Ќе искочи дека цело време им правам анти реклама, ама ако си невеста, јас не би им ја доверила шминката и фризурата на тој ден. Каснат, неодговорни се многу, закажуваат милион девојки во исто време... ова е искуство на неколку невести што ги познавам. Една дури после 3 часа чекање си замина без фризура. Можеби некој има убаво искуство, само јас не сум слушнала.
И јас исто не сум слушнала убаво искуство за нив. Мои познати чекале со саати, па и каснеле на свадба поради нивната неодговорност.
Јас задоволна и со нормални цени сум од Студио Мина од Чаир 1000 ден шминка и фризура.Арт студио Дети исто Чаир 1200 шминка и фризура,Дадар невестински пакет 6000 денари кој не вреди,Ивана Атанасовска топ шминка 1500 денари,Владимир Трајковски супер шминка 1500 денар меѓутоа секогаш касни,Фран 1500 шминка задоволна
После ореов лад право по главната улица од лева страна има џамија, гага е после џамијата. А спроти гага има некој сервис мислам за алуминиумски прозори е
Еве ти сликовит приказ, симни се веднаш после ореов лад и продолжи само право. Помини ја џамијата и од твоја десна страна ке е сервисот за прозори а гага карши него.Нема шанси да утнеш се е на главната улица Се надевам ме сфати
неколку пати се имам правено задоволна сум иако последниов пат премногу пудра ми стави девојката. А косата идентична како од слика ми ја направија. Така да најубаво со идеја оди си и напоменувај им што сакаш
Не можам да те контактирам, ме интересираше дали имаш завршено курс некаде која козметика ја користиш и која е цената со и без клепки?
Здраво женски. Ќе може ли да ми препорачате некој мејк ап артист со цена до 1500 денари, а сепак да шминка убаво Бев кај Небојша и воопшто не сум задоволна, а цената беше прилично солена за тоа што го добив.Сакам шминка со контури и нагласени очи така да добро би ми дошла препорака од некоја која веќе се шминкала на овој начин некаде. Ви благодарам.
Ako Nebojsha ne e dobar makeup artist,neznam koj drug vo Makedonijava bi se klasificiral kako profesionalen makeup artist!!!
Можеби е добар, никаде не го негирав тоа но јас не бев задоволна за тоа што го платив. Затоа побарав препораки Која цена е шминка во Гага? Пишав на фб но уште немам одговор
Обична шминка + фризура во Гага е 600 ден за трепки ако сакаш се доплаќа +300 ден. Јави се директно на бр ако сакаш да закажеш нема да ти одговорат на фб а и да ти одговорат одговорот ќе биде да се јавиш да се договорите Поздрав