Леле оваа Азра колку се прави паметна продава фејк шминка и уште ги убедува луѓето дека е оригинал а ако некој и се спротистави го трга од група и еден тон закани и лоши зборови употребува. Катастрофа жена !!!
Јас обично не се мешам, нека си продаваат. Оставам на секој да си процени што купува, ако си доволно глуп да поверува дека е оригинал, тогаш ти си проблемот. Ако некој во беднава економија си го вади лебот со продавање на козметика, зошто јас да го напаѓам? Секој се снаоѓа некако, а сите злобни па на друг гајлето го берат место во свој двор да си гледаат. Туку Владимир Трајковски, мислев некој почитуван шминкер е, и Лила Филиповска, јавна фаца, вака да промовираат фејк козметика, еве не знам...
Се што гледате под наслов Брендирано, Козметика и такви други слични наслови се имате по пазарите. Од худа бјути до кајли фејк. И се што ќе ставите на лицето да знаете дека при своја свест ставате хемикалии. И јас имав неколку фејк палети од кои се ослободив и сега уживам во оригиналната козметика, подобро купете МУР или Sleek или на Сефора за повеќе пари отколку да платите помалку а да добиете не дај боже некоја алергија или не дај боже проблеми со лицето. Точно секој си го вади лебот, но не по цена на човечко здравје.
На моето нема, затоа што нема да купам, ама сигурно нема да идам и на група/профил да и пишам "Како не ти е срам да продаваш фејк козметика". На пазар кога одите така им викате? Некако секогаш туѓоѕо гајле го бериме, нашето најмалку. Нека продава колку сака, ако некој сака да користи фејк козметика нека користи. Милион пати е кажано колку се штетни, ако и покрај тоа не се сфесни, нема на фб група памет да им дотераш, само ќе излезеш најголема будала.
Да се самоцитирам, работи во студио 501. Пребарував никој до сеа нема ништо за нив пишано. Случајно некој да чува во себе а да не кажал?
Јас се шишам таму. Малку ми е нападна шминката (барем тоа што сум го гледала по слики и дури чекам ред), ама подетални информации немам, се немам шминкано таму. Патем, за шишање - и' нема рамен на Весна, па претпоставувам дека и шминката не е воопшто за потценување, иако верувам дека се поскапи. Барем судено според ценовникот за шишање.Скапџии се малку.
Реално денес сите станаа професионални шминкери. На матура кога бев да ме шминка една доста позната 'професионална' шминкерка, иако виде дека имам проблематично лице, ги користеше истите четки што претходно ги користела на милион девојчиња што биле пред мене. Ми се исфрла лицето ненормално многу и додека сите мои другари и другарки уживаа во ноќта јас сакав да исчезнам и си отидов на пола забава. Така да не фрлајте пари кај секој, цената нема врска со вредноста на услугата.
И да и кажев дали стварно мислиш дека ќе направеше нешто во врска со тоа? Имаше редица на девојчиња што чекаат поради тоа што некоја пред мене каснела и таа што ме шминкаше гледаше што побрзо да ме заврши. Нема професионалност.
мене ме има шминкано пред некоја година, дома ми дојде и мислам околу 400-500 ден ми зема без трепки. Фино работи, ама шминката ми беше како сама да сум се нашминкала а јас кога идам на шминкер сакам да има разлика во она дома сама што го правам и ефектот од шминкер. Од гага во сарај сум задоволна во однос на цена=квалитет.
Дај кажете некоја што шминка во Штип во Стилисимо нема термин и кај Диор. Некој друг што работи убаво?