направи совршена мислам, и на слики испаѓаше мн добра шминката, и што е најбитно не мрдна дур не ја измив (ни карминот), едно добри 16 саати.Единствен проблем и е локацијата, во Драчево се наоѓа едвај ја најдов.
Зависи од буџетот , за поскромно да поминеш Studio Gaga Saraj, ако сакаш нешто попрофи (100-200е), Фиторе или Арменд.
Во септември сум на свадба и сакам шо порано да си се закажам за на шминкер. Од Битола кажете ми Белеза или Ајтен? се мислам поќе сум за кај Ајтен ама мислење ми треба сепак..
Женски некое искуство со Бранкица од Радишани? Ми кажаа пофални зборови за неа.. искуство и цена да знаете? За невеста
За тимотеј, пред мене имаа коментирано за Тимотеј и само се надоврзав на муабетот. Инаку за Бранкица прашуваш, мене ме шминкаше за матура, прв и последен пат. Многу бавно работи, ама работи со квалитетна козметика - значи не авон и орифлеим, туку артдеко дебора, макс фактор и сл. Сеа зависи и до вкус, ама мене ми беше онака ок ништо специјално ништо wow. За помали пригоди би поминала шминката од неа, ама за веридби свадби и слични поголеми настани не сум за. Не ми се допадна тоа што не знаеше да ми даде симетрија на лицето, ми ја направи левата веѓа повисока од десната и шминката ептен чудно ми изгледаше, не знаеше да ми ги изедначи двете очи да ми изгледаат исто, не знам како да се изјаснам, природно не ми е такво лицето ама со шминка направи така да ми изгледа. Тогаш за трепки не напалаќаше, сега слушнав дека зема плус пари. Во однос на трајноста на шминката бев повеќе од задоволна, ама повторно не би се шминкала таму. Е сеа да ја пофалам @Rose96 ти го следам постојано инстаграмот и се воодушевувам од тоа како шминкаш а сеуште се девојче ( не ме сваќај погрешно ) можам да замислам како ќе шминкаш кога ке попораснеш. ПОсебно невестата што ја имаш нашминкано, вака да ја видев без да знам дека ти си ја шминкала ке речев некој ептен професионалец ја шминкал. Алал да ми ти е.
Сакам да прашам, од прилика колку време шминкаат професионалните шминкери? пола саат саат? ме интересира тајмингот затоа што прв пат ќе одам, и сакам да го испланирам времето.