Ве молам предлози за шминка и фризура во Охрид? Да не е прескапо и препорачливо е да е околу центар. Благодарам
Зорица? https://www.facebook.com/zorica.nikolova.12 Можам и број да ти дадам во Лп. Девојката доаѓа дома, нема салон.
Многу лошо искуство. Тотална непрофесионалност!!!! Може добро ќе те направат, ама не вреди да си ги ризикуваш нервите. Каснат, не те слушаат што им зборуваш, прљаво во салонот, па тоа сестрите коа ќе се раскараат за нешто... Ако имаат во ист термин со тебе некоја што ја познаваат, веројатноста да те заборават, а целосно да се посветат на неа, е огромна. Се на се, не би препорачала на никој!
Имам закажано веќе за матура во 5 , намерно сакав покасно за шминката да ми стои а и фризурата, извиткана ништо посебно ми ги фалеа ептен па закажав таму ќе видиме што како ќе биде...Кажи ми им имаше покажано како сакаш шминка фирзура или им остави на нив?
Извини ако те разочарав и јас имам слушнато убави зборови, ама ете тоа е моето искуство, а и искуство на мои блиски. Не се сеќавам дали имав покажано слика од шминката, мислам дека само им објаснив како сакам од прилика. За фризурата покажав слика.
Бев пре задоволна, шминката и фризурата не ми мрдна повеке од 48 часа, малце лошо звучи вака 48 часа со шминка ама јас толку не бев прибрана дома, ми наплати 2000 или 3000 илјади не сум сигурна, ама вредеше секој денар, нема да погрешиш ако се пминкаш кај него... И извини касно што ти враќааам
Некој искуство со Сим Салтирова? Вака на слики е препрофи ама знам дали е стварно добра или превише ефекти на инстаграм. И колку наплаќа?
Некој искуство со шминка и фризура во салоните Mirror (позади универзална) и Fashion and vision? Не можам ниту на фб да ги најдам, да погледнам слики
Не знам кој работи сега во fashion and vision, ама последен пат кога бев работеше една жена што мене ме сминкаше за апсолвентска. Ужас, прав ужас. Сама милион пати поубаво ќе се нашминкам, ич не ми личеше шминката. Инаку, гледам на ФБ, како најава нешто, Владимир Трајковски и Лила соработувале со една жена што продава "брендирана" козметика (читај фејк). Се прашувам какво ли чудо ќе биде ова...