Па не се работи само за шминките. Еве јас имам квалитетни шминки ама нема шанси да се нашминкам како што би ме нашминкал професионалец. Само да, 200 евра е премногу, ама има куп девојки и дечки што шминкаат поевтино.
Не сакам да испадне дека се мешам у нечив буџет, ама 200 евра за некого се цела плата, а некој зима и помалку... Парите треба да се чуваат и ценат додека ги имаме. Совет: купи си ефтини шминки и вежбај по дома и ќе видиш како ќе научиш да се шминкаш убаво. Јас прашував на форумов, гледав видеа и си се свиѓам како се шминкам. За свадби е важно квалитетна шминка за да стои, да не мораш многу да коригираш...
Кажав еднаш за Фран ама ај пак,мене Импала течна пудра ми стави ми се врескаше од нервоза ама касно беше.
Najdobri za sminka i frizura se Sena i Ana vo cair prfektni i profesionalni se pisete na fb Frizerski salon Sena otvorete sliki i kje vidite kje se voodusevite
Јас како и да е не се шминкам многу, т.е. скоро ич, па искрено, порадо би дала некоја сума да ме нашминкаат како треба, отколку да се учам самата. Секако за секој ден само маскара користам. Мислам дека секој може да си даде колкава цена сака, не гледам ништо лошо во тоа некој да си го цени трудот и да мисли дека заслужува толку. Е јас лично не би дала 200 евра за шминка.
Само еднаш имам отидено кај професионална шминкерка и тоа по желба на сестра ми, бидејќи беше специјална пригода за неа. Напред-назад, се теглевме, ама ајде, попуштив. Бидејќи сум човек што лицето многу си го пази и повеќе инвестирам во него да ми биде природно убаво, чисто и мазно и ретко со малку шминка, тоа беше една голема катастрофа за мене Не знам како чија сестра попрво се чувствував, како на Џокерот или на Пингивнот од Бетмен Пред да започнеме и реков дека сакам да биде што помалку, што понеутрално. Секако, исто како спротивното да го реков. Едвај издржав, бидејќи едно немам навика, друго не сакам кога некој друг ме шминка, одма добивам нагон за смеење А шминкерката како за инат, ми се погоди како да излегла од Prison Break, сумо борач која цело време ми дишеше в лице како да е приклучена на респиратори Крајниот резултат, не велам не, не беше шминката до толку грозна и на сликите одлично испаднала, но многу ми тежеше на лицето и ми требаа 4 цели часа да го симнам тој малтер од мене Три кила контури, фиксатори, цимент, а тек да ми лепеше трепки, што ќе беше Не ми се допадна нејзиниот однос, нити пак професионалноста, ни нејзина ни на оние другите шминкери, бидејќи не знаат да шминкаат, туку сета работа е шаблонска, само карминот или ќе е мат беж или мат вампирски, а што е пожално, девојките се тепаат така да ги нашминкаат Ало сестро, како за професионален шминкер, треба сама да процениш што ќе ми стои, а што не и не мора се што имаш во салонот, да го ставиш на мене. Вака, се чувствував како во Северна Кореја, од каталогот од понудените две, да го избрав помалото зло Значи страшно (Исус иконката) Еднаш и никогаш повеќе
Претпоставував дека се работи за шминкер што не е од Скопје. И јас во мојот град имам извонреден шминкер кој шминка со MAC и Benefit и става трепки за 600 денари. Како и да е, во случајов девојката побара предлог за шминкер во Скопје, поточно во Центар, и јас ѝ кажав дека во тој дел имам добро искуство со FRAN. Ако на некој не му е проблем да изгуби три часа за шминка, да патува со автобус со фризура и потоа да се слика за табло (или да присуствува на некој настан, свадба, која и да е пригодата) и твојата опција е во ред. Лично би ја избрала побрзата и попрактичната варијанта Значи, сè уште не најдовме шминкер кој шминка како FRAN, користи поквалитетна козметика, зема до 1200 денари и е од Скопје (Центар или околината)? Затоа што и јас барам
Ивана Атанасовска е најдобра дефонитивно. Сум била кај повеќе професионални шминкери но најзадоволна сум била од Ивана. Можете и на фб да погледнете слики Цената и беше 1200 мислам дека не и е сменета.
Има ли некој од вас искуство со Студио Гага - Сарај? Видов стварно прекрасни слики на нивниот фб профил
@tamarce.j https://www.facebook.com/makeupbykika/?fref=ts https://www.facebook.com/MakeupByMeri/?fref=ts Се немам шминкано но за овие две имам слушано пофални зборови. Е сега со цени незнам како се.
Одам во Охрид викендов и барам шминкер, ги погледнав и Кика и Мери на фејсбук и како што забележав не шминкаат лошо ама малку повеќе ми влезе во око шминката на Кика . Освен тие две знае ли некој да ми препорача некој што шминка за поефтини пари ми треба само за вечерно излегување шминка па не е проблем дали е во студио или не.
Ако те бива за цртање можеш и сама да си нацрташ,има к'на специјална за цртање на женски пазар се продава во туба 100-150 денари.Можеш од интернет некое видео да погледнеш.Јас сама секогаш се цртам
Јас за матурата се шминкав во студио V&A, негде карши Соборна се наоѓаше. Само за шминкање не знам колку земаат, мене за шминка, фризура и нокти мислам 3700 ми земаа. Една девојка пред мене убаво ја направија, мене ми се допадна, очите и беа со земјени тонови и понежно делуваше. Мене ми се чини торта ми направија од фацата, пренападна шминка за мој вкус иако другарките ме пофалија, ми рекоа дека убаво ми стоела. Што знам, ако сака некоја нека проба овде, само пред тоа нека нагласи убаво како сака да биде нашминкана.
Здраво девојки , една информација ќе ве замолам за девојките што се имаат шминкано кај Ксенија во Битола каде и се наоѓа студиото и колку е цената за невестинска шминка. Поздрав
Цената за невестинска шминка е 1500 денари ама не знам точно кај се наоѓа. Мислам дека кај камен мост некаде ама да не те излажам, ќе ти каже друга за посигурнo