Јас те сфаќам тебе што сакаш да кажеш, реков јас дека можеби е така во Фиторе или кај Арменд, но во козметичките салони кои можат да си ги дозволат поголем дел од невестите кај нас, ја нема таа нијанса. Пример во козметичкото студио во кое одам јас, има таква градација, ама само во цена. Верувај потполно ист третман добивме и јас и невестата. Јас сеуште не сум била невеста, ама не би кажала. И обичната шминка е доволно добра и издржува цел ден. А кога веќе дискутираме, во салонот во кој одам јас, доколку не кажеш дека си невеста, можеш да очекуваш дека утре сите нивни клиентки ќе дознаат оти не си нагласила невеста и не си дала 1000 денари плус. Јас бев последната која пишала за професионална и комерцијална козметика, па автоматски и мене си ме вброила во групата на личности кои "се прават експерти на тема козметика и шминка а не сум".
@nadelinka Пудра Импала не, меѓутоа Фран си употребува кармини Импала и Голден Роуз и за тоа сум била сведок и јас. Кога веќе остатокот од шминката е со хајенд козметика, мене многу неприкладно ми е некој да ми стави Импала или ГР кармин. Таков можам да си ставам и дома. Плаќам за да добијам нешто поквалитетно, па макар било и Клиник или Есте Лаудер.
Веројатно Китен мисли на MUD и други брендови што нудат airbrushing. Тоа не си купуваме за лична употреба, а амбалажата на производите е минијатурна и непрепознатлива, барем за нас тука. Aма далеку од тоа дека се’ во колекцијата би и’ било од непрепознатливи а квалитетни брендови, а купила Мек само поради снобовите. Си имаат професионалците и Шанел, Есте, Армани, Мек, и нормално е да очекуваме да видиме нешто од бренд што го препознаваме. Ребека, имаше интересен случај другарка ми. Не кажа дека е невеста, па си бараше обична шминка. Типкава "познала дека е невеста" бидејќи имала цвет во косата, а немаше ништо невестинско во фризурата. И’ наплати повеќе и ја прсна со фиксатор на крај. Јас не би платила плус во тој случај, па кај сака нека ме кажува утре глупачката. Ама ако видам дека вистински професионално работи и го дава тоа што го барам за невестинска шминка, би платила повеќе.
Пак ќе кажам, незнам. Ти го разбирам муабетов Бриџет, но јас не пробувам да ја изрекламирам другаркава. Само споделувам дел од нејзиното работно искуство со муштерии. И не верувам дека е мистериозна шминкава, знам дека во денешно време се' може да се најде на интернет. Но има разлика од непознат бренд на обична козметика кој не се продава тука, и непознат бренд на професионална козметика кој го зимаат шминкерите. Обичните потрошувачи си се обични потрошувачи и не секогаш можат да го знаат квалитетот на секој производ. А кога некој професионално се бави со тоа и се надградува, собира искуства и соработува со други шминкери, не можеме да се правиме покомпетентни.
Не знaеш ни ти ни јaс и искренo не требa дa не зaнимa oти oдиш нели кaј прoфесиoнaлец нa кoј му плaќaш и пoвеќе oткoлку штo требa и нoрмaлнo е дa oчекувaш и квaлитет и техникa нa шминкaње. Амa, прoширени се квaзи прoфесиoнaлци кoи бесрaмнo те шминкaaт сo пaзaрски шминки зa висoки цени, пa вo тaквa ситуaцијa ќе бaрaм дa ми кaжaт сo кoи прoизвoди ќе ме шминкaaт и пред дa седнaм ќе oтвoрaм нa нет дa се инфoрмирaм, дoтaму е дoјденo сo глупирaњевo и глумењевo прoфесиoнaлци.
@LivingGlam Кога веќе фативме муабет за професионални шминкери од странство, клиентката најчесто добива и кармин, секако промотивно пакување, поправање на шминката итн, па затоа и цените се високи. А тоа кај нас го нема, барем не во салоните кои имаат попристапни цени. Доколку некоја невеста има искуство со шминкери кои кај нас наплаќаат по 200 евра, нека каже. Ама јас да давам толку пари за шминка а да не добијам никаков дополнитен третман со образложение дека "шминката нема да мрдне", не доаѓа во предвид. Сум била на целодневна свадба во сред лето со шминка за обични гости и шминката не ми мрднала, а не сум платила некоја вртоглава сума. Затоа и не гледам причина зошто се прави толкава галама околу невестинската шминка па можам слободно да кажам дека кај нас салоните печалат на невестите. Поимот професионализам кај нас е силуван, во буквална смисла на зборот.
Да, и обично одат да ја шминкаат дома или во хотел, а ако правиме муабет за ептен висока цена, тогаш остануваат и за корекции во текот на свеченоста. Па луксузот се наплаќа, затоа што шминкерот не може да заработи на други во тоа време и си наплаќа на час. Праша зошто невестинска шминка чини повеќе - ти кажав во кој случај е оправдано. До техниката и услугата е, ако зборуваме за правила. За кај нас, јасно ми е како функционира и воопшто не е оправдано. Сами сме си криви, од она - ај не ќе се расправам, денот не е таков па нека му биде - сите си страдаме. Јас зборував за правилна невестинска шминка, која бара многу повеќе време и труд и вклучува дополнителни услуги, па со тоа си ја оправдува цената. Барем да знаеме што да бараме за повисока цена. Претходно те сфатив дека мислиш дека нема разлика, освен во консултациите, па тоа се обидував да го објаснам - и техниката е различна.
За ова се сложувам со секој збор. Затоа се оди на проверено место, и не прифаќам од било кој препорака.
Не знам како одат уште кај Дадар, по слики што гледам иста му е шминката за сите, и за матурантки и за невести и за куми, само сенка и кармин менувадома ќе се нашминкам така.Фран не се лоши за шминка, ама фризура нека не ве тера ѓавол да правите таму, на другарка за матура локните и паднаа за еден саат, Фиторе и Арменд се веќе професионалци спрема овие, ама затоа 100 евра од старт, за невеста сигурно дупло, кај Ена се шминкав за матура, појма немам што шминки користеше ама не ми мрдна ништо до сабајлето (ни кармин) и точно тоа што го нагласив ко добив, само што е иза богу леџа и поскапела годинава
Нема да расправам со тебе. Ние нудиме, ваше е дали ќе одите на шминкер или не, како и секоја друга услуга. Инаку не заобиколувам, туку не го сфатив како директно прашање. Лично јас користам брендови од рангот на gr до тој на kryolan, estee, Нема да расправам дали е исто старосватица и невеста и сл. Мене ми е без врска да се убедувам. Тоа е понуда од шминкерите, а ваше е дали ќе закажете или не. Ваши пари- ваша одлука. И не, не го избегнувам прашањето, туку го сфатов како општо, а не директно. Јас лично кпристам козметика од понизок ранг пример gr, manhattan и сл. и од повисок пример estee, inglot, mac, kryolan и сл.и се измеѓу. И уште еднаш велам, јас знам ама апсолутно ми е небитен фактот што и ти ја имаш истата козметика. Уште еднаш велам дали ќе користиш професионална услуга е твој избор. Јас имам отворена понуда, ништо прикриено. Е сега за другиве што коментирале дека со иста козметика шминкале невеста и гостинка- кога се во прашање толку пари, се проверува пред да се закаже со која козметика работи шминкерот, барем моите муштерии пред да закажат дури и детално прашуваат за квалитетот и се останато, а и јас порано кога сум се шминкала сум прашувала. А за тоа дека сакаш квалитетно да бидеш нашминкана секако, секој муштерија треба да е задоволен и да ти се врати, од мене до сега фала му на Бога никој не се пожалил, напротив, рабптата ми оди.
@LivingGlam Тоа и ми е муабетот, разлика има, но не и кај нас, барем не во салоните во кои јас сум била а се достапни за најголем дел од невестите. Затоа и прашав, оние невести кои имаат искуство да кажат, јер 200 евра за истиот третман како оној од 50 евра - повторно е грабеж и јас никогаш не би платила таков "професионализам". Јас останувам до тоа дека техниката не треба да биде исклучиво за невести, туку за сите клиентки кои сакаат друг вид на услуга. Таа разлика невеста-обичен клиент мене ми пречи, без разлика во кој салон ќе отидам да ме шминкаат. Добивам впечаток дека само невестата треба да добие посебен третман, а останатите гости, и да сакаат, нема таква опција. @Emotional123 зошто мислиш дека се расправам? Јас прашав, ти ги заобиколи моите прашања, повторно. Ме интересира концизно да наведеш која козметика ја користиш за невести а која за обични клиенти. Еве кога веќе наведе дека користиш од-до, а тоа се огромни разлики во суми, која е логиката да наплатиш само 200 денари повеќе? Manhattan пудра е околу 500-700 денари, така? Estee пудра е 3000 денари, така? Одиме понатаму, голден роуз кармин е 150 денари, mac кармин е 1000 денари, така? Според самите цени на производите кои рече дека ги користиш, јас не можам да сфатам зошто разликата е само 200 денари. Да дополнам, ти не кажа точно кој производ од кој бренд го користиш, примерот погоре го наведов ориентациони, да можам да сумирам дека нема логика.
Ама не, не е иста шминката за другите и шминката на невестата. Ако се шминкаш за настан (прајме муабет за професионалци од рангот на Charlotte Tilbury на пример), ќе употреби најквалитетна козметика, ама ќе те нашминка за 40 минути. Пак ќе трае и ќе е преубаво, ама ќе е друг начин на шминкање. Невестата добива друг третман, често и маски за лице. И друга цена. На ревии на пример, наплаќа на час и поминува повеќе жени за тој час, ама и пристапот е поинаков и може брзо да работи. Фото сесии, друг пристап. Невестинската шминка изгледа наједноставно а бара најмногу труд, и оттука е цената. Ти ако сакаш невестинска шминка за обичен настан, можеш да си платиш за таква, слободно. Различно е многу, ама за жал за нас неразбирливо зашто не се дава, а и не се бара тоа. На Шарлот би и’ платила плус и би ја видела разликата од невестинската до обичната шминка. @Emotional123, шо ќе ти е Голден Роуз и Менхетен? Ај не зезај. Ако сакаш да се бавиш професионално со нешто, прво односот кон тоа треба да ти е професионален. Друго, тој Крајолан има зезнато многу невести кај нас. Ко тортиња во фаците. Пудрите се тешки и се наменети за сценска шминка.
Изгледа дека само мене Фросина во Фран ми стави Импала на лицето,дури ми рече дека е многу добра пудра.Инаку во Фран има разлика за невестинска и обична,
@LivingGlam разбирам јас дека има разлика од еден до друг начин на шминкање, но зошто таа понуда важи само за невести? Еве можеби некоја клиентка сака да добие ист третман како невеста, а поводот да не е венчавка. Не се согласувам дека невестинска шминка изгледа наједноставно, зависи од вкусот на невестата, јас не би сакала да бидам едноставно нашминкана, туку би сакала нешто моќно. Значи разлика од обичен клиент до невеста има, а нема реална потреба за тоа. А истото би се случило и кога би ме шминкала Селма, Самер или девојката во салонот кај што најчесто одам.
Za muabetot okolu Fran..shto tuku izgledav del od emisijata "zivot so stil" koja shto gostuvashe Kristina Arnaudova..Tokmu taa Se sminkashe tamu,ona shto go zaprimetiv vo Fran (lichno gospozata Frosina ja shminkashe) ne koristat "disposable " raboti (chetkichi za nanesuvanje na maskara,chetkichki za techen karmin i itn)koi bi bile nameneti posebno za sekoj klient..katastrofa..site chetki taka ostaveni brashini I bakterii da Se lepat na niv ..Ushte Si Se chudam deka na klientive mnogu mnogu Ne Gi zasega toa higienata..zamislete nekoj da ima konjuktivis ili herpes Site se buntuvaat zoshto shminkerite naplatuvale za nevestinska shminka,ama nikoj Ne Se buntuva za nevestinska frizura
Искрено не знам како е во Скопје но во Битола никој не дава повеќе од 2000 за шминка(има исклучоци) , професионална или не. Кој стигнал или изгледал неколку видеа одма станува професионалец. А од кој ранг е козметиката треба да е и цената, али тоа не важи кај нас. Значи се согласувам дека секој зс свои пари си го прави изборот. Најважна е подлогата, т.е. пудрата, за сенки и кармини може да се комбинира козметика од средна класа (ревлон, лореал, боржуа…) Јас сум одела и по дома, и сум давала и кармин за цел ден, иако не може да се наплати услугата соодветно. Почнав пред 4 години исклучиво со скапа козметика (мак, есте, makeupforever, креолан…) и со смешни цени…. Никако не излегував на крај, сега комбинирам во остатокот од шминките освен во пудрите. Всушност сакам да кажам дека ако веќе плаќаш 3000ден и нагоре, мора да биде совршено, и комплетна услуга. Невестинска шминка , всушност бара повеќе внимание,(повеќе ласкање) а не се согласувам дека треба да е подобра од онаа на останатите гости затоа и цените треба да се исти. Кај нас се шминкаме само за посебни пригоди и шминката треба да трае како на Невестата така и на гостите, па ретко кој оди на шминкер за излегување или вечера, од тој аспект треба иста цена за ист третман. За хигиената не навлегувам секој треба да знае, и да одбере во соодност со она што го плаќа. Па како бе оние шти шминкаат за 400 ден. различни четки, не дека оние што наплаќаат 3000 ги менуваат, ама затоа има др. начини.
Имам коментар на последната реченица. Се имам шминкано кај Арменд за 100 евра , но и во друг козметички салон за 500-800 денари. Арменд четките после секоја девојка ги мие, и секако има за секоја друг пар четки нормално. Има разлика , за Фиторе незнам иако воопшто не се трпи ..
За 100е , треба и да ги мие, може да си дозволи неколку комплети, муабетот ми беше дека за 500 ден шминка и пивеќе од 7 клиенти во еден ден, тешко дека ке може да си дозволи 10 комплети на професионална козметика и четки. Најдобрата варијанта е да се чистат четките меѓу клиентите на влажни марамици. Затоа и реков дека сите kлиенти треба претходно да се информирани што добиваат за парите. Иако на некои им е битна само цената.
Kako bre so maramici???Shto deka samo so eden set na chetki raspolaga!!! Fino lepo ke si gi izmie chetkite "normalno " pred da dojdat novi klienti..nekolku min ke fati mienjeto.. Navistina Ne mozam da sfatam kolku se gnasi..za pet min neshto shto ke gi fati niv, im pravat rizik na klientite..im vredi li