Дечки ако може да ми препорачате некоја шминкерка за во Скопјево, за табло и апсолвентска ми треба Да не е скапа многу, и да не шминка грдо
Мене девојката што ме шминкаше за апсолвентската - алал да и се парите. Дојде дома, со 4-5 куфери шминки, алатки се и сешто зашто и косата ми се среди. И фризура и шминка не ми мрдна со сабајлето - 9 саатот. Не знам дали смеам овде да пишам име и бројче. П.С. Мислам соработува со некои од пејачите наши и за некоја телевизија работи, не сум сигурна.
Dali znae nekoj od vas Shurbevski kolku zema za sminka? I za obicno sminkanje i za nevestinsko ? I koja kozmetika ja koristi?
За јуни минатата година знам беше 3000 ден само невестинска шминка,сега можно е да ума измени .Препорачувам,одлична шминка.
Девојки дали некоја знае за во Штип да ми предложи некој што убаво шминка ми треба за апсолвентска. Само да не е Диор прескапо е.
Мислам дека беше нешто измеѓу 500 до 1000, а дали е сеуште така не знам. Не ме фаќај за збор најдобро пиши и на фб. Не прави фризури.
Здраво на сите, Искуство со шминкер освен со Дадар сум немала со друг/а, кас бев презадоволна, човекот е професионалец го обожавам Но ми треба дега совет за дневна шминка некој кој би бил така поевтин во скопје?
Феминки, на свадба сум во Битола, да ми препорачате добар шминкер/ка. Кај Ксенија пробав ама нема термин веќе. Фала
Јас мислам дека е beauty face во прашање. Убаво работат ама некако девојките ми се премногу слични, речиси секогаш ги користат истите нијанси, барем на сликите тие комбинации на бои ги гледам. Ама затоа Арменд има некој посебен талент, има хват. Знае некој колку пари шминка тој? Фризура колку е? Невестинска шминка, фризура? Спојлер За другарка прашувам
Пред неколку години мене ми зема околу 100 евра, а на девојката пред мене 4500 ( нежна шминка и едноставна фризура имаше), а невестински пакет беше 9000. Сега мислам дека цените се повисоки. Ама човекот работи совршено.
Дали некоја од вас има број од Елена / Ена Андовска? Се обидов да ја контактирам на фб, но не добив никаков одговор. Барам шминкер за свадбата на сестра ми, не ми треба пакет шминкана фризура, туку само шминка, па ако имате и друг предлог благодарна би била.