Јас па спротивно од тебе сум видела многу природни изгледи кај девојки шминкани од Салтирова. Треба да се јавам и да си прашам прво па у ребра, доста се рспрашувам на околу за цени, смотаница Фала во секој случај
Јас ја контактирав пред 2 години и дома ми дојде, тогаш ми зема 600 денари сега незнам колку наплаќа. Јас бев задоволна за пригодата ме среди како што јас си сакав. Битно ми беше што прифаќа солуција а не тера по свое.
Па и не се преоптеретувај многу со моето мислење, јас сум „неверни Тома“ кога се работи за професионални шминкери и ретко кога ми се допаднала нечија работа. Не си се допаѓам со нападна шминка, a имам крупно око и не знам зошто сите ми ги нагласуваат очите уште толку, па имам аверзија кон профи-шминкање и одам по девизата „сам да не ти е срам“. Засега само во Фиторе ми ја имаат погодено шминката онака баш како што сакав без црнила, ама претеризам е чекањето за термин и цените. Проверувај на Групер да не случајно извадат некој купон за попуст, оти се сомневам дека шминката сега би била 600 денари во 501. Ма да никогаш не можеш да знаеш.
Луѓе значи вака, на свадба сум за две недели и имам закажано шминка и фризура кај Дадар.Никогаш не сум била и како што гледам по сликите шминка многу нежно, природно,дури не се ни познава дека си нашминкан, а јас обожавам по нападна шминка, нема да му дадам толку пари за еден туш да ми стае.Што ќе ми кажете вие, добро ли шминка? И слушнав за некој Алек Палада и тој шминкал добро.Кој е подобар според вас? Споделете искуства....
Палада ти е во Прилеп,а Дадар во Скопје. Според мене мислам да неси ги даваш парите кај Дадар. Најди ја Елена Андонова на фб,предобро шминка.
Девојки дали се имате шминкано кај Андријана Станковска - Beauty Anica од Велес? Јас сакам да закажам кај неа за свадба, за скапа не ми е скапа, а и гледам вака по слики ногу убаво шминка. Но ме интересира и ваши мислења доколку некоја се има шминкано кај неа како сте задоволни?
Девојкии ми треба помош, вака за 2 недели сум на свадба кај едни пријатели и не ми се даваат многу пари за шминка а за фризура имам посебно закажано, па да ми предложите некој од Охрид? Не ми се оди кај Мери или кај Марга најмногу ради тоа што е скапо.. Може мене да ми дадеш број во лп од Зорица? Имав ама го сменав бројот и сега немам ниеден.
Баш читам наназад и гледам дека има дискусија за поскапа шминка. Јас работам во тоа поле и кај мене е поскапо за невеста (иако не толку поскапо, за некои 200 ден се работи). На невеста се става друг тип шминка. Поиздржлива да кажам. Се користи поинаква, поскапа козметика и затоа е таа цена.
Не знам. 1500 беше пред 2 години. @DAngel се разбира кога дистрибутер на шминки му е Азра која истите ги набавува од битпазар.
Не знам од кај ги набавува, ама кога се прави толкава фаца и нон-стоп се фали дека шминка познати, може барем некоја поскапа козметика од продавница да купи, не мора да биде хај енд. И во никој случај не смее да биде фејк.