Небојша Пешевски, линк во спојлер. Спојлер https://www.facebook.com/Professional-Make-up-Artist-Nebojsha-Peshevski-159238494140800/ Кога има потреба од девојки за шминка, пишува објава на фејс. Е сега по кој критериум ги бира девојките - не знам. Едит, знае некој колку пари е шминка кај него? Обична, за невести?
Не сум сигурна ама мислам дека ми спомна некој над 6 000 денари или повеќесамо знам дека ненормална цена беше
Знаете ли за девојките што шминкаат во Сарај какви шминки користат и колку е трајна шминката? Од тоа што го видов на слики,убаво изгледа. Цените се и повеќе од пристојни. Се јавив кај Фиторе,нема слободен термин за датумот кога мене ми треба.
Кој има пари и не е така скапо. Ги гледам сликите и не можам да им најдам маана. Особено пред-и-потоа сликите - трансформацијата е неверојатна. Има талент овој дечко, не само што шминка добро, туку девојките не се шаблонски нашминкани, си игра со бои и контурите се совршени. Во Fitore невестински пакет е 200 евра а сигурно и кај Арменд е толку. И Шубревски се истакнува, па претпоставувам дека и кај него цената е таа.
Која е поентата да те нашминкаат каде сама себе не би се препознала? Сакам професионално шминкање, но убаво пишала една членка погоре ова е веќе маскирање.
Што се случува со денешниве шминкери јас не знам. Нема ниту еден шминкер во Македонија кој знае да нашминка онака суптилно нежно во стилот на Charlote Tilbury, Mia Connor, Hung Vanngo.. Се некои изгледи со пудра како цименто (стандард manhattan mat не смее да се изостави), сенки во 16 бои меѓу кои лилава, сина, тиркизна, црвена, златна и сето тоа заедно со алајнер до веѓи и трепки како лепези кои прават ураган Контурирани како со тула па и муцки нацртани 3 милиметри над линијата со некои виолетови кармини или пак омбре црно со црвено.. Одвратно. Искрено не знам како се бендисуваат девојките така, таква шминка изгледа како за маскембал буквално ја затвора природната убавина.. Па и кога ќе видам клаени пред и потоа, уште за да се пофалат се. За цените ни да не почнувам на тие самопрозвани "мејкап артисти". Ве читам 200 евра свадбена шминка јас без пари не би му дала да ме нашминка онака побрзо сама ќе ставам еден кармин и маскара и готово отколку да ме претворат во карикатура..
На фб барајте го Небојша Пешевски, па таму често пишува статуси: -Потребна е девојка за шминкање, утре во 11.00 час. Заинтересирани пишете инбокс....Или...Потребна е девојка за рубриката Пред-Потоа, заинтересирани инбокс. Па кој сака нека му пише, може ќе имате среќа да ви го измени личниот опис. Не знам дали е уметност или веќе преминува кон глупирање. Вродените црти на лице им ги менува со се ДНК...Не знам како би се појавиле тие девојки во јавност со таква шминка....Не дека е лоша, туку не личат на себе. Толку ли не си се задоволни од изгледот, па решиле од корен да се менуваат?
Не дај боже со ваква драстична промена на личен опис да запознаеш момче, другиот ден тотално разочарување ќе доживее
Цртање како на слика. Имаш лице, облик нацртан со молив (нашата природна убавина), земаш го премачкуваш со една боја (голем слој пудра) и црташ како тебе ти одговара. Траг од тебе на крај ни на повидок. Ова сценски шминки се, ама кој нема гајле од кич, нека изволи. Сакам добра шминка ама овие претерале.
Вистински добар шминкер го прави баш ова. Не секој има моќ да трансформира со шминка. Само треба да се разграничи каде треба, каде не. Доколку некој инсистира на ваква трансформ шминка зошто да не. Доколку пак еве ко јас на пример барам нежна и суптилна шминка исто треба да е спремен да направи да изгледам свежо дури и да станува збор за вечерна шминка. Не знам што толку ставате при срце. Па затоа е оваа рубрика пред и после, за да се покаже која разлика може да се направи само со шминка. Не значи дека секоја девојка која што ќе му отиде ќе направи да не личи на самата себе. Вакви before and after рубрики ги има и по емисии уште кога и баш се со ваква цел.
Среќа што не ја послушав сестра ми за Небојша. Кенза ми се врв. 1200, презадоволна. Не се којзнае што познати, но ги бива девојките. Знаат да истакнат што треба, а да сокријат маани. Т.е и сестра ми беше добра кај Небојша, се зависи од тоа што бараме ние. Ова погоре е претеризам.
Јас да ја препорачам девојката од Social Hair салонот кај влада.... Не знам како се вика бидејќи јас бев за шминка и фризура таму.
Во Топанско после Црквата Св.Никола десно. Кај Небојша е доста поскапо. Не знам точно сега цена, порано не беше толку популарен.
Па јас тогаш за двете услуги платив 1500 ама бев со групер купон. Сега не се сеќавам колку беше попустот.... Отвори на фб, имаат страна да си видиш што прават. Имаш и број да се јавиш да прашаш.