Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Професионални шминкери

Дискусија во 'Лице' започната од Lizalka, 15 март 2010.

  1. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Девојки, има ли курсеви за шмнкање на сопствено лице?
    И порај милиони изгледани видеа на youtube, мака мачам да ги нашминкам моиве очи со спуштени, месести капаци.
     
  2. NewGirl.

    NewGirl. Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    КУРС ЗА ШМИНКА – “НАШМИНКАЈ СЕ САМА“
    Само уште денес, искористете го попустот од 50% на групата која почнува со часови на 17-ти јуни и научете како да се нашминкате сами како професоналци за само 6.180 ден!

    Еве од центар за обука Ева :D
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу :)
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира каков е тој тип на шминка? Кои брендови користите (или користиш) за обични клиенти а кои за невеста? Каква разлика ви прават вам тие 200 денари? Мене ми нема логика, знаејќи како се движат цените на голем дел од брендовите достапни кај нас, а и оние што можат да се набават од кај соседите или од дистрибутер.
    И што доколку клиентката е кума или старосватица? :)
     
    На naturally и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Да ја пофалам сим салтирова девојката е феноменална. 1500 е без трепки, 1800 со трепки.
    Вреди за секој денар.
     
    На Sexybaby86, zhap4e, Rose96 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Како што на вас ви прават разлика така и на нас нели. Лично јас користам многу трајна козметика од брендови кои и ги има и ги нема кај нас. Секако дека знам/ знаеме дека знаете колку се движат цените на козметиката, но сепак тука збориме за професионална услуга. Не очекувате ваљда тоа да биде линеарно? Друго, невеста и старосватица или кума не е исто. Невестата цел ден го поминува во гужва, препотувања, гушкања и поздравувања (кај нас) а се тоа ја брише шминката доколку не е трајна и можам да кажам доста скапа и во неа доста вложуваме. А козметиката е потрошен материјал, а поентата на секоја работа е вложеното да се исплати.
     
    На Kitten и Glasna им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мислиш дека можеш да заобиколиш директно прашање. Прашав кои брендови користите за да можам самата да проценам каква е таа трајна козметика. Имам и јас брендови икои ги има кај нас, но имам и брендови кои ги нема кај нас, туку ги има во Солун или Америка, па можам и сама да проценам каква е трајноста и квалитетот на брендовите кои ги користите. Секако, можам да побарам и рецензија на интернет.

    Или експлицитно кажи ми која козметика ја користиш за невеста, а која за останати клиенти, или едноставно кажи дека не сакаш да откриеш - as simple as that.

    Не е исто, но и кумата и старосватицата, па и свекрвата и бабата, се цел ден во гужва и честитања, и тие се препотуваат, па и нивната шминка, кога веќе направи таква споредба, би требало да е поквалитетна.
    Мене воопшто не ми е битно дали сум кума или одам на свадба кај колешка, кога плаќам за шминка, сакам истата да е квалитетна.
     
    На simonka93, joy1, naturally и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Убаво те разбирам што сакаш да кажеш и каде е дилемата.
    Лани прекрасно ме среди едно девојче (шминка и фризура) за 1200 ден. Истата таа, за невестински пакет наплаќа 5500 ден!!! Не разбирам зошто, кога ќе ги користи истите шминки со кои ме шминкаше и мене, а ги имаше од најевтини до средна класа. Воопшто не поседуваше професионална козметика за да и наплати на некоја невеста 4300 денари повеќе од мене. Единствено што ќе треба дополнително да направи е да се помачи да и стави вел или некој додаток во косата.
    Работава, ќути си- трај си дека си невеста...
     
    На Sesil, Dust, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Avery Работава е да не кажуваш оти си невеста :D
    :d::drunk:
     
    На simonka93, kala21, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски

    Не е до брендовите (може и истите да се користат), туку до техниката. Невестинската шминка по правило се нанесува поинаку, во тенки слоеви со мноооогу блендање, за да изгледа природно а сепак да трае повеќе од вообичаената. Ако за обична шминка треба 40 минути, на пример, невестата ќе ја шминка саат и пол.
    Во цената на невестинската шминка е вклучена и пробна шминка со консултации.

    Секаде во светот невестинска шминка чини дупло, па и тридупло повеќе. Тоа што кај нас повеќето ќе ја нашлакаат невестата подеднакво брзо и ќе носи иста цементирана маска ко останатите е друга тема на муабет. Невестинската шминка чини повеќе и треба да биде така, но треба да биде и поинаку изработена.
     
    На Sanjichka007, buba4e89, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто сите се правите експерти на тема шминка и козметика а не сте. Кога ќе седнете кај професионален шминкер верувајте пола од козметиката нема да ви биде позната. Професионалец не шминка со Менхетн, Гош или пак Сефора И не, не шминка ниту со Мек! Ова е комерцијална шминка.

    Професионалец следи семинари и конвенции и набавува шминка која не е за широка потрошувачка. И не се ич евтини. Но нашиве снобчиња сакаат во куферчето на шминкерот да видат Мек пудра, да им биде доказ дека плаќаат квалитет :fubar:
     
    На Triksy27, Βικτωρία, Skorpija25 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.153
    Допаѓања:
    73.371
    Пол:
    Женски
    Ако голден роуз, мода и импала се рачунаат за професионална шминка тогаш навистина сум немала врска од козметика. Се знае што е квалитетна шминка и нормално за тоа што ќе го платам сакам да видам и квалитетни шминки. Тоа што зборуваш дека користат шминки кои не се за широка потрошувачка тие се многу, многу ретки.
     
    На simonka93, Sanjichka007, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.366
    Пред некоја недела ме шминкаше едно девојче. Не би рекла дека е професионален, мислев полупрофесионален ама на крај излезе накај аматер шминкер да речам.
    Поради осетливата кожа носев мои шминки, од нејзе сакав само техника. Девојчево прв пат ги гледаше марките а и функцијата на работите кои и ги однесов (facepalm).
    Имаше фат, ок си беше, ама не дај боже со нејзините ако ме шминкаше.
     
    На simonka93, Sanjichka007, kala21 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    Всушност, употребуваат и Мек професионалците. И од посебната линија за професионалци, но и од комерцијалната.
    Ќе видиш кај врвен професионалец и Есте, Диор, Мек, Урбан Декеј, од се’ по нешто. Точно е дека козметиката претежно им се состои од производи што не се достапни за широка потрошувачка, ама има и такви.

    Околу тоа дека кај нас се очекува Мек, не е затоа што сме снобови, туку затоа што не сакаме кинеска козметика, со која за жал многу "шминкери" земаат пари. И секако дека таа ќе ја препознаеш во куферчето и нема да ти се допадне, па ќе мрчиш. Ако е екслузивна козметика чие име не го знаат, не верувам дека ќе се бунат. Има девојки кај нас кои се разбираат од козметика многу повеќе од што претпоставуваш. Штета е што повеќето на пазарот сакаат кичерај, па тоа и се нуди.
     
    На Glasna, simonka93, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam не ми беше муабетот да зборувам за тие што користат кинеска козметика ко што викаш, туку за тие што користат брендови од професионална шминка која реално за нас е непозната :!: Тие девојки што се разбираат од таква шминка се многу малку! Но го дадов како пример Мек кој е веќе "на глас", и муштериите го перцепираат како вид на престиж дека шминкерот ќе ги нашминка со таа козметика. Имам ептен блиска другарка, шминкер професионален дооолги години, која набави пудри од Мек баш од тие причини...Ми вика- ми ѕиркаат во куферот и ме распрашуваат муштерикиве буквално за секоја шминка и се забезекнати како тоа јас не користам Мек...а не се разбираат од шминка. А се да речеме редовни муштерики секој викенд на кои не им е проблем да дадат 2000 за шминка за едно искачање...се додека имаш Мек у куферче :D За овие снобчиња правев муабет.

    Значи, се бунат ако видат непозната козметика, а девојкава инвестира богами на големо!
    А жално е што секој стана шминкер, па и со цените се преценуваат(facepalm)
     
    На danichap и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    За мене не постои такво правило, да, невестинската шминка се нанесува со поинаква техника. Еве, да речеме дека јас сум кума или свекрва, што значи јас цел ден ќе сум во гужва, и мојата шминка треба да поднесе многу бакнувања, честитања, гужва, итн. Јас како клиент очекувам квалитетна шминка која нема да се растече, очекувам хигиена и квалитетни производи.

    Невестинска шминка треба да чини повеќе, ако и само ако, има и пробна шминка и консултации. Сите останати техники, методи и објаснувања мене ми се непотребни.
    Можеби во Фиторе или кај Арменд, кај што обична шминка и фризура е 50 евра, а невестинска 200 евра (можеби сум грешка, никогаш не сум била таму да се шминкам), има пробна фризура и консултации. Но 200 денари не прават ама баш никаква разлика. Ниту во козметика која се употребува, ниту пак во техниката.

    Факт е дека кај нас т.н. козметички салони и студија печалат на невестите, а немаат ни едно единствено оправдување. Друг факт е дека студијата кои имаат некоја си пристојна цена од 50тина евра за невестинска шминка и фризура користат комерцијални брендови од типот revlon пудра, па ти плаќаш само техника. Уште еден факт, во Фран користат impala.

    Од каде знаеш дека не сум? Од каде знаеш колкаво познавање и разбирање имам јас на тема козметика т.е. декоративна козметика, ако веќе сакаш да правиме муабет. Повели ти кажи кои се тие некомерцијални брендови кои ги користат професионалците, а не се достапни за широка потрошувачка.
    За мене Mac пудра не е репер за квалитетна пудра, ниту пак репер за скапа козметика, а за тебе не знам.
     
    На Sanjichka007, macka91 и crimson им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски

    Ребека, ако одиш да бараш невестинска шминка, зошто да кажеш дека си невеста ако очекуваш ист третман? Кажуваш затоа што бараш посебно внимание. И вистински професионалец ќе ти го даде, ама ќе си одреди и друга цена.

    Еве на пример, знаеш како изгледаат холивудските ѕвезди на Оскари. Со сосем природна шминка што се слева со нивното лице. Знаеш колку часа се потребни за тој ефект? Многу повеќе од времето што се посветува на обична шминка, и тоа е тоа што се бара за правилна невестинска шминка - речиси и не се познава на лицето, а ја прави поубава на природен начин. И тоа време чини пари, цената обично се одредува на час.

    Овде не знам дали некој шминка на тој начин, а ако мислиш дека не можеш да добиеш таква услуга не мора да кажеш дека си невеста. Зошто кажувате, впрочем?

    За тоа Фран со Импалата и другите со Ревлонот, истото сум го критикувала. Не знам каква врска има тој муабет со мојот.

    Околу тоа дека кај нас печалат на невести, гуглај. Секаде е така. Причината е таа што ти ја кажав. За тоа дали имаат оправдување за цената кај нас, пак ќе ти кажам - друга тема на муабет, тие што ги знам не ја оправдуваат. Дали има оправдување за повисока цена за невеста кај вистински професионалец, има. Ако не сакаш да ја платиш, си бараш најобична шминка и тоа ќе го добиеш.
     
    На Skorpija25, Glasna, macka91 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R не ги знам, не сум шминкер, затоа не се ни правам дека знам :)
    Мек немам користено, така што не ми е мене никаков репер, ама на многу други очигледно им е, штом го бараат да го видат кај шминкерите. Мене тие брендови што другаркава ги користи ми се непознати, ниту сум се трудела да ги запамтам. Поентата ми беше дека муштериките бараат да видат нешто познато и му ја знаат цената (посебно дека е скапо), затоа што е комерцијално. Останатава козметика за нив е исто како да си ги нашминкал со "ноу нејм" козметика од Кина.
    Јас за тебе ништо не знам, па не те ни цитирав, а штом ти си се пронајде во мојот пост, можеш и ти да ни кажеш што е за тебе репер за добра козметика, странска, или сеедно каква е, и што очекуваш.

    И јас како тебе не ја гледам разликата во 200 денари за невестинска шминка. Невестите треба да добијат по "слоевита" шминка, подолго време се нанесува, па со тоа цената треба да е дупло поголема.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    597
    Се имам шминкано кај Ивана Атанасовка, Фран, Меги Медичи и ниту една од нив не прави разлика меѓу невестинска шминка и останата. Сите ми имаат кажано дека не е логично да правиш разлика кога шминка си е шминка и дека за било кој и да е настан таа професионална шминка мора да трае. Дека сите што наплаќаат е заради бизнис... Од сите погоре сум задоволна и кај Фран сум била три пати и ниту еднаш не ми ставила Импала пудра.

    За свадбата ме шминкаше Медичи, тогаш по цена од 1000 денари (исто како и претходно што ме шминкала за други настани), а фризура ми направи Дарко од Алур за 500 денари. Јас не знам навистина од кај ги вадите тие цени од 100 и 200 евра. Мој совет особено за невестиве - не експериментирајте баш за свадбата. Одете си кај оние кои ви се проверени и ви знаат и коса и лице и црти...

    П.С. Последно бев во Social Hair salon кај Влада. не знам како се викаше девојата што ме шминкаше ама сум ептен задоволна од тоа како ме направи и колку ми траеше....
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    @Kitten Кoјa е тaa мистериoзнa некoмерцијaлнa квaлитетнa шминкa кoјa јa кoристaт кoзметичaрите a ние пoимa немaме? Некa ми кaжaт, имaм интернет, ќе прoгуглaм пa ќе спoредaм сo oнa штo јaс гo знaм и бaрaм. Или ќе излезе декa се рaбoти зa непoзнaт бренд сo прoсечен квaлитет aмa ќе прaвиме мистеријa oкoлу тoa кo дa е не знaм штo. Еден куп прoизвoди имa нa пaзaрoт oд рaзни држaви и фирми и не се сите пoзнaти, среќa интернет е тукa пa мoже дa се зaпoзнaеме и сo цени и сo квaлитет и сo искуствa. Пoминa тoa време кoгa ни шиткaa третмaни зa лице сo тoник и креми штo не сме ги виделе низ нaши прoдaвници пa мислевме кoјзнaе штo се.
     
    На Sanjichka007, Nausicaa, YoungandBeautiful и 2 други им се допаѓа ова.